Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Тесна пустина која ме води - 04.03.2010

 

Во оригиналниот текст на Зохарот нема поделби на параграфи со броеви и статии. Тоа е еден непрекинат текст.

Тората воопшто е напишана без меѓупростор, од почетокот до крајот. А поделбата е предизвикана од тоа, дека ние сме толку малив и не можеме да ја примаме и вклучиме целата внатре во себе.

Затоа, колку повеќе се придвижуваме во равитокот на поколението од времето на пишување на Зохарот или Тората, толку повеќе имаме потреба од поделба на текстот на делови, параграфи, глави со имиња; нам ни е многу тешко да примаме некои редови букви, гледаме на редовите букви и стануваме слични со нив во своите намери и има за задача поправување на желбите на човекот (како е создаден кабалистичкиот молитвеник).

Затоа Баал хаСулам го поделил целиот Зохар на параграфи и статии, а освен тоа тој сакал да стави и воведи, определувања, појаснувања пред текстот.

Со тоа тој сакал да го избалансира текстот на Зохарот со своите коментари така, за да едноставно не пишува појаснувања, а во текстот на Зохарот ја означува средната линија.

Без тоа ние не можеме да го избалансираме тој текст внатре во себе, за да тој правилно се облече во нас, во средната линија.

Тој ни дава објаснувања, зема и разнишува во нас за време на читањето на книгата, на тој начин насочувајќи го нашиот поглед, поход, чувство да се движи по средната линија, по златната средина.

Затоа јас треба со благодарност да ги прифаќам сите коментари, долги или кратки и со нив да одам, разбирајќи дека со тоа ја градам својата средна линија.

Затоа е назначено "Коментари на Сулам". Без него Зохарот едноставно е две линии, како и целата Тора, а средната линија треба да ја изградиме сами. И "Коментарите на Сулам" ни помагаат во тоа.

Тој затоа е наречен и "Сулам" (скалило), дека веќе е изграден во вид на степени по кои ние треба само да се искачиме.

За тоа треба да вложиме сили, но скалилото веќе е готово. Само подбутни се малку напред и ти најверојатно нема да паднеш од патот.

Потоа Баал хаСулам пишува дека после создавањето на неговите коментари во книгата Зохар, тој верува дека сега човекот не може да греши и него го очекува чудесен духовен подем, благодарение на кој можеме да го достигнеме откривањето Машиах, т.е. поправената светлина.

Системот проработи...

Во последните денови јас чувствувам како многу луѓе почнуваат да разбират дека нашето обединување е создадено за тоа да заедно ја откриеме реалноста, нашата врска со Вишата сила на природата.

Затоа се вклучуваме во лекцијата преку екранот на телевизорот или интернет. Во тоа е нашата работа.

Ние стануваме група која ги привлекува луѓето кон обединување и откривање во неа на Создателот. И тоа се утврдува кај разбирањето на луѓето.

Наша цел е да го соединиме целото човештво кон таа виша сила, за да се достигне Нејзиното ниво. Тоа веќе започнува осознаено да проникнува во разумот и чувството на човекот. Веќе е откриена почетната врска меѓу нас и вишата сила.

Ние ја следиме методата добиена од мојот Голем Учител Рабаш (Рав Барух Шалом Алеви Ашлаг) и затоа групата се нарекува "Бнеи Барух" (синови на Барух), но нашата група по неговите цели подобро е да се нарече "Двекут" (така се нарекува спојувањето со Создателот, нашата конечна состојба).

Чекајте промени!

Јас мислам дека по година две ние нема да споменеме дека некогаш сме постеоеле по друг и широката публика не го делела нашето мислење.

Ќе видите дека луѓето ќе почнат јасно да разбираат дека науката за кабала им го открива скриениот дел на реалноста, која треба да се открие за да постигнеме здравје, правилен живот.

А освен тоа, треба да биде јасно дека тоа се случува со помош на чудесна сила, а не со знаење.

При чисто научен поход ние можеме да ја откриеме Природата само на нашето ниво на восприемање, на нивото на кое дејствуваат нашиот разум и чувства.

А науката за кабалата на чудесен начин ги открива во нас новите нивоа на желбите, во кои ние ја чувствуваме новата реалност.

Јас очекувамд а видам во блиска иднина откривање на таквото разбирање и чувствување во масата луѓе. Ќе го видиме тоа многу брзо.

Оној кој учествувал на конгресот "Зохар 2010" поминал низ силни промени, ги преминал множеството на внатрешни степени и го скратил времето на својот развиток.

Има такви кои физички не учествуваа на конгресот, но се соединија со нас и добиле таков подем. Има и такви кои беа далеку од нас со своите желби, но и на нив влијаеше конгресот.

Дури и на оној кој воопшто не бил поврзан со нас и не сакал ништо; исто беше влијанието, тоа е еден општ систем.

Никој не може да го избегне учеството во таков настан, бидејќи ние живееме во една единствена реалност.

Заота, ако ние имаме таква фирма, таа ќе има влијание на целиот свет: и на оние кои мразат и на луѓето далеку од нас и на повеќе блиските, на секој без исклучок.

И на оној кој мрази, тоа влијае повеќе отколку на рамнодушниот. Затоа гледаме повеќе промени во сите слоеви на општеството.

Духовна еднаквост

Во нашиот свет има множество на луѓе, кои живеат во него и не знаат како тој дејствува, како се изградени сите државни и општествени системи, по кои закони дејствува природата, како се движат планетите и какви врски постојат помеѓу луѓето.

Може да живее многу едноставен живот и да не гори од желба да го достигне. Тоа е релативно духовно постоење.

Така не сите луѓе, добивајќи го духовното чувство, се грижат длабоко да проникнат во него; тие се ограничени на корнеите на својата душа која нема бара повеќе од своето ниво, ја врши својата работа на назначеното за неа место и нема потреба од повеќе.

Иако меѓу кабалистите има такви, слично на научниците во нашиот свет, кои го истражуваат духовниот свет и треба да го достигнат целосното негово разбирање, чувство и да го откријат целиот систем до последен детал.

Во согласност со коренот на својата душа, таквиот човек треба во себе да ги вклучи сите и да ги внесе во сите подробности, правејќи анализи и синтези.

Инаку тој не ја поправува својата душа. Доколку на неговата душа и' треба поправување, тој ја восприема целата општа реалност.

Но односот кон човекот се определува во тоа, во која мера се поправил себе си. Ако тој се поправил 100%, тој е ист со големите кабалисти и е еднаков со сите и во се!

Во духовното не постои поделба на големи и мали, ако ти си направил се што ти е наложено.

Духовното е мирот на давањето. Тоа е малку подруг поход од оној на кој сме навикнале. Ти влегуваш во духовното, за свртуваш назад и гледаш дека ништо не си направил!

Ништо во тебе не останува од тоа што некогаш си го добивал и во нешто што си дејствувал, тебе те опкружува едно давање.

Повеќе не треба да се чека!

Ари бил прв кабалист, чија душа ја открила реалноста во таква форма, која е направена како поправување.

Но тоа било само едно откривање, откривање на методата, а не нејзината практична примена без предавање на други души. Ари потенцијално ја открил целата метода на поправување.

Меѓутоа сè треба да се случи во свое време и луѓето треба да бидат подготвени да го прифатат тоа, затоа што тоа го барале така многу години.

Ако денес нашата основна група веќе ја достигне таквата состојба, кога е подготвена да го прифати Зохарот, тогаш и целиот свет ќе се приклучи во неа. Целата подготовка, која ние сме ја направиле ќе премине и кај нив.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica