Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Секој ден ,ново откривање

 

01.07.2010


Прашање: Зошто кабалистите честопати пишуваат, дека не сакаат да додаваат кон тоа што пред нив е кажано од нивните учители?


Речено е, дека нема пророк поголем од Мојсеј. Тогаш за што пишуваат после него кабалистите? Што може да се додаде кон реченото од него во Тора? Тие се обидуваат повеќе да го објаснат направеното од Мојсеј откривање на Создателот, сите тие го користат овој извор и се обидуваат така да го сервираат на учениците, за тие поправилно да ја разберат нејзината внатрешна смисла. Да речеме, ние двајцата отидовме во продавница , купивме исти намирници – а потоа секој кај него дома приготви од нив јадење според својот вкус.

Речено е, дека "се`, што е судено да се открие од било кој кабалист – веќе е откриено од Мојсеј на планината Синај". Бидејки му се откри светлината на Бесконечноста, во која се наоѓа се. А ние – исправувајки се, го откриваме по делови тоа , што се наоѓа таму. Кабалистите од минатото имаа многу поголеми познавања од нивните следбеници, но не умееја да ги откријат своите постигнувања. А нашето поколение, кое го завршува целокупниот општ развој, со својата работа ги открива најголемите желби (НеХ''И), благодарение на кои се пројавува најголемата светлина ( од нивото нешама)- но оваа голема светлина Хохма доаѓа во желбите (келим) на прататковците (КаХа''Б).


Ние чувствуваме како со секоја лекција ни се открива се поголемо разбирање за системот на суштеството. Во што тогаш се состои откривањето, направено од Баал ХаСулам? Тој сето го средил, го наредил во систем, каде што се е поврзано едно со друго.


Науката кабала – тоа е откривање на внатрешните врски, анализа и синтеза, кои делуваат паралелно една со друга – расклопување на делови и соединување. И сето ова се случува внатре во суштеството, снабдувајки го со животна енергија: почнувајки од нивото на обична животна храна – се до духовните скалила. Целиот наш живот се состои од процесите на расцепување и синтеза. А додека не можеме да го откриеме тој распоред, ние делуваме по принципот :"Направи се што можеш!". Овој распоред сигурно веќе постои, но ти се уште не си го открил за себе. Ти се уште не ги повторуваш по Создателот сите Негови движења, туку се меткаш на сите страни како неразумно новороденче. Но постепено твоите дејства стануваат се поосмислени и ти се трудиш да не ги правиш бесмислените движења. Така човекот расте во духовното.


Од какви книги ние добиваме поголема светлина?


Прашање: Кога не би постоеле делата на Баал ХаСулам, дали ние ќе можевме да ја привлечеме светлината на исправувањето од другите извори?


Не, ние ќе немавме никаков контакт со светлината. Нам ние потребен систем, кој дозволува да се воспостави со неа врска. За тоа треба да се заблагодариме на кабалистите. Секое претходно поколение треба да се подготви себеси како почва за следното поколение. Тоа се како слоевите на почвата од културното наследство, кои се пронаоѓаат при археолошките раскопувања. Така и ние, постојано додаваме слој по слој и ја подготвуваме почвата за идните поколенија. Без таков додаток ние не сме способни да растеме.


Пред Баал ХаСулам, кабалистичкото знаење беше расфрлано по различни извори. Но тој сето го собрал и го организирал во еден систем. И тука се има предвид не само книгата, која ни е удобна за читање – туку внатрешниот систем, преку кој ние сега можеме да ја добиваме светлината. Тоа е исправување слично на тоа што го направија кабалистите од времето на Талмуд, после кое нам не ни е потребно да го изложуваме своето тело на страдања, за кои е речено: "Храни се само со леб и сол и пиј обична вода". Тие направија такво исправување во заедничкиот систем, така ги соединија сите души, што преку тој систем веќе може да се добива светлина, која нам ни е доволна за исправување. Исто такво исправување направил Баал ХаСулам. Тој не напишал само книги со детални објаснувања.


Бидејки читаш – и ништо не разбираш! Но тој направил така, да преку неговите дела ние можеме да се соединиме со духовниот систем и да ја привлечеме кон себе светлината, која враќа кон изворот. Без него ние ништо не би можеле да направиме! Бидејки светлината треба да помине преку направениот од него систем, и само тогаш ќе биде соодветна на нашите души. Во тоа и се состоеше неговата посебна мисија. Затоа токму преку такви негови дела како "Учение на Десетте Сфироти", "Вовед во коментарите "Сулам" ние добиваме опкружувачка светлина. Тоа нема успее преку другите дела – затоа што во нив го нема потребниот за нас распоред и систем, кој го организирал за нас Баал ХаСулам.


Дојдов, а луѓето ги нема


Ако луѓето не се соединети меѓу себе, Создателот не ги гледа, како да не постојат, па нека станува збор и за целото човештво. Создателот не го гледа лично секој во одделност од другите, туку ги гледа само врските меѓу луѓето. И само количеството и силата на тие врски се важни за Создателот. Затоа е кажано од Создателот: " Јас дојдов, а никого нема!".

Ние го гледаме сличното во човекот: нашите решенија се создаваат не во самите неврони на мозокот, туку во врските меѓу невроните – во синапсите. ( Синапс – место на контакт помеѓу два неврони). Токму тие контакти, тие врски и синџири на врските во нашиот мозок претставуваат основа на нашето мислење – "човекот во нас". Т.е. суштината на човекот не е во самите елементи на неговиот систем, туку во врските помеѓу тие елементи. Релултатот на тие врски не се наоќа веќе во материјалот, туку се возвишува над него. Тоа е друго, многу повисоко ниво на реалноста.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica