Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Спремање за правилниот став

07.10.2010

Сета наша работа има за цел подготовка. Нашата задача не е да го избришеме егоизмот кој се разоткрива во нас, туку да бидеме спремни секогаш да го уочиме како разоткриен од страна на Вишата Светлина, Создателот. Треба веднаш да ја уочиме во него Светлината како горки, но радосни знаци на нашиот развој. Нашите души (желбата и Светлината) постепено слегле, и сега мораме да ги откриеме истите степени или состојби одоздола нагоре. Мораме да ги доживееме со сите нивни детали бидејќи инаку ќе има грешка во општото Кли, во Конечната Исправка.

Не можеме да ја смениме судбината бидејќи слегува одозгора надолу. Меѓутоа, можеме да се спремиме поинаку да ја видиме и перцепираме. Непријатните чувства во егоизмот, желбата за уживање, се предизвикани од тоа што јас се поистоветувам со моето его. Меѓутоа, ако се издигнам над него и се спремам да ги видам само како добри промените во се што доаѓа од Создателот, тогаш истите состојби на непријатните откровенија на егоизмот ќе ги видиме како добри, позитивни и корисни. Ќе бидам благодарен за нив.

Кога ќе почнам поинаку да гледам на ставот на Создателот спрема мене, тогаш сите мои намерни и ненамерни престапи стануваат мои прилики за да бидам поправен и да достигнам состојба на давање, и тогаш овие престапи се претвораат во мои заслуги. Затоа, се зависи од мене и моите подготовки.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica