07.02.2011
Одозгора надолу ни се праќаат сите влијанија кои управуваат со нас: силите, материјалните ресурси (на пример: минерали и енергија за нивен равој). Одоздола нагоре освен дејствата од нас произлегува нашата реакција, дополнителните поправки на неживото, растителното, животинското и човечкото ниво: инженерството, земјоделството, сточарството, индустријата за храна и сето друго. И на крај внатрешните поправки кои се прават за сметка на изучувањето на кабалата.
Сето тоа доаѓа како наш додаток одоздола и се обединува во една пирамида за да се присоедини кон намерата. На врвот на пирамидата стои човекот со својата намера. Тогаш целиот свет се присоединува кон тој човек кој ја создал намерата.
Работата е во тоа што човекот сака да ги избрише ограничувањата пропишани со времето, движењето и просторот. Во тоа е изворот на движечката сила која нè принудува да бараме со што да ја дополниме оваа наша реалност. Ние треба да го разгледуваме времето, движењето, просторот и постоењето на реалноста не како препреки што ни пречат, туку како помош!
И откога ќе ги извршам сите дејства за да се наполнам за сметка на времето, движењето и просторот, измислувајќи за тоа секакви начини и доаѓам до постоењето на реалноста – јас сум обврзан да ја совладам и затоа во мене се појавува потреба да се достигне Создателот, прашањето за смислата на животот, прашањето за нејзиниот Извор.
Заклучок: Сé слегува до нас во вид на Директна Светлина (О"Ј) одозгора. Ние мораме тоа што слегува до нас од повисокото скалило (О"Ј) да го преслечеме во Одразена Светлина (О"М) долу. Тоа е нашиот додаток. На неживото, растителното и животинското ниво тој е изразен како сите наши напори во создавањето на удобната околина, во произведувањето на синтетички производи и технологии.
Затоа во нашиот свет веднаш до човекот се појавуваат могу синтетички процеси и производи кои немаат директни аналози во Вишиот свет. На нивото "човек" кон кое ние денес преминуваме, додаваме на вишото влијание екран и намера (О"М).
Исконскиот инстинкт на поправката
Од светот на Бесконечноста до светот Адам Кадмон се спушта обичната Светлина, 10 сефирот на желбата и екран меѓу нив. Светот А'К почнува сето тоа да го дели на компоненти: пет парцуфим ТАНТА (таамим, некудот, тагин, отијот) – сé сега засега работи директно: Светлината, желбата и екранот, но во многу детали. Како сега да се врати соедини, изедначи светот А'К со Бесконечноста?
Ако се земе целиот свет А'К и целиот се соедини, заедно со сите долни светови создадени после него, кои ќе го наполнат после крајот на Поправката, тогаш тоа ќе биде еднакво на светот на Бесконечноста. Тоа со што светот А'К не може да се дополни одозгора до Бесконечноста – го продолжува надолу, за да се дополни на таков начин. Затоа тој го гради светот Некудим и ги разбива световите – на тоа го тера потребата на своето скалило да стане рамен на светот на Бесконечноста. Така размислува секој свет: "Јас морам да ја достигнам Бесконечноста!" – и со таа цел тие се разбиваат и градат нови скалила, пониски од нив. Сите долни скалила во однос на некој од световите – се демонстрација на тоа што му недостасува за да стане свет на Бесконечноста.
Таква потреба за совршенство се открива на секое скалило принудувајќи го да гради нешто подолу од себе. Во таква форма се распространуваат надолу световите, а од најдолното скалило нагоре започнува обратен процес: проценка на тоа што треба да се направи за да се достигне повисока состојба. Тоа прашање е втемелено внатре во целата Природа: на неживото, растителното, животинското и човечкото ниво.
Човекот во кој се пробудува такво прашање го восприма многу едноставно: како напредување кон некоја подобра состојба. Тој уште не знае дека тоа е внатрешно прашање како да се достигне спојување со Создателот, да се стигне до Бесконечноста, да се дополни себеси до следното повисоко скалило, кое во однос на него е како бесконечност. Така сите ние се враќаме горе.
Произведуваме машини, телескопи, микроскопи, бомби и бродови – сé затоа што чувствуваме дека сето тоа ни е потребно за да се дополниме себеси до повисокото скалило. Сум создал фрижидер – со тоа направив уште еден чекор кон повисокото скалило. Не е важно што произведувам – автомобил, радио – тоа ме приближува до следното скалило, затоа јас ги создавам!
Во тој подем, во стремежот нагоре – човекот проаѓа преку технички и општествен равој – до нашата денешна состојба. Порано не сме прашувале што е тоа повисоко скалило – бевме движени со природниот инстинкт на развојот. Многубројните дејства и вештачки пронајдоци во овој свет всушност не се измислени вештачки! Така ме принудува да дејствувам разликата меѓу мојата денешна и повисоката состојба. Од ова треба да се разбере дека во нашиот развој нема ништо излишно!
Какви и да создадеме, по пат излишни материјали, машини, фабрики, лекови, напразно да ги расипуваме производите, да создаваме наводно никому непотребни украси, златни и сребрени прибори – но не е важно. Сето тоа произлегува како резултат од нашиот стремеж да се дополниме до повисокото скалило и затоа сé се вклучува во процесот на поправка, дури и во најнадворешна материјална форма. Не постои ништо излишно!
"Обратна Светлина" од домовите и паробродите...
Секоја гранка е поврзана со својот корен – односно сé што се наоѓа долу се управува одозгора. Но нижиот свет има голем број детали кои се создадени од нашата реакција долу. Зошто ние треба да ја кренеме Обратната Светлина, должни сме да ја создадеме!
Секое скалило треба да се крене кон своето, за него повисоко скалило. На неживото, растителното и животинското ниво јас создавам своја "Одразена Светлина" во форма на машини, фабрики, облека, прибори за домаќинство, детски работи и сл. Оваа моја работа засега се смета како "Одразена Светлинат", поправки, кои треба да ги направам.
Додека пак на скалилото "човек" веќе нема да ми требаат сите тие работи! Сите поправки јас ќе ги правам во намерата. Додатокот кој го создавам во овој свет – се нарекува моја поправка. Тоа што се спуштило одозгора – дадено ми е како појдовен материјал: моето тело, природата што ме опкружува. Сето друго јас го додавам од себе за да се искачам од овој свет во светот на Бесконечноста!
Затоа во почеток градам домови и сé друго во нашиот свет, сé додека не го достигам во својот развој скалилото кога почнувам да работам со намерите. Тогаш нашиот свет почнува за мене да прима друга форма – јас почнувам навистина да се кревам од материјалното производство кон духовното. Но сé додека луѓето не го достигнат духовното ниво на поправката – овој свет ќе постои во нашиот осет, во нашето воспримање на реалноста.
Штафета во светот на Бесконечноста
Сите духовни парцуфим и сефирот се делат и наизменично се менуваат според својата природа: Хасадим/Хохма, дејство и премин за пренос на ова дејство, "преку еден" – повисокиот објект преку следниот после него влијае врз понискиот.
Така влијанието се пренесува преку еден по низата: еден дејствува/еден не, еден дејствува/еден не и т.н. Работат преку еден во Хохма и во Хасадим, како ден и ноќ, како бран. Цело време се случува промена од "глава на нозе" и редоследно се менуваат Хохма-Хасадим-Хохма-Хасадим или захар/некева (машка особина /женска), паним/ахораим (лице/опачина)...
Тоа е небаре наизменична струја или импулси, промена на фазите, сé додека сите не се соединат во својата конечна поправка во еден аналоген систем – во еден свет на Бесконечноста, постојан, вечно постоечки. А до тогаш сите процеси редоследно се менуваат и токму постоењето на овој тек и постојаната промена меѓу Хохма и Хасадим, тоа менување – ни овозможува преку посебни изолирани дејства на крај да ја достигнеме "аналогната", интегралната форма – совршенството, "кругот" каде што сé се спојува во една целина.
Комплициран начин на постигнување на божествената едноставност
Прашање: Ако сé во нашиот свет произлегува од вишите корења, тогаш од каде потекнуваат сите вештачки измислени работи кои не постојат во Природата – на пример автомобилот на тркала?
Целата Природа е слика која се појавува во мене и ми се дава одозгора. Во духовниот свет нема автомобили, но треба да постои самиот поим, инаку како ние би добиле идеја за него? Експлицитно корените на Вишиот свет се манифестираат кај нас во вид на четири нивоа на Природата: неживото, растителното, животинското и човечкото.
Додека сé друго доаѓа до нас во форма на мисли – сите наши навидум вештачки пронајдоци (ракети, автомобили) произлегуваат од Вишата мисла и не се должат на набљудувањето на Природата. Тоа не се распространува на директен задолжителен начин одозгора надолу, туку се измислува од човекот кој го надополнува за себе тоа што му недостасува во овој свет.
Четирите фази на Директната Светлина се распространуваат раѓајќи светови, парцуфим, сефирот и нивни различни комбинации – одозгора надолу, од светот на Бесконечноста до овој свет. И на секое скалило сé што постои во пониското – му доаѓа од повисокото, сите негови форми. Иако ни се чини дека на пониското ниво постојат поразвиени форми, поради неговиот недостаток на совршенство бара откривање на поголем избор на материјали и негови соединенија.
Горе во светот на Бесконечноста сé се обединува во едно, во сеопшто единство. Толку е едноставен во споредба со нашиот комплициран свет. Но во суштина нашиот свет не е побогат по содржина, тој само мора да биде поделен во одреден број на компоненти. Долу постојат милијарди елементи на Природата: неживото, растенијата, животните, човекот, и во секој од нив бесконечен број на детали. И колку што се креваме по скалилата на световите, ги гледаме сé помалку. Затоа што, за да се дешифрира концептот на единство кое постои горе во Бесконечноста – нам во нашиот свет ни треба бесконечен број на елементи кои правилно поврзани заедно, можат да го реконструираат тоа единство. Сосема е јасно дека во тоа постои голема разлика меѓу повисокото и пониското скалило во степен колку што пониското е повеќе материјално – и затоа бара повеќе детали.
Но, притоа во пониското нема ништо што не би постоело во повисокото. Едноставно во пониското се откриваат посебни детали кои во повисокото се споени во целина и се воспримаат како една целина. Но всушност тоа не е само едно. Како во светот на Бесконечноста сé се обединува во едно во својот стремеж за давање и ние не забележуваме никакви поделби, тоа не значи дека сите тие поими таму не постојат.
Во светот на Бесконечноста постојат бесконечен број на елементи, но тие се обединети во едно и затоа тоа се нарекува обична бесконечна Светлина која го исполнува целиот универзум. Всушност тоа не е "обична" Светлина Нефеш – туку НАРАНХАЈ де-НАРАНХАЈ, 620 пати поголема, која само се восприма како обична. А најдолното скалило само се постигнува себеси во таква "комплицирана" форма. Ние на него создаваме толку различни работи – само за сметка на својата слабост, неспособни на друг начин да го постигнеме повисокото. А кога го достигнуваме повисокото скалило, веќе не ни требаат сите тие додатоци.
Целиот вишок на детали кои ги имам на пониското скалило произлегува од тоа што сум додал за да се дополнам себеси во однос на повисокото скалило. Но одозгора надолу се распространуваат истите елементи.
Истиот единствен свет на Бесконечноста постои во нашиот свет. Додека огромниот број на додадени од мене или откриени детали во Природата доаѓа од фактот дека јас не сум способен да го воспримам овој "обичен" свет на Бесконечноста. Сé околу мене се нарекува имагинарен свет. Сите светови се само "скривања што исчезнуваат" на светот на Бесконечноста во кој нема ништо освен желбата исполнета со обична Светлина.
"Компактен" свет после поправката
Одозгора надолу до нас се распространуваат четирите фази на Директната Светлина: "свет – година – душа" и постоење на реалноста.Но, целиот вештачки изграден од нас додаток, ни е потребен за да го постигнеме повисокото скалило. Ние го градиме тоа наше дополнување до повисокото во нежива, растителна и животинска форма.
На неживото ниво создаваме различни предмети, на растителното и животинското – ја менуваме природата, а на човечкото – правиме поправки во самите себе. Сé, за потоа да го соединиме тоа заедно со правилната намера и да го достигнеме повисокото скалило. На него ние ќе се почувствуваме помалку бројни отколку сега – повеќе обединети, сплотени.
Денес ние го чувствуваме светот полн со бесконечни детали – огромна Вселена, милијарди луѓе, бесконечен број на произведени производи и отпад. Но кога ние ќе се искачиме на следното скалило, ќе почнеме да согледуваме како светот се смалува, се намалува според бројот на деталите – бидејќи сите ние се соединуваме во еден човек, со едно срце.
Но, на секое скалило треба да го додадеме нашиот напор на нивоата: неживото, растителното, животинското и човечкото. Видете што сé сме направиле во нашиот свет: колку требаше да израснеме растенија за да преживееме, колку да промениме во животинскиот свет и на човечкото ниво – сите изградени од нас градови и целата животна околина. Сето тоа се поправки, какви и да ни изгледаат тие промени – лоши или добри. Ние ги додаваме на своето скалило одоздола.
Сите тие железа и отпад ни се потребни поради недостаток на нашата внатрешна поправка! Додека не сме поправени внатре, принудени сме да правиме надворешни поправки, сé додека не дојдеме до состојбата кога тие веќе нема да бидат потребни.
Почнувајќи од нашата генерација па понатаму ќе видиме дека според степенот на развојот ќе се смалуваме. Сета наша огромна активност и големите фабрики, ќе се намалуваат, ќе заземаат повеќе "чувствителна" форма и ќе исчезнуваат. Ќе стануваат поедноставни, покомпактни, помоќни, - односно "подуховни", помалку базирани на материјалот, а повеќе - на енергијата.