14.05.2010
Прашање: Што го тера суштеството да донесе такво решение-да изврши смалување (Цимцум)? – Срамот! Суштеството чувствува срам во сите свои желби, тоа не е решение на разумот, туку на чувствата. Јас чувствувам дека не сум способен да останам примател! Светлината која ме исполнува го претвора за мене задоволството во смрт. Таа ми дава таков осет како да ја губам целата светлина, целото полнење.
Светлината-е задоволството, и во моментот кога јас ја добивам, ми се чини дека добив толку многу.Се исполнив и почувствував огромно, бесконечно задоволство. Но веднаш почнувам да откривам дека го добив тоа задоволство од некого, и ме фаќа срам, едноставно пламенот на срамот ме изгорува. Јас чувствувам толку голема непријатност затоа што таа ме поништува мене како личност. Јас горам од срам и се мразам и себеси, и Него...Тоа се нарекува губење на светлината и тука не се потребни некакви разумни заклучоци и решенија. Тоа се сетилни чувства, затоа што задоволството го снемува и јас веќе не добивам исполнување. Срамот од примањето-е многу високо чувство, дај Боже секој да го осети.
Срамот, кој е посилен од смртта
Прашање: Како да стигнеме до чувството на срам и да го смалиме својот егоизам?
– Срамот е многу високо чувство, тоа не ни доаѓа на почетокот на патот. Тоа е срам кон Создателот, Давателот, поради тоа што Тој е тој што дава, а јас-тој што прима.
Во нашиот свет ние постојано се ограничуваме себеси во примањето, само за да не се срамиме. Ние треба да го оправдаме нашето примање. Да го сочуваме своето достоинство, своето Јас, кое ни е помило од животот. Подготвени сме да умреме, само да не се понижиме. Така е зацртано во нашата природа. Луѓето се подготвени да умрат само за да се зајакнат во своето Јас, во својата амбиција, своето славољубие.
Срам-тоа е кога чувствувам дека моето Јас се анулира, исчезнува. Ако јас ја губам својата желба и исполнување, јас не чувствувам дека престанувам да постојам. Човекот умира и не чувствува дека апсолутно исчезнува од реалноста. Кај него постои чувство дека губи само еден дел од неа, се ослободува од своето минато.
Но кога ми доаѓа чувството на срам тоа го поништува моето духовно постоење. Тоа е такво внатрешно чувство како да од мене сега ништо нема да остане! Тоа е поважно од нашиот живот и смрт, толку е длабоко. И не може да му се спротиставиш. Човекот е подготвен да умре, само за да не дозволи да исчезне точката на неговото Јас. Затоа што телото е само животинско и ние не многу се плашиме да го изгубиме.
Гледаме како луѓето ги ризикуваат своите животи. Но Создателот игра со нас, ја возбудува точката на нашето Јас последователно и систематски допирајќи ја. И не ни преостанува избор, ние мораме да превземеме некои дејствија, за да ја сочуваме својата личност.
Чувството дека морам да се издигнам над овој живот, над смртта ми помага да ја пронајдам втората природа. Јас сум подготвен да ја примам! Ми велат да давам-јас сум подготвен! Да се изгубиш себеси денешен-повелете, јас се согласувам! Само да би останала да постои таа точка на моето Јас.
Таквото чувство може да го даде само Светлината, која не враќа кон изворот. Светлината делува врз нас и ја разбудува во нас таа точка, која лежи во самата наша основа-тоа е почетната точка „Еш ми а ин" (создадена од ништо). Таа не е материјал на желбата да се задоволи, туку многу подлабока.
Средство за негово достигнување, тоа е кабалистичката група и учењето. Во групата ние се трудиме да изградиме модел на духовното единство, како во светот на Бесконечноста. А пак на сметка на учењето во условите на тоа единство, ние ја привлекуваме светлината, која не воздигнува кон токму таа состојба. Не постојат никакви други средства! Само група и изучување внатре во групата. Тоа е ужасно чувство, но токму тоа ни го донесува спасението.