Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Светлината на Ханука во твоето срце

01.12.2010
Од писмото на Рабаш: "Познато е, дека свеќите не можат да горат, додека не се исполнат три услови: 1) свеќа – сад, во кој се налева масло 2) масло 3) фитил.


И кога овие три услови се соединуваат заедно – можеме да се радуваме на светлината која се роди од нив".


Трите услови неопходни за светлината, ја одразуваат нашата градба. Ние се состоиме од желба за насладување, која делува егоистично. И кога го гледаме светот, забележуваме, дека е полн со страдања и проблеми. Никој не постапува чесно, сите си штетат еден на друг, и јас се прашувам, зошто Создателот (ако Тој воопшто постои) создаде толку лош свет – јас би го направил подобро од Него! Т.е. јас гледам преку својата зла, егоистична желба, и затоа забележувам наоколу зло.

Но ако почнувам да ја совладувам својата заблуда и помислувам, дека Создателот е добар и прави се добро, а јас го чувствувам злото само поради тоа што самиот сум лош, тогаш сите овие мисли и желби се соочуваат во мене во противречност. Тоа се нарекува "фитил" ("птила"), бидејќи јас дознавам, каде се "отпадоците" ("псолет") на мојата желба, и што во неа е лошо. Желбата е сад, внатре во неа има "фитил", кој се раѓа од конфронтацијата со желбата. И тие разјаснувања ("бирурим") генерираат "гориво" ("беирут") т.е. масло – светлината Хохма.


Овие три компоненти се исто така присутни во човечката душа, која сака да се разбере себеси и да се запали како свеќа, а и во обичната свеќа – симболот на оваа душа. Садот – желба по природа е егоистична, "поради себе, бидејќи таков сум се родил. Со помош на часовите по кабала, во групата, јас создавам "фитил", кој може да се запали – затоа што почнувам да се спротивставувам и да разјаснувам, кој е Создателот и кој сум јас самиот. А "маслото" е последица, бидејќи таа состојба генерира "гориво". Јас водам борба: сакам да постигнам давање и не сум за тоа способен. Јас се стремам напред, но природата не влече назад, Фараонот не ми дава да се оттргнам од неговата власт. Но така јас се дознавам себеси и Создателот, и преку јајив систем јас можам да бидам поврзан со Него.


" A после тоа надминување човекот ја добива светлиnaта на Создателот, која му ја осветува душата и се нарекува светлина Ханука – т.е. откривање на вишото управување, кое носи добро на творбите."


"Прославување на чудото" Ханука


Кај мене секогаш постои некој однос кон тоа што се случува со мене, со опкружувањето, со роднините, со светот. Ако кон тој однос го додавам Созлдателот, тогаш се задлабочувам во разјаснувања: зошто, заради што, кој има корист од тоа и т.н. И тука се вклучувам во цела војна за секоја состојба!

Јас можам да ги разјаснувам "внатре во знаењето", што се нарекува "грчки" приод – т.е. согласно на својот разум, чувството, сфаќањето, на сите свои идеи. Или пак одам со верба "над знаењето" и ја барам силата на давањето, сакајќи да го согледам сето од нејзината гледна точка. Односно јас не сакам да примам во желбите, кои се пробудуваат во мене, знаење и наполнување, туку сакам со помош на тие желби да излезам од себеси – надвор, во другите, и таму да го примам целото знаење и наполнување – со верба над знаењето, во келим на давањето. Наполнувањето, кое можам да го примам во себе, се нарекува "овој свет".


Тоа што можам да го примам надвор, излегувајќи од себе, се нарекува виш свет. И јас се борам за тој приод, на кој сакам да се придржувам – тоа се нарекува војна на Макавеите со грците. "Грци" – е едноставно симбол на целокупното рационално размислување, кое постои во светот: човековиот разум, научниот приод.

А "Макавеи" – се` над тоа, затоа што ја олицетворуваат работата на првосвештениците, коени, кои се однесуваат само кон давањето. Човекот мора постојано да ја води оваа борба, се додека не се издигне над полето на борбата. Во таа војна ти засега имаш "извидници" кои ги праќаш на "пазар", т.е. во местото (желбата), каде царува "полиархија".

Бидејќи меѓу твоите мисли и желби се уште има такви, со кои владеат "повеќето", наведнувајќи ги те на една те на друга страна поради својот егоизам. Се додека во сите твои желби не се воспостави само една власт! Тоа значи, дека ти го напушташ "пазарот" и влегуваш во својот "дом". Самиот пазар се претвора во дом, "извидниците" го напуштаат, како што е речено: "Се додека последната нога не го напушти пазарот".И ти остануваш насамо со Создателот, во спојување, заедно, во твојата желба/домот.

Во духовниот свет ние не се спреместуваме од место на место, - постои само едно место/ желба. Но ти го менуваш и го градиш, менувајќи го својот однос така, што од "чаршиски пазар", тоа станува "дом", во кој ти запалуваш свеќа, "прославувајќи го чудото" (пирсума де-ниса).

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica