Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Тој е првиот и Тој е последниот,но во средината сум Јас

 

31.08.2010
Прашање: Кој сепак е виновен за моите падови – самиот човек или Создателот? Тие се резултат на напорите, вложени во работата, или обратно, на мрзеливоста?
Речено е за Создателот: "Јас сум првиот, и Јас сум последниот!" "Јас сум првиот" – значи дека секоја почетна состојба не зависи од нас. И обично таа воопшто не е поврзана со тоа што се случувало претходно. Јас не мислам на обичните луѓе, во кои автоматски последователно се реализираат "гените" ( решимот, наредбите одозгора) и не се создаваат прашања за смислата на животот и реализирањето на слободата на вољата.

Но човекот, кој веќе ја добил празнината за наполнување, кој ја чувствува поради создаденото во него прашање за смислата на животот, може да се реализира себеси, вклучувајки се во групата ( заедничкиот систем), да ги проверува своите подеми и падови – состојбата, од која тој го започнува својот духовен пат. Се се проценува според слободата на изборот, а не по самата состојба. Самата сосотјба не ме загрижува – таа може да биде и добра и лоша! Важно е тоа, како јас сега неа ќе ја искористам! Односно се смета само "произлезеното" од неа. Јас не го менувам и не го исправувам светот – јас го исправувам своето учество во него.

Борбата и единството на спротивностите.

Состојбата 1 ( нашата денешна состојба) – тоа е "давање" себеси, во што се содржи нашето насладување и посакуваното наполнување.

Состојбата 2 ( до која ние сакаме да стигнеме) – тоа е давање на Создателот, која ќе претставува за нас насладување. И тука се состои противречноста. Во оддавањето себеси : и самото дејство, и работата, и наградата – се во една насока, во една линија. Затоа тоа се нарекува права светлина ( директна), и нам тука се ни е јасно : и почетокот, и крајот, и достигнувањето на оваа конечна цел – се е насочено во еден правец, кон мене. Ако пак јас сакам давањето на Создателот да стане мое насладување, тогаш тука се создава пробле, на спротивноста на намерата и резултатот, бидејки мене ми е неопходно исправување на наерата, која е спротивна на мојата желба! Давањето на Создателот треба да се претвори за мене во примање на насладувањето! И јас сум обврзан да се насладувам, бидејки таква е замислата на суштеството – само да се насладува треба од давањето.

Но овие два услови си противречат еден на друг. Во тоа е главната препрека и тешкотија на нашето воспримање, кое секогаш ни го препречува патот и ни ја одзема можноста да го реализираме замисленото. Бидејки од една страна, ние мораме да вложиме големи напори и да направиме огромна работа, а од друга страна, нејзиниот резултат не зависи од нас – туку се дава одозгора. А ние со својата работа само ја откриваме во себе желбата, не ја постигнуваме самата цел, туку добиваме кли – садот, во кој може да се смести. Затоа се соединуваат овие две спротивности: давањето на Создателот и насладувањето од тоа – само на сметка на спојувањето со Него. А до тоа спојување може да не доведе само вишата светлина, која ја менува нашата природа. Од состојба, во која срцето превладува над човекот, и затоа во термините на кабалата тој се нарекува "грешник" ние треба да преминеме во состојба, каде што човекот во нас надвладува над своето срце, и затоа се нарекува "праведник". А за достигнување на тоа постои само едно решение – кабалистичка група, која за нас претставува пример, рамка, модел, во кој ние можеме да се провериме себеси и да видиме, колку сме соодветни на таа цел или не сме соодветни...Групата може да ми сугерира, дека повредно од давањето на Создателот за мене ништо не постои! Но од друга страна, јас се уверувам, дека за ништо не сум способен, и само Создателот може да ми помогне.

Така јас доаѓам до потребната желба, молитвата. Но сега кај нас не постојат овие две крајни спротивности: кетер и Малхут, директната светлина и одразената, обратната соодветност на светлината и желбата – сето тоа се содржи само во исправеното кли, каде што постои намерата наспроти желбата. Токму тој модел нам ни е потребно да го изградиме во себе првпат, првите 10 сфироти – и тогаш ќе ја имаме внатрешна градба како првата клетка на новиот организам, од која веќе понатаму ќе се развие ембрионот на душата.

Две птици, кои го слушнаа гласникот

Зохар, глава Ваехи, п.136: Една птица излегува на јужната страна – таа, која произлегува од искрата на Хохма, десната линија. Другата птица излегува на северната страна – таа, што произлегува од искрата на Бина, левата линија. Едната излегува, кога свети денот, - таа што е од Хохма. другата – кога се смрачува денот, квечерина, после ручек – таа, што е од Бина. И секоја повикува и го објавува тоа, што го слушнала од гласникот....од светлината на полноќното спојување...

Тука станува збор за внатрешните состојби на човекот за тоа време, кога тој се занимава со самоанализа и поминува различни процеси: открива во себе три линии, во кој степен тој се наоѓа во десната, во левата или на средина, избалансирано. "Денот" и "ноќта" доаѓаат не однадвор. Ние секогаш престојуваме во светлина, и нашите келим се поделени на многу видови, во кои ние ја чувствуваме десната страна, левата и средината, нагоре, надолу, сите насоки и времиња. Поделбата на внатрешни и надворешни келим ни дава осет на растојанието и просторот: блиското и далечното, поделбата на желбите на "корен-душа-тело-облекло-дом". Сите такви специфичности, а исто така: денот, ноќта, утрото, вечерта, различните часови – тоа е процес кој се случува со нашата желба. Бидејки освен неа ние немаме ништо!

И таа желба, поделувајки се на многу видови и цело време откривајки ни нови, ни дава осет на промените што се случуваат – во времето и во просторот, во состојбите што доаѓаат. Ние ги распределуваме по четирите видови на воспримање: "Свет – година-душа" и постоењето на реалноста. Сите овие промени се случуваат внатре во нас, како резултат на нашето исправување, бидејки освен нас, се се наоѓа во апсолутно мирување. Само решимот се одвиткуваат по низата и се откриваат: или "во свое време"(беито), или "ахишена"- кога ние почнуваме да ги брзаме го забрзуваме времето. Затоа "птиците што долетаа", "ноќта", "денот", "утрото", "вечерта", сите нивоа: "корен-душа-тело-облекло-дом" и постоењето на реалноста – сето тоа се осеќа внатре во човекот, во неговата желба. А мене ми се чини, дека наоколу постои свет, исполнет со луѓе, се се врти и животот тече. Но од мене зависи само едно – какви чекори јас ќе направам во правец на правилното воспримање на реалноста.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica