30.12.2010
Прашање: Што значи да се почувствува Светлината?
Да се почувствува Светлината – значи да се почувствува насладување. Во вој свет јас можам да се насладувам со разни нешта кои ми се пријатни или непријатни, зависно од расположението. Некогаш ми е пријатно да лежам во постела и не ми се станува да одам на часот, додека друг пат кога сакам да станам од постела ми велат: "Не, ти мораш да лежиш уште цела недела додека не оздравиш." Односно тоа не е апсолутно насладување, исто како и сладост, мекост, топлина – сите се ограничени, условни поими. Понекогаш тие предизвикуваат насладување, а понекогаш сосема спротивно чувство.
Вкупното насладување кое го чувствуваме во нашата заедничка желба за насладување се нарекува "Светлина". Затоа што Светлината која изворно постоела ја создала нашата желба/сад и сега таа желба се насладува кога Светлината ја наполнува и се открива во неа! Така ние функционираме! И затоа, кога Светлината ја напушта желбата, таа плаче и сака да ја врати назад. Така функционира целата творба.
Но Создателот сакал ти самиот да ја посакаш Светлината, а не само едноставно да ја примиш и да се насладиш. Тој сака освен насладувањето да имаш разбирање, осознавање на Светлината: од каде таа доаѓа, каде е нејзиниот извор, зошто те создала ваков и што бара од тебе? Светлината како да сака да ти покаже: гледај од каква далечна ѕвезда сум дојдена, таму е толку чудесно и добро, ќе те земам таму со мене! И затоа таа се крие од тебе и преку секакви посредни дејства го привлекува твоето внимание од сите страни се додека ти не посакаш наместо насладувањето кое таа може да ти го даде, и воопшто и покрај сите насладувања, да го дознаеш нејзиниот извор, од кој е дојдена.
Таа сака да те земе кај неа дома! За да не се смириш со тоа дека едноставно си се наполнил со Светлина. Бидејќи ако посакаш да одиш кај неа, во нејзиниот "дом" – тоа значи дека ја сакаш, а не само да сакаш да примаш наполнувања од неа.Ти мораш така да ја засакаш за да бидеш подготвен да леташ со неа таму, кон "таа ѕвезда" од каде е дојдена – само за да бидеш со неа и да не се разделуваш од неа. Без оглед на тоа дека притоа ти сосема се исклучуваш од насладувањето, покажувајќи со тоа колку ја сакаш.
Да научиме да бидеме возрасни
Прашање: Ако Светлината е апсолутно, тотално насладување, тогаш јас сум заинтересиран да се запознаам со неа поблиску. Како тоа да го сторам? Изгледа таа доаѓала да ме викне кај себе, но јас не сум забележал...
Ти треба да одлучиш кого одбираш: Светлината или насладувањето кое таа го дава. Ако го одбираш насладувањето – ништо нема да излезе. Само во почеток Светлината те расте со помош на насладувањето за да пораснеш и станеш голем.
Исто како кога ние ги растеме децата во нашиот живот.. Децата добиваат сè готово и растат сè додека не достигнат зрела возраст, и тогаш им велат: стоп, отсега понатаму ти си веќе возрасен. Тој може да вика дека сака да остане дете и понатаму да добива бомбони, но ништо нема да му помогне. Ако си пораснал, треба да одиш во армијата и да работиш, мораш да бидеш возрасен. Што значи да бидеш возрасен?
Возрасниот не смее да трча по насладувањето, тој мора да се стреми кон давањето! Живееш во општество и мораш да даваш на сите други: да одиш на работа, да им носиш корист на другите, и тогаш ќе добиеш право да постоиш. Истото е во духовниот свет! Возрасниот човек не трча за едноставно да добие задоволство – тој се стреми да достигне висока и голема цел во неговиот живот.
Да се биде возрасен – значи да се дава, да се работи, но не поради насладување, туку поради неговиот Извор. Такво залагање бара од нас Светлината. Тогаш ние воспоставуваме врска со самата Светлина, а не само со тоа што од неа го примаме. Затоа сега ние навлегуваме во нова ера, кога Светлината престанува да ни дава насладувања – во општ обем, на целото човештво. Таа престанува да ни ветува дека ни претстојат пријатни нешта и ние веќе не трчаме во очекување да добиеме некакво насладување. Ништо веќе не нè привлекува во иднината.
Сега нема излез, ќе треба да преминеме на нова парадигма: не во потера по насладувањето, туку по Изворот на насладувањето. Ако пак не го сакаме тоа, ќе биде уште полошо... Светлината сепак ќе нè принуди тоа да го сториме, скратувајќи ни ја можноста да се насладуваме. Тогаш ќе почнеме да прашуваме: "Зошто така се случува? Во што е смислата на мојот живот? Зошто наеднаш го снема насладувањето? Што да се прави?!
Веќе не прашуваш за насладувањето, туку за неговиот Извор: "Зошто престанало насладувањето? Што се случило со неговиот Извор? Од каде тоа доаѓало?" Така ние напредуваме. Додека добиваме насладување, не прашуваме за ништо. Но ако јас не добивам насладување во сегашноста и не го очекувам во иднината, тоа е веќе проблем – јас барам од каде тоа требало да дојде?! Зошто не дошло, што се случило таму? И тука се испоставува дека ако сакам да дојдам до насладување, морам да се приближам до неговиот Извор. А да се приближам – значи да си променам желбите во желби за давање.