Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Со заедничка сила да го откриеме духовното!

Проблемите на финалниот развој

Дојде историска фаза. Бидејќи сé што се случувало до денес било само егоистички развој на човештвото. Сега пак, човекот израсна до состојба кога го открива својот егоизам како сосема неупотреблив за понатамошна егзистенција. Тој егоизам порасна до таа точка, кога самиот почнува да се јаде, слично на канцерот. Ние тоа го забележуваме во сé, во сите дејности на човекот: образованието, воспитувањето, семејството, дрогата, депресијата, финансиите, економијата, науката – во сé и сешто. Каде и да сме и што и да правиме, во сé во што порано сме постигнувале успех, надевајќи се дека тој процес е бесконечен и човештвото ќе ги достигне ѕвездите, - наеднаш сé се променило. Намален е бројот на вселенските програми, ние веќе не ги посакуваме тие ѕвезди, веќе не ни е интересно, ние сфаќаме дека тоа нема ништо да ни донесе. Се одрекуваме од нормален семеен живот, од сé. Токму тоа е показател дека егоизмот кога ќе се искачи на максималното ниво, веќе почнува самиот себеси да се уништува. Егоистичкото општество всушност нема веќе право на понатамошна егзистенција.

Следната фаза не му е позната на ниту еден научник. Се публикуваат голем број статии од сосема различни филозофи, мислители, истражувачи, и сите тие пишуваат дека генерално состојбата е безнадежна, во ќорсокак. Затоа за нас е многу важно да разбереме од гледна точка на науката, од основите на Природата, во што се состои проблемот. Тогаш ќе можеме да го решиме прашањето во форма прифатлива за научниците, за да сфатат: во ова навистина се крие клучот на сите проблеми на финалниот развој, со кои тие се соочуваат.

Прашање: Како да “нурнеме” за да стигнеме да се пробиеме и да го откриеме духовното?

Одговор: Само со заедничка сила, со ништо друго. Само со заедничка сила! Тоа е единствен услов. Тој произлегува од општиот закон на Природата и нè доведува на следно ниво – на ниво на сличност со Создателот, Вишата сила на доброто и љубовта. Нема друга метода, и нема потреба од ништо друго. Вие тоа веќе го знаете.

Бидејќи ние егзистираме како еден заеднички организам кој се распаднал на делови. Тие делови треба да се соберат со наши напори во целосен систем. Се надевам дека ние можеме тоа да го направиме. Тогаш, во егзистирањето на системот, силата, која во него се манифестира како сила на обединување, како крвоносен, нервен систем и т.н. – таа сила ние ќе ја чувствуваме како следно ниво на нашето постоење: вечно и совршено. Тоа е тоа што го изучуваме од методот на правилното постигнување на универзумот – не тоа што го чувствуваме денес преку нашите пет сетилни органи, туку тоа што постои надвор од нас, тоа што не го гледаме. Не го чувствуваме, не го сфаќаме, затоа што перцепираме само преку нашите пет “дупчиња”.

Ние треба да се искачиме на ниво, во кое излегуваме надвор од рамките на нашето тело. Заради тоа постои услов: да бидеме меѓусебно поврзани, да се собереме заедно во единствен организам. Заради таа цел тој се распаднал на огромен број делови, желби. Секој од нас претставува делче од желбата во заедничкиот мозаик, лего. Ако се обидеме да го склопиме тоа лего самите, не ќе можеме тоа да го сториме, бидејќи не го знаеме однапред целиот систем, целата суштина, техниката на поврзувањето. Сето тоа го прави Вишата Светлина. Но, ако се обидуваме тоа да го направиме, тогаш според степенот на нашите напори Светлината почнува да работи и го доведува во ред тој систем. Ние веќе го чувствуваме како поцелосен, поопшт, поинтегрален, и во тој степен чувствуваме како егзистираме во Вишиот Свет. Односно нашето внатрешно чувство, кое се нарекува наша животна егзистенција останува, затоа што ние егзистираме внатре во нашето тело, внатре во неговите пет телесни, животински сетилни органи. Но, покрај тоа, ние почнуваме да го чувствуваме универзумот кој се наоѓа околу нас – тоа што сега не го чувствуваме.

Од лекцијата пред конгресот во Харков – 16 август 2012  

Сила на единството

Кабалата според дефиницијата е наука за откривање на Создателот пред суштествата во овој свет. “Создателот” – е следно скалило, во дадениот момент. Повисокото скалило во однос на пониското, се нарекува негов “Создател”.

Сé додека целиот свет не стигне до своето потполно созревање, додека следното ниво не почне да се спушта до нашиот свет, само поединци од секоја генерација со незамисливи напори, многу посериозни од нашите денешни напори, успеваат да го откријат за себе Вишиот Свет. Луѓето прифаќале такви лични ограничувања какви што не можеме да си замислиме во денешно време и биле подготвени сето тоа да го поднесат. Меѓутоа нам тоа не ни е потребно. Нам ни остана само една единствена работа – соединување. Тоа е условот под кој ние ќе станеме слични на следното скалило. Токму затоа се собравме овде – за да се соединиме да ја достигнеме таа хармонија, таа сличност со Вишото скалило. Не треба ништо физички да правиме – само внатрешно да ги поврзуваме нашите желби, нашите стремежи. Дадени ни се неколку денови, во кои ние мораме целосно на тоа да се посветиме, правејќи пауза за нешто што навистина е од животна важност.

Што значи “од животна важност” за секого? Секој нека го дефинира тоа за себе. Но генерално, неговите мисли, неговите чувства треба да бидат насочени заедно со сите само кон откривањето на Светлината како добро – следната состојба, како апсолутно совршена. Таа следна состојба во нас се реализира во облик на наша општа целосна поврзаност. Токму затоа нашиот конгрес – е конгрес на соединувањето. Ние многу добро ги знаеме изворниците. Гледам тука многу луѓе кои се со години со нас. И дури новајлиите, кои дошле и уште ќе доаѓаат, исто така се вклучуваат во процесот заедно со нас. Тие автоматски ќе потпаднат под влијание на заедничкото расположение кое тука ќе се создаде. Уверен сум дека и тие заедно со нас ќе ја осетат силата која се манифестира во единството. Тоа не е само физичка сила како во борбен одред или спортски тим, или само во друштво на пријатели кога сите се собираат и го чувствуваат збирот на заемните напори. Тука збирот на нашите заемни напори ја открива внатрешната сила на Природата, Создателот, која се манифестира меѓу нас како сила на заемно давање, заемна поврзаност. Токму таа особина на крајот ни дава чувство на следното скалило, следната димензија која ние треба да ја откриеме за себе во текот на овие денови.

од лекцијата пред конгресот во Хархов - 16.08.2012

Лице в лице со егоизмот

Прашање: Како секој пат да ги предвидиме дејствата на Создателот, како да станеме поцврсти во однос на егоизмот, за да не подлегнеме на неговите предавнички интриги и од друга страна да бидеме почувствителни за сугестиите на Создателот?

Одговор: Во никој случај не треба да се мисли на егоизмот – како да му се подлегне или обратно. Сите овие игри со егоизмот нема да нè доведат до ништо – тој е поитар од вас, поитар од сите. Егоизмот е моќна природа која целосно е спротивна на Создателот и е еднаква на Него според моќта. Целокупниот егоистички систем е создаден така што Светлината влегла во желбата, направила во неа свој отпечаток во сите свои особини, во сите свои облици. Затоа борбата со егоизмот нема да ни помогне! Ќе помогне само подемот над него и желбата да се биде сличен на Светлината! Да се спротивставуваме на егоизмот лице в лице – е безнадежна работа. Не треба да обрнуваме внимание на него! Само да се насочиме напред! Да не чекаме тој да нè буцка одзади!

Прашање: Што да се прави ако цело време го паметиш тоа, но во последен момент забораваш и за егоизмот и за Создателот?

Одговор: Тоа е резултат на тоа што кај вас не постои поврзаност со групата, опкружувањето не ви помага да одите напред. Тука постои многу едноставен систем на сили. Прво ви дават средишна точка, ви даваат насока, ве поттурнуваат. Речено е, дека Создателот ја става вашата рака врз среќна судбина и вели: “Избери го ова”. Понатаму избирате вие.

Баал ХаСулам пишува, дека да се избере значи: секој пат да избираш сé посилно и посилно опкружување, кое ќе ве држи да не паднете, да не заборавите за целта. Изборот на силното опкружување зависи само од вашето вложување во него! Не треба да ги менувате луѓето, треба повеќе во нив да вложувате, и тогаш од нив ќе почувствувате големо давање. Тоа се вика избор на ново опкружување. Не е суштината во лицата на луѓето, туку во тоа до кој степен ќе можете да ја извлечете од нив внатрешната Виша енергија, која тие ја поседуваат, без да знаат самите за тоа. Ако, пак, тоа не успева – значи треба да се стремите да го достигнете тоа. Тука нема што друго да се прави. Суштината е само во тоа!

Да се откријат огромните можности на насладувањето

Прашање: Дејствата, насочени кон поврзувањето се диктирани од тоа што јас добивам задоволство. Но тоа задоволство е поголемо, отколку задоволството од дејствата насочени кон секоја друга желба. Излегува дека јас сум како робот кој има само плус и минус.

Одговор: Не е важно. Ние во никој случај не треба да се одрекуваме од задоволствата! Кабалата дури го забранува тоа. Тој, кој се одрекува од задоволствата се нарекува “назир”, т.е. човек кој се занимава со самоограничување. Тој, кој го прави тоа оди против планот на Природата, зошто целта на Природата е – да нè доведе до апсолутно насладување. Излегувајќи од рамките на нашиот егоизам, сакајќи да се кренеме над него, наспроти него, ние откриваме за себе огромни можности и насладувања. Бидејќи во нашиот егоизам сме многу ограничени во насладувањето. Колку можеш да изедеш?! Колку можеш да испиеш?! Колку можеш да танцуваш?! Сето тоа има ограничувања. Подемот над егоистичкото поле во надворешно поле, го открива во тебе Светот на Бесконечноста. Што значи свет на Бесконечност? Желба која не е ограничена. Токму тоа треба да го откриеме.

Зошто науката која ја изучуваме се нарекува “кабала”? Таа нè учи како во реалноста да го достигнеме максималното неограничено вечно насладување, чувството на вечно постоење во сите насоки, координати. Затоа, и кога учиме и кога сме во групата, ние во никој случај не треба да се насочуваме кон самоограничување. Не! Треба да мислиш само на следното: “Како ќе се поврзам со другите?”. Ако притоа изедеш десет порции од оброкот или ќе се насладуваш со нешто друго – повели, никој не ти забранува. Само каде ти е главата? Тоа е најважно. Постојат аскети кои се ограничуваат себеси, како жените за време на диетата или уште полошо. И што? Тие со тоа не се убиваат себе си, туку напротив чувствуваат уште поголема гордост и важност: “Ете каков сум јас!”.

Од лекцијата за подготовка пред конгрес - 16.08.2012г. на Каб.Тв

Безрезервно да се посветиме на конгресот

Треба да имаме трпение за да можеме цел ден да се посветиме на конгресот. Паузи фактички нема. За да се приклучиш целосно и да фатиш сериозно темпо, треба да бидеш буквално задлабочен во нашето заедничко обединување – од утро до вечер и од вечер до утро, сите овие денови. Ако чувствувате дека сте заморни, значи имате недоволна поврзаност со другите. Човекот не може да се замори од такво дејство. Не може! Затоа што внатре во него, ако оди кон поврзување со другите, треба напротив, да се буди огромна внатрешна сила – од сосема ново, друго ниво- и таа треба да му дава огромна енергија. Всушност тој не треба да чувствува никаков замор. Треба цело време од себе да генерира енергија, наместо да чувствува дека треба да одмори или од некаде да ја добие. Така што треба да се контролираме и да сфатиме, дека целиот проблем е само во соединувањето.

Кога ние говориме за Вишата Светлина, за тоа како нè исполнува, треба да сфатиме дека токму таа е вечната, совршената енергија која треба да нè инспирира, да ја оживува нашата душа. А нашата душа е нашето заедничко соединување, мрежа на поврзаност помеѓу нас. Значи, ако навистина чувствуваме замор, проблеми – треба веднаш да си поткажеме еден на друг, дека само сме заборавиле да се насочиме себеси, целата своја концентрација на вољата кон поврзување со другите, за да се чувствуваме како дел од другите. Јас ќе ве молам да не се оттргнуваме за ништодруго, освен за најнеопходното, за да не го внесеме вирусот, мисли и чувства кои немаат непосредна врска со нашето соединување. Бидејќи во интегралниот систем, кога сите се апсолутно меѓусебно поврзани, секој човек може да ја наруши рамнотежата на тој систем.

Тоа значи дека секој од нас треба да чувствува одговорност, да се чувствува како “чувар”. Во негови раце е гаранцијата за нашиот успех. Ние треба да мислиме на нашите пријатели кои се наоѓаат насекаде во светот. Тоа е огромен број на луѓе. Често ги сретнувам кога патувам кај различни групи. На аеродромите, на пешачките премини, на улиците луѓето одеднаш ме препознаваат мене, нè препознаваат нас. Односно, освен нашите групи, освен неколку илјади луѓе во светот кои меѓусебно се познаваат, во суштина тоа се уште стотици илјадници, ако не и милиони луѓе, кои ни се веќе приклучени и заедно со нас сакаат да го спроведат методот на поправка.

Од лекцијата за подготовка пред конгрес -16.08.2012

Егоизмот во нокаут

Прашање: Како, во текот на трите денови од конгресот, секоја секунда да бидеме сигурни дека навистина се стремиме кон обединување, дека не нè лаже егоизмот? Како тоа да се провери?

Одговор: Тоа воопшто не е важно. Ако моите мисли се во ова, ако јас посакувам да бидам заедно со сите внатрешно насочен кон поврзувањето со другите, да постојам со нив во едно поле, тогаш не ми е важно дали на тоа ме турка егоизмот или сум излегол на ниво на важноста на идентификацијата, откривањето на Создателот, за да Му дадам некое задоволство, да примам од Него заради давање Нему. Тие пресметки ќе ги правиме потоа. Повторувам, не обрнувајте внимание на својот егоизам! Ние сме тука за да се обединиме, додека пак егоизмот нека сега засега “седи” некаде во аголот. Ќе се работиме со обединување. Секој пат егоизмот ќе нè потплашува, ќе ги кине врските кои се обидуваме да ги создадеме помеѓу нас. Но ние сфаќаме дека тој тоа го прави за да ги зацврстиме тие врски. Неговата работа е – да ни го расипува животот, за да се кренеме над него кон подобар живот.

Да се возвишиш, да се преклониш – и да се обединиш

На конгресот секој од нас треба да покажува дека е повисоко од другите. Во што? Тој е одговорен за сите. Со своето однесување, со својот однос кон семинарите, кон разговорите, кон тоа што се случува, тој покажува колку е тоа важно. Од друга страна, важноста на Вишата состојба бара човекот да не ги презира пријателите, да не ги занемарува, туку напротив, да се обидува наспроти својата замислена супериорност да се омаловажи и да направи сé, за да го прифати тоа што се случува како нешто повисоко од него за едно скалило. Уште повеќе поради тоа, дека тоа е токму така. Воспримајќи го тоа што се случува на таков начин, човекот почнува да го чувствува тоа Вишо скалило во поврзаноста со своите пријатели. Значи, јас се однесувам кон пријателите како кон виши, преку кои јас Го слушам Создателот и можам да одредам до кој степен сум против Него. Колку што внатрешно ги занемарувам своите пријатели и нивните зборови, во иста мерка покажувам колку важна и голема е за мене целта – за да им го пренесам тоа, да ги инспирирам. Освен тоа, ние треба да дојдеме до средната линија: кревајќи се над пријателите и потчинувајќи им се, целосно се обединуваме помеѓу себе. Секој од нас ја покажува важноста на сите други, секој од нас ги восприма сите други како велики, на кои им нема рамни во светот. Ако на таков начин јас играм со својот егоизам, ако така се поставам, тогаш ја достигнувам средната линија, кога сите заедно се наоѓаме во една целина. Токму тогаш меѓу нас се манифестира Вишата сила, нашиот Извор.

Од лекцијата пред конгресот во Харков – 16 август 2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica