Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Точка во која се сместува целиот пат

Баал ХаСулам, „Слугинката која ја наследува својата господарка”:

„Кога немаме сили да го ставиме товарот врз нашите плеќи, и да го пренесеме на друго место, ние бараме начини со чија помош ќе може да се подели товарот на помали делови, и да се пренесе дел по дел.“

Создателот создаде голема, повеќеслојна, силна желба за насладувања – во точна соодветност со Своето давање, со Својата желба да ги наслади суштествата. Создателот ја направил таа желба многу сложена, за таа да може да Го почувствува, да Го разбере, да стане слична на Него, за да ја прифати и сфати целата замисла на создавањето и да ја преработи во спротивен одраз. Исто така богатиот домаќин, без оглед на својата предност, сака гостинот да стане ист како него, без секакви ограничувања. За тоа ни се потребни многубројни постепени поправки. Невозможно е наеднаш да се пренесе тој “товар”, т.е. да се поправи садот, создаден од Создателот. Бидејќи во тој сад – желбата, ние треба да вршиме истражување и анализа, да доаѓаме до разбирање и согласност, обработувајќи го и реализирајќи го од своја страна, за да го примиме точниот облик на Создателот. И сето тоа со помош на особините, кои воопшто ги немаме во нас.

Всушност, човекот е машина, со исклучок на само една точка, која во форма на искра му доаѓа од Создателот. Ние не знаеме каква е таа искра, но токму таа ни вдишува живот на нашиот пат кон сличноста со Создателот. Нешто внатре не ми дава мир, сé додека јас не станам како Создателот. Ако во човекот постои таков стремеж, тој мора да го реализира – без прашања. Дури потоа, во текот на неговиот пат, кога самиот почнува нешто да сфаќа, кај него се појавува слобода на избор...Значи, станува збор за постепени дејства, преку кои ние постепено ја присоединуваме целата желба за примање кон својата искра, создавајќи околу неа облици на Создателот. Ги градиме тие облици од од желбата, согласно програмата, која е утврдена во точката. Во тоа малечко “топче” се сите наши решимот,сеќавања, од дадениот момент сé до крајот на поправката. Тоа е слично на капка семе, но таа капка одредува кои делови од желбата, по каков редослед и на каков начин да се присоединат кон неа, сé додека околу неа не се оформи вистински Човек.

Од утринската лекција – 30.08.2012, на Каб.Тв

Предозирање на Светлината

Баал ХаСулам, „Слугинката која ја наследува својата господарка”:

„Може да се крене и најтежок товар, ако се подели на делови и се пренесе еден по еден. Таа преодна фаза се реализира и со помош на бавен постепен развој. Поради тоа се поделиле световите на два дела: внатрешен и надворешен, и во секој свет има светлини наменети да се оствари бавен развој. Токму тие се нарекуваат “внатрешен дел од светот”.

Целата реалност се дели на два дела: надворешен и внатрешен, и развитокот оди во фази – тој не може да биде истовремен, еднократен. Затоа што, развивајќи се, ние мора да стекнуваме нешто од повисокото скалило. Тоа се остварува преку заемно вклучување: тоа што го стекнуваме треба во нас внатрешно да го обработиме. Тогаш, произлегувајќи од нашите дејствија, ние почнуваме да го сфаќаме нивниот разум, нивната програма и потенцијалот – и тие нè креваат на следното ниво. Би може да помислите, дека јас како дете правам “мајмунлаци”, механички имитирајќи го таткото. Но наеднаш почнувам да сфаќам зошто тој тоа го прави, зошто токму така, а не поинаку. Правам сопствени експерименти, се обидувам нешто да променам, стекнувам искуство, а како резултат на тоа - го надминувам таткото. Така се одвива бавниот развој, во текот на кој, со помош на своите дејствија ние стекнуваме разум, и со негова помош се креваме на повисоко скалило на спознавањето. Таму повторно вршиме дејствија, но веќе поосмислени, повторно стекнуваме нов разум, и се искачуваме уште погоре.

„Од друга страна, постојат светлини кои можат да дејствуваат само истовремено. И затоа, пројавувајќи се и добивајќи власт овде, во гранките на овој свет, тие не само што не вршат поправки, туку прават и штета. Мудреците го нарекуваат тоа “незрел плод”.

Со други зборови, кога многу јака Светлина еднократно се пројавува во садовите, тие се неспособни правилно да ја примат. Тогаш таа ги труе. Токму тоа претставува “незрел плод”. Кога Светлината најпрво би го поправила садот, а дури потоа би влегла во него, и така повторно и повторно – сé би било во ред. Ако пак Светлината продира внатре еднократно (истовремено), тоа со сигурност води до разбивање на садовите.

Прашање: Но зарем нешто такво може да постои од научна гледна точка?

Одговор: Во природата постојат голем број на слични процеси, кога нешто се уништува од преголем напор. На пример, можам да направам голем кондензатор, кој ќе прими празнење на молњата и ќе се наполни со енергија. И јас ќе ја употребувам во текот на целата година. Но може да се случи јас да не можам да направам такво “сместување” и молњата ќе го уништи премногу кревкиот систем, кој сум го создал. Кога би умееле да ја користиме енергијата на природните појави, не би морале да согоруваме јаглен и гас. Проблемот е во тоа што ние немаме потребни приемници за енергијата, за да ја црпиме силата на ветерот, брановите, сончевата топлина, разликата на топлината и студеното време, термалната енергија на океаните и т.н.

Да знаевме да ја искористиме таа енергија, не би морале да ги експлоатираме денешните енергенси. Но ние не сме способни за тоа, немаме соодветни садови и инструменти. Еден ураган би го снабдил цел свет за повеќе години, но ние не можеме да го искористиме. Кога би можеле да ја добиеме енергијата на ураганот не наеднаш, туку во делови, постепено, во текот на десет години, тогаш би се справиле со тоа. Токму во тоа е суштината на поправката.

Друг пример: порано, за да се предупреди труење, кралевите постепено, во мали дози ги привикнувале на отрови. Тоа важи за сé: навиката станува втора природа. Секоја поправка мора да биде постепен, постојан процес.

Од утринската лекција – 30.08.2012, на Каб.Тв

Кога не сакаме да растеме

Баал ХаСулам, “Слугинката која ја наследува својата господарка”:

„Световите се поделиле на два дела – внатрешен и надворешен – и во секој свет постојат светлини наменети за да остварат бавен развој. Тие се наречени “внатрешен дел на светот. Од друга страна, пак постојат светлини кои можат да дејствуваат само моментално. И затоа, пројавувајќи се и добивајќи власт овде, во гранките на овој свет, тие не само што не вршат поправки, туку прават и штета. Мудреците го нарекуваат тоа незрел плод.

Внатрешниот дел се развива постепено, согласно со својата природа, додека надворешниот дел, според природата дури не се ни развива, туку извршува еднократен скок. Такви се двата вида на садови-желби, кои дејствуваат согласно со својата природа.

Знај, дека кај нас тоа се нарекува надворешна власт, која е подготвена согласно со принципот едното наспроти другото ги создал Создателот. Во неа е присутна сила, која го поттурнува и го забрзува откривањето на внатрешното управување.

Желбите, кои се однесуваат на Галгалта ве-Ејнаим не можат сами да се развиваат, бидејќи не чувствуваат потреба за ништо: - Јас ништо немам –и ништо не ми треба. Сé е прекрасно. Но како тогаш ќе се развиваш? А зошто? И така ми е добро. Тогаш доаѓа надворешна сила и почнува да ги поттурнува преку страдања, омраза и секакви проблеми, и како резултат на тоа Галгалта ве-Ејнаим нема друг излез, освен да се развива. Тој развој се случува принудно, наспроти природата на тие желби. Но всушност, силата, која толку негативно се пројавува, прави добро дело. Во иднина тој “злосторник” ќе се покаже како “ангел”, иако сега настапува во улога на сите мизантропи и сите несреќи на народот на Исраел.

Тие што спаѓаат во категоријата “Исраел”, бидејќи се устремени право кон Создателот, не можат да се движат без “народите на светот”. Потребен им е притисок на негативна сила одзади. Нема поинакво средство за поправка освен притисокот на надворешниот дел врз внатрешниот. Во реалноста тие два дела претставуваат желба за примање. Меѓутоа надворешниот дел би сакал да се развие со еден скок. Тој копнее да впие сé, бидејќи таква е природата на садот за примање. Од друга страна, внатрешниот дел сака да изврши давање и затоа е подготвен да се воздржува, да се сопира себеси и да произведува само дејства кои се сразмерни со неговиот тековен потенцијал за давање. Токму од ова произлегува постепениот процес. Проблемот на надворешниот дел е едноставен: тој посакува да добие сé наеднаш, но нема од каде. Затоа тој се обраќа на внатрешниот дел, на Галгалта ве-Ејнаим, т.е. на народот на Израел со претензија: Тое ваша вина! Јас не добивам бидејќи вие не ми давате! Вие сте предизвикувачи на сето зло во светот.

„Народот на Израел е избран за улога на коректор, кој води кон заедничка цел. Во него има зачетоци, кои можат да се развиваат и растат, сé додека народот не ја достигне заедничката цел и не ги поттикне народите кон нејзино достигнување.

Со други зборови, постои јасна поделба помеѓу Галгалта ве-Ејнаим (Г"E), т.е. „Израел”, и АХАП, т.е. „народите на светот”. Горниот дел – е Бина, а долната – садот за примање. Таква е структурата на целокупната реалност, на целокушниот заеднички сад. Треба да се сфати дека Исраел – се потомци на синовите од Древниот Вавилон. Во текот на историјата тие поминале низ секакви промени, и денес станува збор за оние, кај кои се открива точката во срцето, а истовремено и за тие во кои таа не е пројавена за еврејскиот народ, кој сеуште не ја чувствува и не ја разбира таа компонента. Обврската за поправка му е доделена на „Исраел”, а „народите на светот” претставуваат пасивен дел. Затоа не се бара од човештвото да се промени. Згора на тоа, ако народите се менуваат без нашата дисеминација, тоа ни причинува штета – бидејќи во тој случај ние не ја реализираме целта на создавањето. Добивајќи ја науката кабала во свои раце, ние сме обврзани веднаш, задолжително да го продолжиме нејзиниот пат до народите на светот. Затоа што целата поправка се одвива токму преку нас.

Од утринската лекција – 30.08.2012, На Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica