Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Совршенството не трпи компромиси

 

04.10.2010
Сето започнува од Бесконечноста, од првичната состојба, и затоа ние, за свое целосно исправување, треба да ги исполниме сите услови, кои од таму произлегуваат. Во состојбата на Бесконечност желбата е бескомпромисна – таа не е согласна да отстапи ниту трошка од спојувањето, единството, сличноста на Создателот. Таму не постои ниту крај, ниту граница, нема ниту еден детал, пропуштен во неговата пресметка. Од таму потекнува називот – Бесконечност. Не во местото/желбата, не во количеството и квалитетот на наполнувањето, туку во апсолутната одлука на суштеството за спојување со Создателот. Соодветно на тоа, духовните скалила на искачувањето од нашиот свет кон бесконечноста – тоа се " степени на компромис": за колку суштеството сеуште се откажува од точната пресметка за сличност. Во почетокот на работата човекот сето го разгледува преку призма на сопствената корист – таква е неговата природа, таков е создаден. Периодот е долготраен, и на својот крај доведува до очај.

Така и човештвото, во текот на својата историја, ги претрпувало перипетиите на тешкиот живот во трката по насладувањата, се додека низата на разочарувања не ја достигнала критичната големина. Поучени од искуството, т.е. откога ќе го почувствуваме горчливиот резултат, ние ја прекинуваме трката, затоа што повеќе не веруваме, не чувствуваме на крајот задоволство. Така постепено ние почнуваме да го презираме егоистичкото наполнување поради неговиот горчлив резултат – и, очајни, правиме нова пресметка – во алтруизмот ние ќе можеме да доживееме наполнување. Така се реализира во нас, под влијание на светлината, низата на решимот, создадени уште при слегувањето од Бесконечноста. Се создаваат две линии: права, одозгора надолу, и обратна, одоздола нагоре. Сега, наместо самонасладувањето, човекот смета на вовлекување во давањето. Како последица на тоа, се менува и неговата награда: таа се чувствува не во примачките, туку во давачките желби. Би се рекло, каква е разликата? Нели ние сме суштества и сме обврзани да чувствуваме наполнување. Меѓутоа за тоа да се чувствува исто, како што го чувствува Создателот, треба да се биде сличен на Него. Ете зошто од овој момент ние работиме на тоа, за да добиваме награда од самото дејство, а не од резултатот на давањето.

Кога силите се при крај

Човекот напредува, кога е способен да истрае пред двете линии: десната и левата. Во линијата, која се протега одозгора надолу, тој доживува пад, разочарување, очај, слабост и потиснатост. А во линијата, која оди одоздола нагоре, е се обратно: тука ние доаѓаме до анализа. На пример, јас чувствувам целосна физичка, ментална и морална истоштеност – невозможно е да се концентрирам, свеста е замаглена, ништо не е важно. Како во романсата: "Јас сакам да се заборавам и да заспијам", за ништо да не чувствувам. Но поткревајки се за миг над таа состојба, јас ја проценувам како добра. Како во Псалмот: "Умрениот е слободен!" – токму сега јас сум слободен од својот егоизам, тој умрел и ништо од мене не бара. Ако дојде уште малку повеќе светлина, јас ќе ја сфатам причината на оваа состојба – дека таа ми е пратена од Создателот. Тој сака јас да почнам да ја анализирам неа: зошто ми е потребна желбата, која ништо не посакува и за ништо не е способна, зошто Тој ми ја пратил? Светлината ја нагласува тековната надолна состојба, ги подотвара нејзините причини, кои стануваат за мене појдовна точка на новиот раст. Како што е речено од мудреците: "Каде што егоизмот паѓа, таму праведникот се возвишува" – егоистот во мене паднал и се родил од него праведник. Во едната линија јас гледам, дека паднав на дното, а во двете линии јас го започнувам подемот. Целиот застој е само во делувањето на светлината – за светлината да ми ја додаде мене оваа втора линија, да помогне да почнам да мислам над самото чувствување, да ме крене над чувствувањето "горко/слатко" – кон анализата "вистина/лага".

Секогаш треба да се местиме себеси под светлина, за таа да може да не поткрене над чувствувањето и да ни ја покаже вистината, причината, Кој тоа го прави. Дури и не очигледното чувствување/знаење на причината – Создателот, кој ја црта во мене сликата на светот, го менува нејзиното воспримање од мене на спротивно – јас се радувам на тоа, дека Создателот ми дал толку негативно и ниско чувствување – слабост, која дозволува да дејствувам. Ситуацијата е расчистена, сега јас имам цел и средства. По будењето, јас почнувам да станувам.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica