12.10.2010
Од страна на Создателот светот е создаден со особината на милост (Хесед), совршеното давање. И како отпечаток од неа, создадена е особината на суштеството – примањето. За да му се даде на суштеството, човекот, можност да биде независен, треба тој да се создаде без никаква одредена особина. Како е тоа можно? Со таа цел Создателот ја подготвил за човекот посебната состојба – место/желба – бидејки човекот живее во својата желба. Во чувствувањето на човекот таа желба се состои од примање и давање. Развивајки се, тој постепено ќе добие можност да избира помеѓу нив, и тогаш ќе види, дека неговиот избор е ниту во тоа, ниту во другото, туку во правилното искористување на тие две особини, добиени од Создателот, поради Создателот. Човекот учи да ги користи нив две подеднакво и да не ја анулира особината на примање. Бидејки тоа е – тој самиот, и неопходно му е да остане самостојна творба, која стои пред Создателот. Инаку, не добивајки од Создателот насладување, човекот нема да му донесе Нему задоволство. Само примајки ние можеме да го извршуваме давањето на Создателот. Затоа човекот правилно ги користи двете сили, ја исправува својата желба да прима, со намерата поради давање. Како последица, особината на милост, давањето, превладува над особината на примањето. Бидејки во зависност од тоа, како човекот го исправува својот "материјал", желбата за насладувања, тој може да да ја искористи поради давање. Како резултат, двете особини делуваат во човекот како една целина, и тој доаѓа до совршеното давање (вербата). Во текот на целиот пат човекот секојпат, во секоја состојба, на секое скалило, правилно ги комбинира особините на примањето и давањето (милосрдието и судот). И затоа со милоста светот се создава и со милоста завршува, достигнувајки го целосното исправување.
Скалило на независната сличност
Во светот постојат само две особини. Опишувајки ја особината на давање, ние употребуваме различни термини: особина на вербата, милоста, милосрдие, љубов, Шхина, Создател и др. Сето тоа – е сила на давањето, силата на Создателот. А особините на примање биле создадени од милоста ( Хесед), добрата сила на давањето, иако тие се лоши, спротивни на неа. Крајот на дејството – е во првичната замисла. Сето тоа е токму така направено, за да се доведе суштеството кон независноста. Тогаш, стоејки помеѓу двете сили, тоа секогаш ќе може да ја потврдува својата самостојност – искористувајки ги по свој избор. Во нивната конфронтација суштеството ја открива третата линија, т.е. самиот себе. Секој пат тоа бара можност за давање на Создателот по пат на правилното искористување на примачките и давачките желби. И двете тие не му припаѓаат на суштеството, и со нивна помош тоа го изнесува давањето надвор од себе – на Создателот. Со самото тоа, тоа ја одредува својата независност, својот статус – токму благодарение на тоа, што сите сили и цели се наоѓаат однадвор, а тоа самото е само решение за што да ги искористи. Тие услови се подготвени однапред, и во нив се пројавува скалилото на човекот, кое се создава од комбинацијата на особините, од дејството, со помош на кое тој станува сличен на Создателот, изградувајки го во себе Неговиот лик.