Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Силата на давање

 

17.06.2010
Не застанувај на постигнатото – секогаш биди малку поумен во споредба со сето тоа што го разбираш во моментов. Читајки го Зохар, треба се размислува за тоа, како тој не исправува, обединувајки не во една заедничка душа. Ние ќе посакаме да ја осетиме ако влијаеме еден врз друг. Не е важно што пишува во книгата – мене ми е потребно таа да ја открие мојата душа на светлината. За тоа се подготвувам и тоа го барам.

Поклонувајки се пред групата човекот добива од неа нова желба, со која може да се обрати кај Создателот. Да се обединиш – значи да се откажеш од нешто свое и да примиш нешто туѓо. Кога во мене постои твоето, а во тебе- моето, тогаш сме единствени. Од учењето ни е потребно само едно – силата на давање. Ако нашите намери се вистински и единствени, тогаш ние ја добиваме.


Секој човек е способен за духовно исправување. Затоа што тоа зависи не од квалитетите добиени со раѓањето, туку само од желбата. "Да се изучува Тора" значи да се учи од светлината, која не враќа кон изворот, од нејзините дејства во мене."Тора" - тоа е сето што се наоѓа над неживиот, растителниот и животинскиот свет.

Пробудувањето на точката во срцето – тоа е почеток на слободниот развиток. Отсега јас ќе напредувам само свесно избирајки го опкружувањето. "Пријател" - тоа е истата желба која ја имам и јас, насочена кон целта. Воздигнувајки го пријателот во своите очи јас ќе добијам од него сили за напредување. Не смее да се тера човекот да тргне по духовен пат, ако тоа сам не го посакува. Но ако посакува – тогаш неговата желба за мене е – закон.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica