Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Силата на групата

 

29.04.2010

Должни сме со помошта на силата на меѓусебното пренесување да ја користиме силата на групата. Во групата има таква сила што е способна да го наведува човекот дека другите за него се многу важни, дека без оваа важност не може да помине во духовното. Разбери, тоа е потребна нова фаза - не можеш да излезеш низ вратата пред да си ја поминал собата. Која е оваа соба? Ова е достигнување до важноста на ближниот.Сфаќајки ја важноста на ближниот, како самиот себе си, ти можеш да излезеш низ следната врата, зад која ќе се одржи твојот контакт со светлината, враќајќи се кон изворот, со Тора.

Должни сме да изградиме правилен редослед на фазите. Во моментот кога се одделиш од што и да е во Египет, поминуваш од своето его во духовно его со намера за пренесување, за придвижување кон следниот степен, на тебе ти е потребна светлината на Тора. Но, ја добиваш само под услов да се здружуваш со другите - тоа е услов за влезот.

Ние сакаме да го избегнеме овој услов, но тоа е невозможно, бидејќи тоа е закон на световите и келим и така треба да биде. Што треба да направиме во групата, за да ја изградиме оваа врска? Па нели поради тоа не се придвижуваме, тоа е многу, многу актуелно и навистина стои пред нас и не сече и е поле со трнови, како бодликава жица. Во силите на групата е да ја претвори оваа бодликава жица, ова поле со трнови во градина со рози - групата може да го направи, и взаемната грижа се заклучува во тоа да се случи, во спротивно ние немаме шанса, бидејќи тоа е закон.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica