Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Свет на нашите намери

28.12.2010

Целата наука кабала говори само за дејствата на давање кои се реализираат во нашата меѓусебна поврзаност. Бидејќи целокупната реалност престојува во давање, освен овој свет кој се појавува пред нас во спротивната особина, каде што секој прима колку што може за себе. Во овој стремеж на "апсорбирање во себе" ние ја чувствуваме нашата реалност.

Замислете си мали желби небаре расфрлани по површина. Ако секоја од нив има намера колку што може повеќе да заработи за другите, тие создаваат таква меѓусебна поврзаност која се нарекува "овој свет" во сите облици на неговата материја. И тогаш луѓето меѓусебно се соединуваат според хиерархијата, стапуваат во брак, раѓаат деца, се обединуваат – се согласно со нивната намера да се насладуваат од другите. Така тие меѓусебно се средуваат. И тоа се нарекува "нашиот свет", "оваа реалност", на сите нивоа – неживото, растителното, животинското и човечкото.

Ние ги гледаме другите како блиски или како далечни, зависиме од нив повеќе или помалку, но сето тоа е согласно на нашата намера за насладување. Ние самите ја градиме оваа реалност – со своите намери да се насладуваме од сето што постои. Но ако меѓу нас се најде човек кој ќе рече "Не! Јас не сакам да се однесувам кон другите со намера за примање, туку со намера за давање", - тој ќе го почувствува својот нов однос кон истата реалност како духовен свет. За тоа е речено: "Го видел спротивниот свет".

Сè зависи од намерата. Да се премине од намерата "поради себе" кон намерата за давање значи да се помине махсомот. Во таа намера за давање постојат 125 скалила – сè додека не ја достигнеме совршената намера, апсолутното давање. Реалноста која сега ја воспримаме во намерата поради себе – тоа е замислена реалност. Таа ни е дадена само за да преминеме од неа и понатаму кон вистинското воспримање на реалноста.

Намерно ни е даден егоистичкиот однос кон другите за од него па понатаму да почнеме да работиме врз себе, да преминеме кон особината на давање и по 125-те скалила се повеќе да ја откриваме нашата меѓусебна поврзаност, т.е. да се искачуваме по скалилата на световите. Да се почувствува овој или оној свет – зависи само од нашата намера.

Душата нема возраст

Прашање: Каква можност има детето да се приклучи во вашиот образовен систем?

Детето ќе се приклучи кон таа "средина на постоењето" преку интернет, на разбирлив за него јазик и во соодветна за него форма. Потребно е прво да се охрабрат децата да се насочат во тој систем и тие ќе се поврзат со другите деца од целиот свет и во него ќе се чувствуваат добро и ќе напредуваат. Мислам дека веднаш ќе има забележителни резултати. Веќе после неколку недели ќе почувствувате дека детето се менува. Обидете се да позборувате со него и ќе забележите колку созреало, станало помудро и почнало да одговара на прашањата како возрасен, поинаку да се однесува кон комплетниот живот.

Ние треба да се однесуваме со детето како со возрасен! Душата нема возраст! Проблемот е дека ние гугаме со децата и ги расипуваме. Детето не сака со него да се однесуваме така – тоа сака да биде исто како и ние! Треба само да се земе предвид дека физички е помало и послабо од нас. Меѓутоа внатре – тоа е апсолутно возрасно и големо.

Треба да се однесуваме со него и да зборуваме како со возрасен – сериозно објаснувајќи, советувајќи се и слушајќи го неговото мислење, како на возрасен човек. Ќе забележите колку децата тоа добро го примаат и го сакаат. Да бидат возрасни за нив е интересна игра.

Не смееме ние, возрасните наместо тоа да се спуштаме до нивното ниво и да играме како да сме деца – тоа не е правилно! Не играат тие, туку ние!

Тоа е многу важен принцип на воспитување – да се однесуваш со децата како со возрасни. Не гледајте што тоа изгледа како мало дете – така изгледа само физичкото тело. А од тоа детско тело ве гледат очи на возрасен човек кој внимателно ве следи и се разбира!

Да се смета за дете е грешка, која се протега кај човекот уште од античко време, проследена со сите видови на бајки, кои проповедаат фетишизам и секакви суеверија. Сето тоа треба да се исфрли. Ние се разликуваме од детето само на животинското ниво – но ако ние се поврзуваме на нивото на човекот во нас, тогаш треба со сите да комуницираме како со еднакви на нас. Детето е наш рамноправен партнер во создавањето на оваа нова метода на образование, и треба со него отворено да се зборува за сè и да се бара од него целосно учество.

Нека децата седат на собирите заедно со возрасните и нека учествуваат во сите дискусии, во изградбата на програмата – немаме ништо да криеме од нив. Токму со тоа тие ќе пораснат. Тие не сакаат да добиваат од нас сè подготвено – тие сакаат самите свесно да го реализираат тоа уште од почеток. Ништо не треба да се крие од детето – тоа не е дете! Треба да се однесуваме со него како апсолутно еднакво на нас.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica