Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Точката од каде доаѓа спасението

29.08.2010
Цело време се повторува едно те исто прашање: зошто светлината од самиот почеток не можела да создаде готово суштество, веќе слично на Создателот? Но тоа не е возможно! Невозможно е директно да се пренесе особината на давање од Создателот на суштеството. Затоа ние мораме да поминуваме преку разбивање на световите ( во светот Некудим) и душата ( прегрешувањето со Дрвото на Спознавањето). Поинаку не може да се соединат, да навлезат една во друга особините на давање и примање, Бина и Малхут, - туку само преку разбивање, со гревот ( разбивањето) на Адам или разбивањето на Храмот. Но што е тоа што го натерало човекот да вкуси од плодот (јаболкото) од Дрвото на Спознавањето? Тоа е исто, како што ти понекогаш го гледаш насладувањето, и разбираш, дека тоа е штетно, чувствуваш срам, но си подготвен преку него да поминеш, затоа што искушението е премногу големо и не е можно да се откажеш, дури под смртна закана. И насладувањето не го згаснува срамот, меѓутоа те тера да продолжиш!

Токму тука и треба да се донесат заклучоци и да се научиме, затоа што токму во оваа точка ти го откриваш прегрешувањето на Адам во заедничкиот егоизам (Дрвото на Спознавањето),за кое е речено: "Јадев и ќе јадам уште!"Тој не е способен да се воздржи, тоа насладување е над него, иако тој знае дека е забрането. Тоа е токму таа точка, каде што се открива разликата помеѓу светлината и желбата. И ако ти ја осознаеш неа и посакаш да ја исправиш, ќе почувствуваш колку ти е неопходна светлината, која враќа кон изворот! Нема избор, само така може да се почувствува, дека ти си пропаднал и тебе може да те спаси само чудо одозгора! И тогаш ти бараш светлина и добиваш спасение. Спасението доаѓа само од оваа точка на човекот. A "животните" Создателот не ги повикува да излезат од Египет, тоа веќе "човекот" излегувајки, ја тера со себе "стоката"...

Зохар – е посилен од се'

Зохар – тоа е најсилно средство по своето делување врз душата. Тоа не значи, дека ние мораме да ги оставиме сите останати книги и да се занимаваме само со него. Но тој работи најсилно од се.

"Учението за Десетте Сфироти" (TAС) и "Дрвото на животот" се добри за да се оформиме себеси. А понатаму, за човекот кој веќе се наоѓа на духовните скалила, тие можат да бидат инструктори за внатрешните дејства. Кога ти ги осеќаш врз себе подемите и падовите, влегувањата и излегувањата на светлините, како што би можел да ги осеќаш физички, бидејки твојата желба, твојот духовен сад веќе е подготвен за примање и давање, влегувањето и излегувањето на светлината, тогаш ти работиш со ТАС или со "Дрвото на животот", извршувајки ги опишаните во нив дејства.

Во исто време кога со Зохар ти работиш индиректно, во вид на опкружувачка светлина. Тоа дело го развива садот на душата општо, а не како што е кажано: " Душата на човекот го учи него", кога ти веќе земаш ТАС и ги извршуваш дејствата практично. Постои време за подготовка кон идните скалила – за тоа повеќе е наменет Зохар. И постои време за реализација на скалилата – со помош на ТАС.


Кажано со јазикот на обединетата душа

Од статијата на Рабаш "Целта на групата" : затоа ние се собравме овде, за да создадеме група, во која секој од нас ќе се стреми да му причинува задоволство на Создателот. Но за да се постигне тоа, ние сме обврзани најпрвин да причинуваме задоволство, да даваме на човекот, т.е. ние треба да се научиме да го сакаме ближниот свој. Само по пат на потиснување на својот егоизам може да се дојде до извршување на оваа Заповед – љубовта кон ближниот.

Статиите на Рабаш понекогаш изгледаат заплеткани и неорганизирани, нам не ни е јасно, зошто тој наеднаш вади цитати те од едно место, те од друго. Но треба да се разбере, дека кабалистот не прави ништо едноставно така, случајно. Тоа е тоа, што тој го чувствува, а неговото чувствување – тоа е навлегување на вишата светлина во исправеното кли. И кога ние би биле на негово место, би напишале исто така, а никако поинаку! Затоа, дури ако ни се чини, дека овој текст е напишан во стил што не ни одговара, треба да се разбере, дека кога ние би се кренале до него и би застанале на неговото место, тогаш би ги напишале истите тие зборови, во иста таква форма. Тоа се нарекува да се работи по методот на Рабаш и Баал Ха Сулам.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica