10.03.2012.
Во блиска иднина, човештвото ќе ги елиминира сите видови на непотребни професии освен оние кои се потребни за обезбедување на сé што е потребно за нормален и рационален живот. Човекот ќе треба да работи два или три часа на ден и остатокот од времето ќе му биде слободен. Во овие саати луѓето нема едноставно да бидат ослободени од работа, но ќе мора да создадат околина која ќе влијае врз сите други. И секој од нив ќе има ефект врз другите за да може секој да биде под вистинското влијание на повеќето видови околини кои ќе го олеснат неговиот или нејзиниот понатамошен развој.
Овој просец е сличен на начинот на кој расте овошјето и зеленчукот во стаклена градина. Едноподруго се создаваат различни услови и во посебни комбинации, и затоа тие растат во изобилство и ние добиваме одлично слатко овошје кое го задоволува сечиј вкус. Треба истото да го направиме со себе и со нашите деца. Оваа работа ќе стане главна професија на човекот кој живее во новата ера. Има причина зошто моменталната криза не ја гледаме како трагедија, туку како позитивен феномен, раѓање на новото општество, ново човештво во кое ќе почнеме со подготовките за наредната фаза на обединување и сфаќање на сите способности кои лежат во секој од нас.
На овој начин, напредуваме кон заедничко поврзување и сфаќање, и создавање на лик на еден човек од целото човештво, чии делови хармонично се надополнуваат и создаваат единствено битие. Во ова единствено човештво кое ќе го создадеме, ќе откриеме една сила која ни дава чувство дека никој од нас повеќе не живее во индивидуално внатрешно чувство, туку во заедничка перцепција на оваа обединета целина. Човекот го живее сопствениот живот, но во исто време, тој или таа ги чувствува и животите на сите други кои сега станале толку блиски со него, што може да ги разбере, почувствува и е вклучен во сите нив. Излегува дека јас повеќе не живеам живот на едноставна мала личност, туку мојот живот е испреплетен со дишењето и живеењето на целото човештво. Од состојба на мала, слаба единка, почнувам да се искачувам кон највозвишениот статус во природата. Така го перцепираме животот во ова ново „говоречко“ ниво кое припаѓа на степенот на Човекот. Нашата психологија, ставот кон животот и погледот кон светот ќе се променат од ситни, егоистични и ограничени лични погледи во широка и глобална перцепција. И низ призмата на целото човештво, како низ нови очила, ќе почнам да гледам нов свет. Почнувам да го гледам различно и во него да окривам живот кој зависи не само од желбите на моето тело, туку од сите луѓе во светот. И тогаш се издигнувам до чувство на живот надвор од моето тело. На овој начин, низ психолошко издигнување постигнуваме посебна состојба.
Целиот процес на кој мораме да се подвргнеме може да се подели на два дела. Првиот дел е патот што досега сме го поминале. Низ целата негова должина, се развивме без многу да ја искористуваме околината. Дури и кога сме требале да се обратиме кон таа помош, тоа било во ретки случаи. Моментално сме во криза која оправдано се нарекува глобална и интегрална. Сега чувствуваме дека немаме избор, и преку употреба на околината треба да се развиеме во насока каде целото човештво ќе стане интегрално и глобално, врзано заедно како еден човек со едно срце. Ова може да се постигне со помошта на соодветната околина. Ова е животот на „човечкиот“ степен кој почнува откако ќе се излезе од животинското ниво во кое живеевме на среќа. И сега почнуваме да го насочуваме нашиот развој во посебна насока со цел од стаклената градина да примиме прекрасно овошје во сета негова совршеност. Заради оваа студија, ќе знаеме како да ја организираме нашата околина и низ неа да се оформиме себе си и целото човештво. Затоа темата на „Околината како одлучувачки фактор на добрата иднина на човештвото“ е најважна во изучувањето и практичните активности во овој курс. Се надевам дека оваа образовна програма ќе биде прифатена во целиот свет. Ќе нè доведе до добар живот и ќе вроди со прекрасен плод.
Од КабТВ „Нов живот“ епизода 3,
Само чудо ќе го стопи каменото срце
Нашето поправање се состои од добивање на „глава“. Ова е целата разлика меѓу почетната Малхут на светот на Бесконечноста од која се прошириле сите светови, и Малхут на светот на Бесконечоста во својата последна, трета состојба во која се враќаме по завршувањето на нашето поправање.
Целата разлика е во оваа глава бидејќи Малхут на светот на Бесконечноста е целосно исполнета со Светлината и во првата и во третата состојба – се додава само умот. Едноставна желба која претходно постоела, сега управува со намерата и прави пресметки колку може да прими за доброто на дарувањето, колку може да даде за доброто на дарувањето, и дали воопшто да прима или да прима само егоистично.
Сите овие одлуки се пренесуваат од авторитетот на Создателот на битието, самиот човек. Тогаш, човекот добива можност да го задоволи Создателот на истиот начин на кој Создателот го задоволува него, како гостин кој го прифаќа честењето од домаќинот. Од оваа причина, тој ја стекнува истата позиција, истиот степен како Создателот.
Треба да работиме на нашата намера на овој пат, но понекогаш е неопходно да се разделиме од Светлината, Создателот, Домаќинот, за Неговата величина и апсолутна моќ која се шири низ целиот универзум да остане скриена од нас, овозможувајќи ни да ја задржиме нашата независност. Дури и кога се чувствувам слободен, како дете оставено само дома од родителите, се обидувам да се однесувам примерно, како Домаќинот да е секогаш со мене.
И вака е и покрај фактот што мојата природа постојано се противи, го крие Домаќинот од мене и ме води во спротивната насока. Сé е направено така за да можам да го замислам Создателот пред мене и така да го проучувам и откријам. Затоа нашиот свет се нарекува откривање во сокривање, „ Megilat Esther (Ештеровите списи)“. Започнуваме со оваа работа во моментот кога за првпат ќе почнеме да ја чувствуваме желбата да го разбереме значењето на животот. Од тој миг, останувам збунет и не можам да разберам кој сум и зошто постојам, каде одам.
Првото нешто што треба да го сторам е да се смирам и да сфатам дека секој момент јас сум во најдобрата состојба за напредок. Има цел систем на Парцуфим, светови, Сфирот и Решимот (духовни гени) кои работат горе, и целиот овој механизам е наменет само за да ми помогне. Сите светови се создадени само за човекот, постојано да му ја овозможуваат најдобрата состојба за напредување кон целта на создавањето, неговата совршена состојба.
Оној кој однапред го прифаќа ова има различен став кон сé што му се случува. Тогаш, престанува да се жали и секаде да гледа проблеми, да не се согласува со неговите состојби, и со сé што му се случува нему и на светот. Ова само сведочи на неговата безумност и кусогледост. Сега, тој почнува да бара како, според која формула, со кој став ќе може да го добие максимумот од секоја состојба за постигнување на целта.
Има извесни услови поставени пред време кои не ги разбирам бидејќи не ми е познат целиот систем. Затоа мораме секоја моментална состојба во која сум завршил со желбите и мислите, со срцето и умот да ја прифатиме како што ни е дадена и да ја насочиме кон постигнување на целта.
Целта е спојување со Создателот, постигнување на сличност со него. Затоа морам да се обидам да го замислам Создателот во секоја состојба и да станам како Него, да земам пример од Него како гостинот од домаќинот. Како што е запишано: „Јас кон Ближниот и Ближниот кон мене.“
Оној кој ја разбира неговата состојба како што му е дадена, и правилно се насочува така што „Израел, Тората и Создателот се едно“ на овој начин напредува. Тогаш, наоѓа ментор, книги, групата и целта. Сé ова е пред него; сите патишта се отворени. Ова е постепен процес, чекор по чекор кој завршува со големо чудо. Можеме да го видиме крајот на сите поправања во него, бидејќи сите поправки се наменети за откривање на „каменото срце“, точката што не дели од Создателот, наречена „постоење од отсуство“. Ние сме „отсуство“, додека Тој постои. Сакаме да ја надминеме оваа разлика, која се нарекува постигнување на спој.
Меѓутоа, откриваме дека тоа е амбис кој не можеме да го пречекориме, исто како што некоја што е родена како жена не може да стане маж, или некој роден црн не може да стане бел или црвен. Не можеме да ги промениме квалитетите кои сме ги добиле од природата.
Најголемата разлика од сите можни разлики е онаа меѓу „постоењето„ и „отсуството“. Ја откриваме оваа разлика во облик на каменото срце, кое се поправа преку чудо наречено Пурим.
Од првиот дел на дневната кабала лекција , Писанија на Рабаш
Зближување со странецот
Ако зборуваме за новата генерација, новата ера во која постоиме, доаѓаме до уште поважни заклучоци. Сите ние кои живееме на ова планета сме тесно поврзани меѓу себе и зависни еден од друг, така што опркужувачката околина станува едно за сите нас, и влијаеме врз климата и екологијата. Тоа што ќе се случи на едно место предизвикува земјотрес или цунами на друго место; војна во една земја веднаш ги засега и другите. Гледаме дека не треба едноставно само да се здружиме во извесно општество или група, туку да организираме заедничко, глобално и интегрално воспитување.
Бидејќи сме врзани заедно, нашето воспитување и средина кои ги создаваме (одлучувачкиот фактор на нашиот развој) треба да ни ги пренесуваат истите вредности за да се сфатиме еден со друг и ќе ја задржиме својата индивидуалност и слобода. На крајот на краиштата, ако сме толку зависни еден од друг, треба да се сфатиме и да се чувствуваме еден со друг, да станеме поблиски. Целиот проблем е во тоа што не се разбираме еден со друг како во семејство каде што секоја личност се жали дека е неразбрана. Луѓето се некомпатибилни еден со друг бидејќи имаат различни вредности, вкусови и ставови кон животот...
Од една страна, со цел да го сфатиме ближниот или дури и странец, неопходно е воспитување. Но од друга страна, тој странец треба да биде помалку странец ако денешната култура, воспитување, економија и сите постоечки структури се блиски и независни.
Неопходно е да се развие систем на глобално, меѓународно и мултикултурно воспитување, и оваа голема меѓународна организација треба да се осигура дека секоја личност во светот има нешто заедничка со другите во нивното воспитување, култура и став кон животот. Тогаш човекот ќе знае како да го прифати другиот, и на крај, луѓето ќе се зближат во своите погледи и вкусови; ќе можат да го направат нивниот живот посигурен и да постигнат взаемен договор.
Освен тоа, ова нема да биде само взаемно разбирање меѓу двајца странци, и ќе има влијание врз меѓународни договори, решавачки политички одлуки, економија, одбрана – сé. Треба да се зближиме еден со друг и ова зависи од тоа дали можеме да создадеме единствен систем на воспитување за сите.
Поинаку кажано, треба да разбереме дека околината како фактор треба да стане решение на сите наши проблеми. За тоа е предодредена природата! Затоа, наместо да ги ставаме луѓето во затвор и да ги изолираме оние кои вршат злодела, треба на сила, со судска наредна да ги ставаме во специјална околина која ќе ги едуцира и ќе ги претвори во продуктивни членови на општеството. Соодветно на тоа, ќе го потврдиме влијанието на околината врз таквите личности и под услов тој или таа да се промени, ќе ги ослободиме и префрлиме во нормално општество.
Истиот принцип функционира и во врска со децата и училиштата. Треба да ги провериме и идентификуваме различните типови на луѓе и да одлучиме кој е најсоодветен за секој слој, секоја старосна група. Врз основа на ова, исто земајќи го предвид карактерот и посебноста на личноста и искористувајќи го сéвкупното влијание на опркужувачкото општество врз личноста, можеме да му/ѝ дадеме можност да се искаже на најдобриот можен начин.
Односно, имаме разбирлива и разновидна алатка која вклучува мноштво кругови и различни групи, и треба да се обидеме да ја водиме личноста кон влијанието на даденото општество додека тој или таа не стекне правилна и хармонична форма. Ова е слично на овошје што зрее и му треба и топлина и студ, ноќ и ден, влага и сувост, светлина, и одредена комбинација на минерали. И тука, со цел личноста да созрее и да се претвори во зрело „овошје“ кое има благ вкус за сите, општеството не треба да го/ја притиска од еден правец, туку да ги врши сите различни видови на влијание.
Затоа околината е единствен фактор преку чија употреба можеме да го поправиме сето зло што постои во личноста и човештвото, предизвикано од нашиот егоизам. Само треба да ја земеме оваа алатка в раце, да организираме различни видови на средини кои ќе ѝ соодветствуваат на културата, образованието и навиките на дотичниот народ, на посебноста на различните цивилизации и на овој начин да најдеме пристап до секој дел од човечкото општество, во секоја земја, сé до последната поединка.
Од КабТВ „Нов живот“ епизода 3,