Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Точка на почетокот на долгиот пат нагоре

27.07.2010

Зохар, глава "Лех-леха", пп.146-150: Рекол раби Шимон: "Кога човекот тргнува да спие во своето легло, душата негова ( нефеш) излегува од него и се искачува нагоре, како што е речено: "Со душата моја се стремев јас кон Тебе во ноќта"...

Таа се стреми да се крене, и многу скалила, едно повисоко од другото, има да ги искачува...Душата која се удостои да се крене, се покажува пред ликот на царот, соединувајки се со желбата да биде видена, во виш стремеж да се види магичната сила на царот и да се престојува во Неговиот дворец. И тоа човекот, кој секогаш има дел во идниот свет.

Што е тоа душа ( нефеш)? Кога јас сакам да се соединам со другите и чувствувам, како преку тој стремеж се соединувам со истите такви желби на сите останати, тогаш местото на нашето соединување и единство се нарекува за мене "нефеш" (душа). Секој од своја страна може да го чувствува тоа поинаку, но за мене – тоа е моето прво скалило, нефеш. Ако после тоа јас ја зајакнувам таа врска, без оглед на својот растечки егоизам и пречките, тогаш ги достигнувам следните скалила: Руах, Нешама, Хаја, Јехида. Но местото на првиот контакт – мојата желба, за да се оствари оваа врска, тоа и се нарекува нефеш. Јас морам да и обезбедам место за таа средба на сите наши желби! И кога сите ќе се наоѓаат таму, и јас исто ќе дојдам таму, кога ќе ги соединам нив со своите напори, а тие ќе ми овозможат таму да влезам и да им се придружам – токму таму, во местото на мојот напор, во соединувањето со сите останати јас ги поминувам сите духовни состојби, за кои раскажува книгата Зохар.

Потребно ми е само да ја посакам таа врска и да почувствувам дека јас во неа веќе се наоѓам – тоа ќе значи, дека јас навлегувам во состојбата "нефеш". А Зохар ми раскажува за тоа, што се случува понатаму – во тоа соединување. Постои само оваа една врска, која претрпува подеми и падови, секакви случки и состојби – во Зохар не се зборува повеќе за ништо друго! Затоа што Зохар говори само за духовниот свет, а духовното е – само во соединувањето.

Каде се крие влезот во духовниот свет

Зохар, глава "Лех-леха", п.153: Нефеш, руах – тоа не се две одделени едно од друго скалила, туку едно скалило. Постојат две скалила, соединети заедно, и уште едно повисоко, доминантно над нив и споено со нив, а тие – со него, наречено "нешама".

Зохар ни раскажува, како после достигнувањето на првиот духовен контакт ние потоа ја зајакнуваме таа врска и ги гледаме во неа пројавувањата што следуваат. Ние веќе го чувствуваме во неа не само првото скалило на обединувањето – "нефеш", состојбата на мирување ( нефиша), способноста да се задржува во таа врска, туку заедничкиот, голем живот, кој се отвора во длабочина од оваа точка на нашиот контакт – во друга, многу повисока димензија – "руах". Ако ние не успееме да стигнеме до првиот контакт, местото на нашето соединување, тогаш нема да го отвориме влезот во вишиот простор ( особина на давање). А кога ние го воспоставуваме тој контакт помеѓу нас, врз него почнува да влијае вишата светлина, го открива, и ние излегуваме преку него во апсолутно друга димензија – во духовниот свет. Се` што се случува внатре во оваа врска се нарекува духовен свет. Во почеток ни се чини, дека достигнувањето на оваа генерална врска помеѓу луѓето, ни ветува добар живот, безбедност, пријатно чувство. Но тоа не е се`! Во внатрешноста на таа заедничка точка се открива влезот во духовниот свет.

Светлината се открива од црната точка

Зохар, глава "Лех- леха", pp.158-159: Нефеш – тоа е нижо пробудување, кое се спојува со телото. Слично на светлината на свеќата, во која долната, црна светлина се спојува со фитилот... и станува престол за вишата бела светлина над него, соодветна на светлината руах. А белата светлина станува престол за скриената светлина, која не се гледа и за чие постоење не се знае. И таа е соодветна на светлината нешама. Исто така и совршен во се човек, кај кого исто постојат три светлини, една над друга, како што е речено погоре за светлината на свеќата – нефеш, руах, нешама.

Зохар раскажува, како ние можеме да ја развиеме и да ја зајакнеме врската помеѓу нас, после достигнувањето на првиот духовен контакт. Ако ние ги приклучуваме кон оваа точка на врската новите особини и чувства што се пробудуваат во нас, раширувајки ја и се повеќе откривајки ја – токму тоа го означува подемот по скалилата на духовните светови. Ништо повеќе не се менува! Ние само навлегуваме се повнатре во овој контакт и чувствуваме како сите органи и елементи на овој систем, сите души се соединети со единствена врска. Се е насочено само кон една цел – давање на вишото. И во тој стремеж се чувствува примањето од Него.

Се започнува од чувствувањето на поврзаноста на душите заедно. Тоа се нарекува Малхут на светот Ацилут, една точка. А потоа таа точка се открива себе си во давањето на вишиот, Создателот, З'А. но без тоа давање на вишиот, таа ќе остане само точка. Токму тој прв контакт ние мораме да го достигнеме, соединувајки се заедно во една црна точка, Малхут, - и од неа да почнеме да даваме на Создателот. Тогаш Малхут ја добива од Создателот способноста на давање, во неа се откриваат девет сфироти. Зависно од степенот на давање на Создателот, се чувствува Тој, духовната реалност. Само за ова откривање на Малхут ( системот на нашите души) во пресрет на Зеир Анпин ( Создателот) ни раскажува Книгата Зохар. Како од првата точка, наречена Аврам, се повеќе да се развива таа врска, присоединувајки и кон неа новооткриени сили. Така човекот ги развива во себе духовните органи, ги открива во себе силите на вишиот свет. Наместо сувопарно раскажување, Зохар станува за него цел свет, по својата моќ неспоредлив со нашата ограничена реалност.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica