19.07.2010
Ако дејствата на човекот се насочени кон соединување со пријателите, тогаш тој многу бргу ја согледува неопходната потреба за директна врска со Создателот, кој треба да помогне на ова соединување. Секое дејство треба да води кон исправување на разбивањето, кон единството помеѓу нас, и тогаш во него се пројавува неопходноста во дејството на Создателот, особината на давање и љубов. Тогаш се откриваат трите составни делови на нашата состојба – Тора, Исраел и Создателот. Бидејки Тора – тоа сила која ја создава желбата ( со Тора е создаден светот), сила која ја исправува намерата на желбата ( Светлина која враќа кон доброто), сила која ја наполнува желбата ( насладување и мудрост, цел на суштеството).
Сакај го ближниот свој како себеси, - тоа е општо правило на Тора. Израел (тој кој се стреми кон Создателот, душа), - тоа е заедничкото кли ( соединување на душите, шхина). Тора – тоа е светлина, исправувачка сила. Создателот – тоа е внатрешниот извор на таа сила. Заедно ние го создаваме условот за единство и взаемна одговорност – го подготвуваме местото за откривање на Создателот. Се` до " крикнаа синовите на Израел од работење" – кога ни е неопходна Неговата помош. Речиси во сите опишувања на Тора ние го гледаме сложувањето на општеството и Создателот. Без општеството ние не можеме да стигнеме до Создателот. Затоа групата е тоа средство. Тоа се Шехина, Кнесет Израел – собирот на душите кои молат да не престојуваат во прав ( егоизам). Сите статии зборуваат за тоа. Човекот заборава за неоходноста на врската со Создателот, бидејки тоа е против неговата природа, но таа врска ќе се појави во нашата природа ако ние се обединиме во група. Ако јас не сум соединет со групата, јас не сум насочен и нема да ја најдам насоката кон Создателот.