05.09.2010
Прашање: Дали секој човек мора да ги помине сите состојби, опишани во Зохар?
Речено е: "Секој човек е обврзан да ја напише книгата Тора". Тоа значи, дека ти мораш постепено да ги откриеш сите свои особини-желби, во нивната изворна егоистичка форма. Зависно од степенот на нивното откривање да ги исправуваш со промената на намерата "поради себе" во "поради другите – Создателот". Ти градиш нов сад – со екран и О"Х, и го наполнуваш.
Откривање на разбиеното кли значи дека ти се претвораш во одреден тип на грешник, опишан во Тора, а во следното исправување на оваа состојба ти се претвораш во некој си праведник од Тора. Тоа се ликови, облици,кои ти мораш да ги попримаш секој нареден пат, редоследно претворајки те, те во грешник, те во праведник, кои Тора ти ги прикажува. Тоа е небаре отпечаток на моделите, веќе постоечки во тебе. Ти како да се движиш во темнината со рефлектор и ги осветлуваш, те грешникот, кој навлегол во тебе, те наспроти него, од другата страна – праведникот. И на таков начин ти секој пат преоѓаш од лик во лик. Ти си обврзан да поминеш преку сето тоа! Бидејки целата Тора се состои од состојбите кои ти ги поминуваш, почнувајки од Адам во тебе – првото откривање на злото во тебе, првиот контакт со Создателот. Бидејки токму од тоа започнува човекот – од чувствувањето на својот егоизам во спротивност на Создателот. Целата книга на Тора зборува само за овие твои последователни претворања во различни улоги, кои ти ги играш, како во театар, по сценариото дадено за тебе. Ти се претвораш во различни ликови, но сето тоа множество на улоги ги играш само ти.
Главен сведок
Постојат 2 состојби во движењето кон духовната цел:
1-та состојба – кога постои чувство, сила, подршка на групата, Создателот. Чувстувањето на важноста на особината на давање, турка кон зближувањето со Него, Создателот. Постои чувство и желба, Создателот покажува, дека вреди да се работи за духовната цел. Бидејки чувствува дека постои награда, односно не зависи од вербата – особината на давање во себе. Чувствувањето ја раѓа љубовта кон пријателите и Создателот. Во таква состојба тој склучува сојуз за љубов кон пријателите и кон Создателот засекогаш, за во иднина.
Со кого се склучува согласувањето? Со Создателот тоа не е можно, затоа што кога јас ќе се оддалечам од Него, нема да ја чувствувам неговата близина. Тој нема да ме обврзе. Затоа да се склучува сојуз треба со тој, кој се чувствува и во падовите – со групата. Преку неа ние склучуваме сојуз со Создателот, да се движиме секогаш во давање на Создателот и групата. Групата – е гарант за сојузот. Склучување на сојузот – е кога целата груша се обврзува да се грижи за взаемната подршка, постојано да му се наоѓа секому во намерата на давање. Во степенот на нивната поврзаност, тие ја добиваат подршката од Создателот.
2-та состојба – после некое време состојбата на воодушевување и поврзаноста се менува во апатија, отсутството на важноста на целта, Создателот, наградата од добриот однос кон пријателите и Создателот. И човекот не може да мисли за љубов, врска, давање.
А) Ако тој не добива поддршка од групата, тогаш паѓа, мислејки дека Создателот не е важен, наполнувањето и наградата не постојат. И може целосно да го напушти патот.
Б) Ако врската со групата пробудува и привлекува, не може се да напушти, си спомнува за склучениот сојуз. Бидејки во падот се губи важноста на давањето, затоа што се изгуби наградата – и тука треба да помогнат взаемната поддршка, сојузот, врската со групата.
На таков начин тој повторно се враќа кон сојузот – кон тој однос на добрина, љубов и поврзаност, спомнувајки си, дека треба да се оди со вера над знаењето, над тековното отсутство на чувството, така, како да тоа чувство постои, и станало уште поголемо! Така тој посакува да оди кон "верата над знаењето" (давање над наградата). И сфаќа, дека сили за тоа тој може да добие од Создателот. И тоа го доведува него до молитвата.
Сите грешници и праведници – се во мене
Зохар, глава "Вајехи",п.193: За останатите грешници на светот не е речено: " Било грешно во очите на Создателот...". Тука е речено: "Беше Ер, првороденче на Јехуда, грешен; и беше грешно во очите на Создателот тоа, што тој го правел", бидејки е речено: " го излевал семето на земја".
Скалилото на духовните скалила, по кое ние започнуваме да се искачуваме од нашиот свет до светот на Бесконечноста, се состои од 125 скалила ( состојби) , кои уште се делат на множество одделни состојби. Секоја состојба се состои од сад и светлина во него. Затоа, од напишаното во Тора произлегува, дека ако јас се наоѓам на скалилото "Ер", тогаш извршувам дејство, нaречено "излевање на семето на земја". А ако јас се наоѓам на скалилото "Јаков", тогаш, согласно на тоа скалило, образувам три линии. Затоа, читајки го текстот, неопходно е да се сфати, дека во дадената состојба човекот престојува во облик, наречен Мојсеј или Арон, Аврам или Фараон, Билам или Балак, - и го извршува карактеристичното за секој од нив дејство.
Станува збор за внатрешните состојби на човекот, кои тој мора да ги помине, добивајки впечаток од своето "почетно зло" и светлината, која враќа кон изворот. Збирот на сите овие ликови, облици, кои тој ги поприма, потоа се собираат во заеднички лик на сличноста со Создателот. Сите грешници и праведници се соединуваат во него, со сите празнини ( садови) од состојбите на грешниците и со сите исправувања и наполнувања со давање од состојбите на праведниците. На таков начин човекот се искачува во вечноста.
Од дневната лекција /05.09.2010