02.11.2010
Уште од времето на древниот Вавилон останаа луѓе, кои припаѓаат на "Исра" и "ел" (Јашар кел – Стремеж кон Создателот). Во текот на историјата, нивниот број станува се поголем, поради взаемното вклучување на душите меѓу себе. И затоа, сега постојат толку многу луѓе, кои бараат духовно ослободување – излез од особината на егоистичкото примање – кон давањето.Внатре во секој од нас се одвива таква внатрешна борба помеѓу желбите "Исра" и "ел", кои се стремат да дојдат кон давање и љубов, и сите останати мои желби, кои сега засега не сакаат да слушнат за давање и соединување.
Така човекот цело време се колеба, на која страна да се приклони, под чија власт. Ако желбата е навистина за давање, духовна искра, останата од разбивањето, тогаш човекот не ќе може да остане потонат во својот егоизам, во своите желби "народи на светот". Духовните искри неизбежно ќе испливаат од таму. Во почеток тие паднале и се помешале со таа огромна егоистичка желба, небаре фрлени во тој "буљон" и натопени со него, а потоа нив ги извлекуваат назад, заедно со целата, впиена во нив, желба (авијут). Односно искрата (Г'Е) се враќа на своето место, но опкружена со желби, залепени за неа – тие се нарекуваат "АХАП де-алија". А додека "Исраел", желбата кон Создателот, е потопена во желбите на "народите на светот".Таа нема да најде спокој и ќе биде истиснувана од нив, како нешто туѓо – за да се искачи и да изврши исправување. Да се наоѓаш под власта на тие желби – се нарекува прогонство. А подемот и исправувањето – се нарекува ослободување.
Прогресирање со украдена енергија на давањето
Што значи "да се раствориш меѓу народите на светот"? Твоите егоистички желби го раскинуваат на делови твојот стремеж кон духовното и се врежуваат внатре во желбата Исра – ел во тебе. Сите тие – се твоите лични желби: Г'Е (желба за давање) и АХА'П (желба за примање), измешани така, што не е можно да се одделат една од друга. Давачката желба (Исраел) се натопува со егоистичките намери (народи на светот), и се учи да дава поради себе, сопствениот интерес – и успева во тоа повеќе од другите народи! Бидејки целиот разум, чувство, извонредните особини Г'Е, дадена на Исраел за достигнување на духовниот свет, се користат од нивна страна за егоистички успеси во овој свет!
И тие луѓе (евреи) уште се гордеат со своите достигнувања во материјалниот свет – но тука нема со што да се гордееш – бидејки нам ни е даден минимален дел од духовните можности, една мала искра, за со нејзина помош да се кренеме во духовниот свет. А ние ја вложуваме неа во ништожни придобивки на овој свет – се добива двојна ништожност, "спротивен успех" – ние го влечеме целиот свет кон бесмислен развиток, додека не им се открие на сите, дека светот навлезе во ќорсокак. И кој тоа го сторил? – Истите тие искри на давањето, Г'Е, примени уште од Вавилон и искористени заради примање – а не за нашата намена, за тоа, да се кренат АХА'П, примачките желби (народи на светот) нагоре.