Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Тој што ја создаде Љубовта - 15.02.2010

 

Создателот е сила на давање и љубов, а оној што љуби многу страда ако не може да го усреќи својот љубен. Страдањето што доаѓа од неможноста да се даде е многу поголемо од страдањето што доаѓа од непримање. Пишано е, „Кравата сака да го нахрани телето многу повеќе одошто тоа сака да јаде." Горното Ниво многу страда кога не може да даде од своето совршенство на подолното ниво поради неспособноста на второто да го прими.

Создателот е желбата за давање и љубов. Меѓутоа, не треба да мислиме дека нема недостиг во оваа желба – има. Само што не доаѓа од недостиг на исполнетост, туку од неспособност да се сподели нејзиното совршенство. Затоа Создателот ја создал желбата за уживање – за да ја исполни и за да ја изрази Неговата љубов кон неа.

Нашата желба веќе ги содржи сите предуслови за примање на сета Светлина и Љубов од Создателот. Меѓутоа, за да го сфатиме тоа што Тој го прави и за да го почувствуваме тоа што ни го дава, мораме да станеме слични на Него, и да ги достигнеме истото ниво и одлики. За тоа да го постигнеме, ни недостига само една состојка – нашата независност, нашата сопствена желба да ја почувствуваме Неговата љубов и да го прифатиме како оној што го љубиме.

Ако ова тежнение не дојде од нас, не може да се смета за љубов. На крај, не можете да купите љубов; можете да купите само разни услуги. На пример, плаќам во берберница, или ресторан, и луѓето таму се грижат за мене од срце. Меѓутоа, тоа го прават затоа што ги љубат парите, не мене. Што да направам за да ме сакаат? На тоа прашање не можеме да одговориме.

Вистинска љубов е возможна само ако сум сосема независен од другите. Сепак, напишано е дека Создателот е „првиот и последниот." Затоа, Тој се соочува со проблем како да не создаде и истовремено да не направи сосема независни од Него, а сепак такви да можеме да ја развиваме љубовта кон Него додека не почувствуваме, „Јас сум првиот и последниот" во тој поглед. Тоа значи дека десетте Сефирот на директна светлина ги обвиваат десетте Сефирот на одразена светлина и се надополнуваат меѓусебно.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica