Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Секаде ќе се препознавам себеси

 

18.07.2010


Прашање: Дали е точно дека секој пат кога ја читаме Книгата Зохар, таа точно ја опишува мојата духовна состојба?


Сите духовни состојби вклучуваат во себе се – како во холографска слика. Бидејки во секоја духовна состојба постојат десет сфироти. И од кој агол да погледнеш, во секоја состојба ти се препознаваш себеси. Како е тоа можно? Затоа што сето тоа е универзална состојба, една целина, и само ние разликуваме во неа градации на особините. Не постојат различни состојби, постои само една – прва и последна, состојба на спојувањето. Но за нас таа се пројавува во различни димензии, како да гледаме на една иста слика под различен агол на гледање. Затоа јас можам да распознаам, да видам и да се препознаам себеси во секоја состојба.


Сите богатства – се пред тебе!


Прашање: Јас го изучувам Зохар секојдневно, но освен растечката во мене желба јас ништо друго не чувствувам. Дали напредувам во правилната насока?
Тоа е многу добро! Ако секојдневно расте желбата – повеќе ништо не е ни потребно! Проблемот е во тоа, дека кон растечката желба, иако таа носи и огорченост, треба да се однесуваме како кон наградување. Бидејки желбата, отсутството на наполнување – тоа е силата на движењето напред. Бидејки од празната желба јас чувствувам дека мене ми недостига спојувањето со Создателот, осетот на поврзаноста со Него, особината на давање. Правилната желба – тоа е веќе добивка. Бидејки во нашиот свет ти треба да го заработиш наполнувањето, а во духовниот свет тебе ти е потребно да го заработиш духовниот сад, желбата. Наполнување има – земај! Во што? Тоа е веќе прашање...

Сега околу тебе се наоѓаат духовни богатства: "брилијанти", " злато", " пари", се што само можеш да посакаш. Само не постои кај тебе желба за нив – и затоа ти не ги распознаваш. Тебе просторот околу тебе ти се чини празен! Се најдобро што ти би можел да посакаш – се постои. Но тебе како да ти ја затворија устата, ти ги врзааа рацете и нозете, те ставија пред тоа богатство и ти велат: "Тоа е твое!". Но како може тоа да биде твое кога ти не можеш да го земеш...Неопходно е да се израсне желбата, духовниот сад, да се подготви – и тоа е се. Затоа наградата е – желбата, стремежот. И затоа таа била создадена од светлината.
Ние треба да го промениме нашето воспримање, нашиот однос кон наградувањето и казнувањето. Во нашиот свет желбата, чувството на недостиг – тоа е казнување, а наградување е – наполнувањето, кое ме смирува мене, бидејки јас престојувам во желбата за насладување.

Но ако јас престојувам во желбата на давање и кај мене постои желбата да давам – тоа е наградување. Зошто постои оваа разлика? Поради скратувањето. Бидејки кај примањето е направено скратување, а кај давањето нема никакви ограничувања. Ако кај тебе веќе постои желбата за давање – пред тебе се е отворено, во толкава мера тебе се ти се открива. Во својата желба за давање ти почнуваш да гледаш во одразената светлина се што се наоѓа наоколу, - повели, земај! Така постепено, од ден на ден, Зохар го менува нашето видување, насоката на мислите, гради поинаков, нов однос кон животот, кон фазите на духовното напредување.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica