Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Скулптор на мојата душа

25.10.2010
Прашање: "Мене ми се чини, за да се соединам со текстот на Зохар, небаре напишан на непознат јазик, потребно е вистинско чудо. Во нашиот свет тешко е да поверуваш во чуда..."

Одговор: "Јас не знам, што значи "да се соединам со текстот". Јас слушам некој расказ, на непознат за мене јазик, мене само ми кажале, дека во него станува збор за мене – за сето, што ми е подготвено за денес и што треба да ми се случи во иднината. Јас многу се трудам да дознаам, бидејки тоа за мене е исклучително важно! Зохар –е како тајна шифра, која јас морам некако да ја дешифрирам, да го откријам тој текст. Што да се прави?

Кабалистите велат: "Ако ти со сите сили ќе се стремиш кон тоа, ќе сакаш и ќе го бараш вистинскиот приод, - ти ќе откриеш. Ти можеш да откриеш, но се зависи од тоа, колку напори ти ќе вложиш". Треба многу да се учи, да се научи да се чувствува, да се откаже од некои свои внатрешни особини, за да се разбере тој текст, бидејки во него се зборува за такво разбирање и приод кон животот, кој тебе ти е целосно спротивен. Ти мораш да навлезеш во тие идеи, да се поистоветиш со ликовите, да ги разбереш и да ги засакаш, дури иако сега тие не ти се допаѓаат, и ти не ги разбираш во целост. Ти мораш многу во себеси да промениш, ако сакаш да го спознаеш тој расказ. Всушност, ти се променуваш себеси согласно на расказот. И сето, за што во него станува збор, ти станува се поблиско, појасно, осетливо и прифатено од тебе – до тој степен, што ти наеднаш влегуваш во него и го откриваш. Тоа се реализирало за сметка на многуте дејства, во кои ти си се трудел да се уподобиш на светот на Зохар: "Што тоа може да биде? Јас сакам да разберам и да осетам! Јас сакам во тоа да живеам! Како е потребно јас да се променам, за барем малку да видам, за што раскажува Зохар?!". Треба цело време да се гледа во себеси материјалот, кој се менува, прилагодувајки се на расказот: Јас – сум тој пластелин, од кој расказот треба да направи форма. Јас сакам, тој да ја создаде!

Така јас се приближувам себеси кон расказот – не кон разбирањето, туку кон спознавањето, чувствувањето, како што е речено: "И ја спознал Адам Ева". Мојот приод се состои во тоа, кажувањето на Зохар постојано во мене да создава се повеќе напредни форми – се додека јас не ја попримам неговата вистинска форма. Бидејки расказот значи откривање. Така ние треба да работиме со текстот, и таков треба да е нашиот приод кон Книгата Зохар. Јас сакам Книгата да ме промени, да измоделира од мојот материјал се, што е потребно. Јас сум подготвен на се и целосно и се предавам!

Освести се и погледај се

Во почетокот на духовниот пат луѓето сеуште не можат да распознаат што со нив се случува. Тековното чувствување за нив претставува вистина. Тие не се способни да се погледнат од страна, и да го разликуваат надворешното влијание, кое доаѓа од Создателот. Ним сеуште не им се гледаат ѕидовите на "лабораторијата", во која тие се наоѓаат. Останувајки на страната на желбите за насладување, човекот механички реагира на случувањата: скока од радост, или, напротив, паѓа во депресија. Тој е затрупан под состојбите на својот егоизам.

Меѓутоа, работејки врз себе до обединувањето со групата, човекот се оттргнува од сопствената желба и добива можност за анализирање: во што се состојат причините на неговите состојби, како тој се однесува кон групата, учењето и Создателот. Наместо да се чувствува себеси како експериментален заморче, тој преоѓа на страната на Создателот, кој му покажува, што Тој со него прави. Благодарение на тоа, човекот станува човек – се искачува над животинското ниво на својата желба кон човечкото скалило. Сега тој разбира, дека целта на непријатните состојби, без сили, светлина и воодушевување, - е да се привлече неговото внимание кон нивниот Извор, кон Создателот. Зошто Создателот ги испраќа? За јас да се приближам кон Него со молба. Само така Тој може да ме разбуди. Бидејки пријатните чувствувања ќе ме натераат да заборавам на Него, а опустошеноста, напротив побудува прашања. Јас сакам да знам, поради што мене ми причинуваат зло, и апсолутно не се интересирам, поради што ми даваат добро.

Ете зошто јас се пробудувам поради несреќите – и треба да разберам тогаш, дека тоа се обраќања на Создателот. Така Тој ми покажува мене, дека јас зависам од Него, и ме повикува кон Себе, за ние заедно да настапиме против Фараонот. Тогаш јас почнувам да осознавам, дека злото не постои, и заблагодарувам за "злото" исто, како и за доброто, и дури повеќе – бидејки токму тоа ми помага да напредувам, да се приближувам кон Вишиот и да барам од него исправувања. Ако човекот ја завзема правилната позиција за проценка на својата состојба, ако чувствувањето за него – е објект на анализирање, тогаш тој ја добива вербата над знаењето, која секогаш дозволува да се оди напред.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica