Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Светлината на идната состојба

 

12.07.2010


Прашање: Ако решимо – тоа е нова состојба, нова желба која ни е дадена одозгора, како тогаш намерата може да ја промени таа состојба?


Наоѓајки се во сегашната состојба, јас чувствувам, дека можам да ја променам. Таа потреба да се промени своето воспримање на светот, предизвикува кај мене решимо – информациски податок за идната состојба. Тој ја содржи во себе целата идна состојба, оставајки ми ја само можноста да ја реализирам во особината на давање или примање. Зошто јас чувствувам дека имам можност да ја достигнам следната состојба? – Затоа што кај мене постои решимо де-итлабшут ( информација за светлината) и решимо де-авијут ( информација за желбата). Решимо де-итлабшут – е повисоко, за следната состојба отколку решимо де-авијут: 4/3, 3/2, 2/1, 1/0. Кај мене секогаш постои дел од следната состојба, и на сметка на тој дел јас можам да ја реализирам ( да и се приближам). Така јас ги достигнувам промените.


Целиот свет – е внатре во решимо


Ние ја чувствуваме реалноста, ако две сили доаѓаат одозгора и делуваат на нешто заедничко меѓу нив. Ако тие можат да го активираат решимо ( информациската белешка), да го откријат во нас, тогаш тие влегуваат во него – и од решимо се создава слика на светот, мојата состојба – и тогаш јас ја чувствувам. Ако пак тие не се способни да го достигнат решимо, за да го активираат, и не го иницираат, - јас не ја чувствувам реалноста, таа за мене не постои.
Целото мое постоење, целата слика на светот, секоја состојба, во која јас се чувствувам себеси и опкружувачкиот свет, - тоа е решимо, кое се активира на сметка на тие две сили – десната и левата, на примање и давање. Јас пак, како робот, во себе ја чувствувам веќе реализацијата на решимо. Ако тие две сили сами од себе го активираат решимо – тоа значи дека јас се наоѓам во овој свет, каде што со мене управуваат како со животно, и кај мене не постои никаква слобода на избор.

Така поминуваат сите мои животни циклуси, целата моја историја, целиот наш развиток во овој свет. Овие две сили цело време делуваат на решимот, покажувајки ни кадар по кадар од овој филм на животот. Но постепенно ми станува се потешко и потешко, од мене веќе бараат јас самиот да го активирам решимо со помош на тие две сили, за јас да станам тука средна линија, да го додадам својот однос кон делувањето на двете сили врз решимо. И тогаш од мене зависи каква јас ќе ја увидам својата состојба, целиот свет. А во светот јас сакам да увидам само една промена – присутството на Создателот, силата на давање и љубов. Така јас го реализирам решимо – веќе со своето учество и со откривањето на Создателот – во мера на мојата желба да Го привлечам Него во мојот свет.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica