06.02.2011
Прашање: Што е тоа "Светлина која враќа кон Изворот", чудесна сила (сгула)?
Силата која сакам да ја достигнам сега дејствува врз мене од далеку. Уште не сум стигнал до неа, но таа веќе ми свети од далеку, зависно од мојот стремеж кон неа. Внатре во нас постојат парови на информациски гени (решимот) – од Светлината (решимо де-итлабшут) и од желбата (решимо де-авијут). Решимо од Светлината секогаш е едно ниво повисоко: на пример, решимо 0/1 (шореш де-авијут и алеф де-итлабшут). "Алеф де-итлабшут"- е моето следно скалило и тоа решимо ми дава да почувствувам некој стремеж кон тоа идно скалило – јас го посакувам!
"Алеф де-итлабшут"- е токму таа Опкружувачка Светлина која ми свети ако во себе јас пробудувам желба за тоа решимо "алеф де-итлабшут". Во мене веќе има некое преслекување (итлабшут) на таа Светлина – нешто од следното скалило! Бидејќи решимот од Светлината секогаш е едно ниво повисоко од желбата: 0/1, 1/2, 2/3...
Тие информациски податоци (решимот) останале во нас од нашето слегување одозгора надолу. Тоа се сосема осетливи, сосема научни поими, особини точно дефинирани со бројки, кои дискретно се менуваат зависно од мојот подем од скалило на скалило за време на реализирањето на решимот. Со тоа што јас работам со моето тековно решимо јас ја пробудувам Светлината од повисокото скалило, затоа што во тоа мое решимо има дел од таа идна Светлина.
Ние се спуштавме озодгора надолу на таков начин што во нас останала врската меѓу скалилата – долниот дел од повисокото скалило навлезен во горниот дел од пониското. Тоа е апсолутно јасен систем. Ние го нарекуваме неговото дејство "чудо" (сгула) затоа што сами не можеме сега да го провериме во своите желби, инструментите на воспримањето – тие сега засега само растат за сметка на Светлината која ние ја привлекуваме.
Сето тоа е точна физика, а не некои чудесни трикови и молитви за тоа што може да се случи, а може и да не се случи. Ако јасно го активираш тој систем – точно како што објаснуваат кабалистите, тогаш ги вклучуваш неговите механизми. Ти се наоѓаш внатре во тој систем и ја активираш таа машина за да работи врз тебе – токму на тоа те учат. Не е задолжително да стигнеш до самиот крај за да видиш некои резултати. Постепено почнуваш да гледаш потврда на тоа што го учиш.
Иако сé уште не си го достигнал реалниот духовниот осет, но веќе приметуваш како на тој пат се открива твојот внатрешен свет, перцепцијата, разумот, знаењето на заемните врски внатре во реалноста. Ти почнуваш тоа да го забележуваш дури и во однос на материјалниот свет и сфаќаш дека обичните луѓе околу тебе се однесуваат како мали деца и колку се конфузни.
Вечно стремејќи се кон иднината
Прашање: Секое научно истражување содржи 3 фази: 1) хипотеза, точноста на која треба да се докаже 2) материјали за експериментот 3) самата постапка, процесот на докажување. Каква примена има тоа во кабалата?
Тоа е исто такво научно искуство. Ти доаѓаш до него со прашањето за смислата на животот. Кабалистите ти велат: "Вкуси и види колку е прекрасен Создателот". Изврши го тоа дејство и ќе постигнеш резултат.
Ние се наоѓаме внатре во многу едноставен систем. Покрај мене е моето следно скалило, наречено "група". Јас треба да се внесам себеси внатре во неа и ако се вклучувам во групата, почнувам во себе да ја чувствувам Светлината. Во тоа нема ништо нереално или измислено.
За да се искачиш на скалилото на групата треба да го реализираш својот информациски ген, решимо 0/1 (шореш де-авијут/алеф де-итлабшут). Самиот јас сум решимо "0/1" кое сакам да го сместам внатре во групата и тогаш врз мене влијае Светлината од мојата следна поправена состојба, кревајќи ме кон неа. Сите тие мои состојби веќе постојат сé до последната и јас се стремам кон мојата иднина. Во таа иднина јас сум соединет со сите во групата во едно срце со заемна одговорност.
Ако сакам да ја достигнам таа состојба тогаш од неа врз мене влијае Светлина – зошто јас веќе се наоѓам таму. Светлината ги менува моите особини и ме завлекува навнатре како со ластик, за да се приклучам точно на своето место од каде што доаѓа Светлината. А кога јас се вклучувам во групата на моето следно скалило наеднаш ми се открива дека групата е заедно со мене – тоа сум јас, само што сум нов, "вториот Јас".
Но, групата е погоре, на следното скалило и во неа постои мојата следна состојба. Односно мене ми се открива големата разлика, големата сила на желбата, големата омраза меѓу нас – и јас повторно треба да работам на истиот начин за да се вклучам целиот себе во групата. Сите 10 сефирот на нижиот треба да се вклучат во Малхут на вишиот – зошто не постои ништо освен 10 сефирот...
Јас не верувам на ништо
Прашање: Што значи да се вклучиш, да се внесеш себеси во групата?
Од една страна ние со пријателите се чувствуваме еднакви во однос на Создателот, бидејќи еднакво се стремиме кон Него. Но самите нас нè разделува омразата. И во таков случај односот на секој кон другите се нарекува однос на личноста кон групата. А за да се вклучиш во групата треба да ја претвориш омразата во љубов. Групата се дефинира со два услови:
1) таа е составена од пријатели, кои се стремат да го откријат Создателот исто како и јас
2) но јас ги мразам.
Ако се присутни овие 2 услови, значи пред мене е патот во духовното. Зошто како е возможно постоење на таков триаголник: тие се стремат кон духовното, а јас ги мразам – се поставува прашање, зар можам притоа јас исто така да се стремам кон Создателот? Ако пак јас се стремам кон Него, тогаш како можам да ги мразам нив?
Одбери: 3-5 години или 35?
Прашање: Речено е дека за излез во духовниот свет се потребни 3-5 години. Како да се задржиме на тој пат ако поминало повеќе време од тоа?
Поддршката е само во кабалистичката група. Без неа немаш никаква можност реално да напредуваш и да се задржиш на тој пат, не само години, туку дури ниту до утре. Ако ти, без помош од групата можеш да ја зачуваш желбата и да учиш, значи не си на правиот пат и се залажуваш себеси. Изгледа дека учиш за да добиеш знаење или со некоја друга егоистична цел – но не се движиш во вистинската насока. Размисли што броиш: календарските години или вложениот од тебе напор?
Можеби за 35 години учење си вложил вистински напори колку за неколку недели. Тогаш колку векови ќе треба да проживееш во овој свет за да собереш напори од 3-5 години? Но ти навистина можеш да ја завршиш оваа работа за 3-5 години и да го откриеш духовниот свет под услов да работиш со групата, со опкружувањето. Развивај ја својата желба за насладување во соодветна средина, во добра почва. Во спротивно таа нема да се развие и ти ќе седиш и ќе учиш без да ја користиш помошта од опкружувањето, и ќе го броиш времето според часовникот.
Меѓутоа тоа не е тој часовник – тој не ја одбројува твојата работа со опкружувањето и затоа не вреди ништо. Тие години ти мораш да се наоѓаш под влијанието на опкружувањето – и за тоа не мора да се чекаат 5 календарски години, тоа не е прашање на времето.
Ако пак ти не се наоѓаш под тоа влијание, тогаш уште не си ни почнал да напредуваш – каков резултат тогаш можеш да очекуваш после 5 години? Да провериш дали ја добиваш силата од опкружувањето е многу лесно. Без силата на опкружувањето кај тебе воопшто не треба да има сили, небаре си мртов. И само кога ја добиваш силата од групата способен си да станеш, да дојдеш да учиш, да читаш книга, да размислуваш.
Тоа е како електричен систем – ако во него се пушти малку струја тој почнува да работи, додека без струја – престанува. Таа струја може да доаѓа само од опкружувањето. Бидејќи духовното кли е токму врската со опкружувањето во кое јас го откривам духовниот свет. Ако не постои таква врска – нема каде да се открие духовното.