Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Свет без граници

21.12.2010
Кога во светот ќе завладее мир – светот ќе го снема...Бидејќи "свет" (олам) значи "скриеност" – а тој веќе нема да постои, сите ќе се кренат кон чувствувањето на светот на Бесконечноста. Нашето денешно чувствување на реалноста ќе го снема. Но сè додека се наоѓаме во процесот на поправка и чувствуваме дека се наоѓаме во "светот", во скривањето, во непоправената сегашност, до тогаш ќе остане разликата во нивото на животот на луѓето.

Бидејќи нашиот свет е проекција на Вишиот свет. Според мера на тоа колку ние ќе предизвикуваме поправки во Вишиот Свет, спојувања со Светлината (зивугим) – соодветно на тоа и во овој свет ќе се чувствуваат последиците: страдања или радост.

Ако во светот Ацилут предизвикуваме само позитивни процеси, само разјаснувања и процесот на поправка ќе се движи како навиен часовник, тогаш и во нашиот свет ние ќе се чувствуваме исто така добро. Но ние сè уште не сме ја завршиле поправката и затоа овој свет сè уште постои во нашата перцепција, и сите негови делови не се еднакви.

А кога во светот ќе завладее мир, јас мислам дека човекот нема веќе да чувствува таква зависност од местото на живеење. Светот ќе стане толку обединет, сите во една мисла, дополнувајќи се меѓусебно, што секој ќе може да најде место кое најмногу му одговата според Вишите духовни сили кои дејствуваат врз различните делови на земјината топка. Бидејќи земјината топка – е последица од влијанието на Вишите сили. Јас одеднаш ќе почувствувам кое место за мене е најдобро и ќе одам таму да живеам, затоа што тоа точно ќе одговара на коренот на мојата душа согласно на духовната географија.

Во времето, движењето и просторот јас ќе ги извршувам само дејствата на кои мè обврзува Вишата сила, која управува со мојата поправка. Тоа се нарекува мир и совршенство. Кога ќе се доближиме до духовната поправка, веќе нема да ни требаат никакви војни за некои територии! Секој ќе почувствува каде му е удобно и добро да се наоѓа! Сите граници ќе исчезнат и човекот ќе живее согласно со коренот на својата душа како електрон во електричното поле кој се стреми кон местото на својата рамнотежа. 

Во очекување на операцијата на отворено срце

Дали е возможно да се достигне мир во нашиот свет, во Вишите светови?

"Мир" значи апсолутна комплетност, совршенство", а не таков кога ми се чини дека е добро за после еден миг повторно да сум незадоволен. Ако веќе е совршенство – тогаш е тоа засекогаш.

Дали е возможно да се дојде до такво нешто, дали е тоа програмирано во Природата, или тоа се само мои неостварливи соништа и никогаш нема да ми биде добро? И ако мирот во светот е можен, тогаш како до него да се дојде?!

Ние гледаме, дека ситуацијата во целиот свет станува се посложена. Се чини дека човештвото ги има сите можности да се развива кон доброто, но тој се лизга во провалија и никако не може да си најде правилен пат. Човекот само се вовлекува себеси во сè поголеми проблеми. Сите умеат убаво и умно да расудуваат, но всушност излегува дека ние не можеме да дојдеме до било какви добри резултати – ниту генерално, ниту во конкретниот случај. Зошто тогаш Природата цело време нè става во положба спротивна на мирот и совршенството? И ако сепак ни е судено на крај да го достигнеме, како тоа да го направиме?

За сето ова Баал ХаСулам пишува во неговата статија "Мир во светот" која сега почнуваме да ја читаме. Не може да има мир во светот сè додека некаде постојат луѓе кои со нешто се незадоволни – тоа е веќе недостаток на совршенство. Светот се развива секој ден, станува сè повеќе интегрален систем во кој сите делови се поврзани еден со друг како запчаници. Ниеден нема слобода да се заврти ниту за милиметар на страна во било каква смисла: во својата желба, мисла, дејство – без да повлијае со тоа врз сите други.

Затоа во светот не може да има мир и совршенство ако постои барем еден незадоволен човек, кој не се согласува дека оваа состојба е совршена. Тоа е закон на интегралниот систем. Сите сме поврзани како органи на едно тело, и ако барем еден орган е заболен – тоа се чувствува во целиот организам. Од друга страна пак, напредувањето кон мирот е постепен процес чекор по чекор, и во однос на целиот свет и во однос на некој негов дел.

Денешниот свет е како пациент, кој лежи на операционата маса пред операција на отворено срце, и сигурно дека лекарот сè уште нема да обрне внимание на некој трн во ногата. Затоа поправката на светот ќе се одвива постепено.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica