Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Создателот се познава по Неговите дејствија

08.04.2011
Кабалистите почнуваат да ни раскажуваат за создавањето на светот со тоа дека „до почетокот на творбата била само Светлина која исполнувала сé" (со овие зборови почнува книгата „Дрво на животот" од Ари.

Односно, веќе постоела реалност - желба да се ужива, во созданието (суштеството) кое е исполнето со Светлина. Замислата на создавањето е да се ужива во создаденото. Да се добие тој подарок од Создателот е можно само под два услова: Созданието треба да стане како Создателот, но независно од Него. Најдобрата состојба е чувствувањето на Создателот. Тоа е најголемото уживање кое треба да се почувствува независно од никого.Созданието треба да биде сосема самостојно и еднакво на Создателот. Затоа Вишата Сила не се гледа.

И денес, околу нас има многу радиобранови, но за нив знае тој, кој има радиоприемник кој може да го фати она што се создава во себе, во своите карактеристики. Нас нé опкружува едноставна бела светлина, но ние ги гледаме нејзините сини, црвени и сите други бои. Иако самата светлина е безбојна, бојата ја создава оној што ја прима, пропуштајќи само одредени бранови низ својата призма. И затоа светлината ја гледаме во жолта, сина, црвена боја.

Но, всушност, целата причина е стаклото кое ги одбива и рефлектира оние бранови кои очигледно се во боја. Но во самата светлина не постојат никакви нијанси.

И така ние го достигнуваме Создателот. Колку повеќе ќе успееме да заличиме на Него, на Неговото својство на враќање, во секоја од своите 613 желби, толку повеќе ќе допреме до Создателот. Така постепено и Го запознаваме - во мали порции.

Во човекот секогаш дејствуваат 613 желби - тоа е основата на нашата перцепција. Но ние можеме да ја зголемиме моќноста на тој духовен брод, качувајќи се по 125 скалила на сличност со Создателот, сé додека сите наши 613 желби не станат во полност како Него. Така го достигаме Создателот и затоа се тоа нарекува „да Го познаеш по Неговите дејствија".


Окружувањето на местото на Создателот.

За самиот Создател ние не можеме да кажеме ништо, но кабалистите кои Го допреле кажуваат дека „нема никој, освен Него – добар, и кој прави добро" и Тој не ги менува односите кон нас.

Односно, тие допираат до сфаќањата на Вишата Сила, која вклучува во себе сé. Затоа целиот наш пат е таков. И денес, кога не чувствуваме ништо друго, освен нашиот свет, треба да се разбере дека нам ни е даден инструмент за достигнување. Ние и сега Го чувствуваме Создателот, но со своите ограни за восприемање. Нашето денешно восприемање е спротивно на вистинското.

Не Го сфаќаме Создателот каков што е; со Неговите карактеристики, дури ни во најмала мера, туку Го воспримаме сосема спротивно. Не можеме да ја достигнеме дури ни таа спротивност.

Она што го чувствуваме како реалност - тоа и е Создателот. И јас и вие, и целиот свет - сето тоа е Создателот, но Го чувствуваме во оштетени, скршени тела на перцепција.Кога ги поправаме нашите желби, органите за перцепција, сé повеќе ја откриваме Вишата Сила, Создателот - сé додека сосема не Го откриеме и тоа во вистинскиот вид.

Освен нивото „овој свет", кое го добиваме како почетна состојба ништо не можеме да постигнеме без сличноста со Создателот, без споредување на нашите карактеристики. Скршениот сад треба да се поправи, добивајќи ја формата на Создателот и приближувајќи се до Него.

Карактеристика на Создателот е давање и љубов. Затоа нам одозгора ни е дадена можност да работиме во група и со своите односи кон неа да достигнеме сличност со Создателот.

Групата треба со секој свој член да се чувствува како него - како Создателот. И односот кон членовите треба да се земе како однос кон Создателот. И тогаш иако Создателот не се гледа, можеме да Го познаеме по Неговите дејствија и така цело време да се доближуваме до Него, до Создателот. Да си поставиме околу себе правилно опкружување кое се стреми кон Него.

Знај дека лажејќи го другарот, Го лажеш Создателот, лошо однесувајќи се кон другарот, лошо се однесуваш и кон Создателот!

Затоа, кога во група се покажува зло и омраза - така се покажува дека сме такви и кон Создателот. Таквата состојба и омраза се нарекува „овој свет". А до него, едноставено е животинското постоење.

Нивото на човекот почнува со откривање на омразата. Ако еден човек е свесен дека треба да се поправи себе, своите желби, со кои ќе почне да го восприма Создателот, тој има можност да го направи тоа во група, да Го достигне Создателот по Неговите дејства, да почне да Го осознава и да Го чувствува сé повеќе во таа мера колку што се поправа.

Ние треба цело време да одиме по таа линија, по која Израел (човек, направен точно како Создателот), Тора (Светлина, која враќа до изворот) и Создателот; се соединуваат во една целина. Човекот се адаптира во групата и внатре во неа Го открива Создателот.

Групата се претвора во негов духовен сад за откривање на Создателот. Ако тој се однесува кон другарот со давање, тој ќе ја открие силата на давањето, која ќе го исполни со односи со него и која сила се нарекува Создател. Затоа и Создателот (Боре) така и се нарекува - „дојди и види" (бо-ре), значи Тој се достигнува со своите дејствија.

Зошто треба да бидам спротивен на Него?

Прашање: Зошто, за да го почувствувам Создателот, треба да бидат спротивен на Него?

Одговор:Само со спротивност можеме да ја сфатиме Неговата спротивна карактеристика од нас. Создателот е состојба на враќање, единствена карактеристика. Но, за ние, созданијата, за да можеме да почувствуваме нешто, мораме да вклучиме во себе две спротивни карактеристики: добивање и враќање. И тогаш контрасно, според нивните разлики можеме да Го почувствуваме.

Ако нешто чувствуваме, значи во тоа чувство се вклучени две спротивни карактеристики и ги осеќаме нивните различности. Не е можно нешто да се измери ако не го споредиме со нешто друго и во однос на него да го измериме. Така е и со нашите чувства, мисли, желби, со сé. Затоа, кога Создателот нé создава нас за да не спореди со Него во светот на Бесконечноста, ние не чувстуваме ништо од тоа. Немаме од што да се оттурнеме во своите чувства. Тогаш Тој нé крши, разделува, пушта од Бесконечноста во овој свет.

Ако сега од овој свет почнеме да се поправаме, тоа не значи дека ние исправаме некаква штета. Ние ги подесуваме нашите органи за перцепција за правилно восприемање и сé поточно и поточно да се споредиме со светот на Бесконечноста.

Но, кога сосема се споредуваме со Создателот и се враќаме во светот на Бесконечноста, кај нас има две спротивности: „минус бесконечност" од овој свет и „плус" од светот на Бесконечноста - и тие двете се вклучуваат во нас, определувајќи ја силината на духовниот сад, односно желбата. И така е кај сите творби (созданија) - можат нешто да чувствуваат, само од спротивноста, инаку нема да имаат го чувството на животот.

Стремеж кон врвот на световите


Книга “Зохар“. Глава "Итро", п.537: ...Има две имиња АВАЈА, кои им претходат на 13-те мерки на милосрдието... И својството на овие две имиња, кои празни келим, остануваат во рош на Арих Анпин по излезот на светлата де-ГАР де-ГАР, не можеа да останат во рош на Арих Анпин заради својот авијут и излегоа од рош на Арих Анпин и висеа однадвор на кожата на рош Арих Анпин. И тие се нарекуваат коса (сеарот) де-Арих Анпин.

Се разбира дека не го разбираме текстот кој сега го читаме, затоа што се зборува за "рош" (глава) на светот Ацилут - највисокото место за кое може да се зборува, бидејќи таму е затворена целата Замисла на созданието, Целта на создавањето, целиот апарат на Вишото Управување, кој нé доведува нас во движење и кој управува со нас во сé.

Јас го прашав за тоа Рабаш: „Што треба да направам за да ги достигнам високите нивоа?! Еве во нашиот свет сакам да знам кои се луѓето или огранизациите од кои зависам: пошта, градско собрание, блиската поликлиника. Зошто се грижам за владата? Нека прават што сакаат. Јас се грижам за тоа што се случува околу мене".

Но Рабаш рече: „Не. Навистина, од аспект на дејствата, треба да ги проучиш нивоата кои ти се поблиски. Но ако сакаш да ја привлечеш Опкружувачката Светлина, која ќе дојде и ќе те поправи, ти треба со сите сили да се стремиш за да се искачиш на највисокиот врв".

Корените на сите наши дејства, сите Светлини кои доаѓаат до нас, сé од Рош - светот Ацилут. Светлината која доаѓа оттаму се нарекува „Зохар" - „Виша Светлина". Затоа, книгата така се вика „Зохар" и затоа специјално читаме за тоа високо место, од каде што доаѓа повисокото зрачење. Тоа е многу далеку, непознато. За него "Зохар" раскажува во такви форми, што може да нé доведе во заблуда. Но тоа не е важно. Ние треба да останеме во намерата дека сме поврзани во Изворот на Светлината и да чекаме помош одозгора.

Од утринската лекција - 08.04.2011   на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica