Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Треба да научиме како „да поделиме сè“

07.09.2011
Денес Создателот ни поставува услов: „Додека не се соедините, како еден човек со едно срце – ништо нема да добиете! Ќе биде така за да почувствувате што е животот – ова не е живот... Ќе ви поставам и таков суров цар, како Аман". Значи, во сите дејствија со кои Тој нè прави нееднакви, принудувајќи нè еден со друг да се мразиме, да си завидуваме, да се обвинуваме, ние треба да се поправиме и да дојдеме до целосна еднаквост.

Потоа ние нема да сметаме колку добива секој од нас до тој степен што секој ќе чувствува дека тој ништо не добива, а останатите добиваат бесконечност и ќе се радува како тој самиот да го добил тоа бесконечно исполнување. Човекот ќе живее само за да види како сите добиваат исполнување и се насладуваат 100%, а самиот тој нема ништо и не му е ни потребно! Тогаш тој ќе стане сличен на Создателот, затоа што Тој ништо не добива, само дава.

Денес ние и во нашиот свет гледаме такви текови и чекори во таа насока. За првпат денес се открива состојбата кога Создателот вели: „Вие дојдовте до линијата и веќе нема да имате ништо. Ќе живеете со труд, во услови на кризи и секакви проблеми, додека не постигнете одлука дека еднаквоста не значи „само земи, туку и подели".

Со ова може да се започне, сметајќи според членовите во семејството, секој да има подеднакво, но во реалноста ние мора да дојдеме до поинакво поправање, затоа што тоа е едноставно социјалистичко израмнување, кое не е во согласност со апсолутната праведност. Создателот сака да достигнеме состојби, кога благодарение на својата љубов кон останатите, ќе мислиме само како уште повеќе да ги исполниме на своја сметка. Значи, пред сè, ние треба да се погрижиме за своето поправање – без него нема да добиеме исполнување.

Сите денешни економски совети и нови теории, без нивно претходно поправање нема да успеат со ништо да нè исполнат, туку напротив, ќе нè донесат кон уште поголемо осознавање на злото и својата неспособност нешто да направиме. Затоа, ни останува колку што е можно повеќе да го распространуваме знаењето за нашата денешна состојба, како што ја објаснува науката кабала.

Спремен за соработка!

Прашање: Што значи: „разочарување од работата и повик кон Создателот"?

Одговор: На почеток обично човекот за сè се надева на самиот себе. Потоа, по безизлезноста тој доаѓа во ситуација да стапи во група. Потоа, исто така по безизлезност, се потпира на Вишата Сила. После тоа не му останува друг излез и тој е принуден од овие барања за самиот себе да премине кон објаснување на намерата за давање. Така го води програмата која е поставена внатре во него – неговата внатрешна АВАЈА, додека неговото свртување не ја добие правилната насока. Тоа се нарекува страдања кои го водат човекот до правилната цел, затоа што „што нема да направи разумот – ќе направи времето" и „страдањата го омекнуваат егоизмот" – на тој начин напредуваме.

Секогаш кога правиме некоја „грешка", таа нè води до откривање на поправилна состојба – така во нас е организиран синџирот од информациски гени (решимот). Затоа на крај ние достигнуваме состојба за која е кажано: „И се разочараа синовите на Израел од оваа работа и повикаа кон Создателот", односно човекот постепено, ниво по ниво, сè повеќе се разочарува движејќи се по синџирот од состојби, поврзани како причина и последица. Сè додека не достигне правилно, целосно разочарување, сфаќајќи дека сам не може ништо да направи и дека „Нема друг освен Него", односно дека никој не може да му помогне, освен Создателот. И тој Создател – тоа не е некаква надворешна магична сила, туку посебна реалност која се открива внатре во човекот. Таа се открива само при контакт и претворање во човекот. Затоа тој почнува да посакува ова својство – намерата за давање, да почне да владее во него.

Кажано е: „Да немаш други Богови", односно треба да си разјасниме дека со сè владее еден Создател – и како надворешна и како внатрешна власт во нас. Тоа си го разјаснуваме благодарение на соединувањето со Него – на контрастот на спротивностите кои ни се откриваат тогаш. И тоа е најтешко, затоа што откриваме нова реалност во која владеат две власти, но соединети во една. Тоа сега треба да го направи целото човештво. До денес јас се сметав себеси за единствена власт која стои спроти општеството, природата: неживата, растителната, животинската и човечката и се обидував со сите нив да владеам во своја корист, колку што би можел.

Јас некако внимавав на нив, но само за да оценам дали можам да се справам справам со нив и како што гледам однапред, немам сили да го кренам мошне тешкиот куфер. Јас бев главна и одлучувачка алка во овој систем и сè на крај преминуваше преку мене. Дури и кога се потчинував на некоја надворешна власт – владата или општеството, тоа беа мои одлуки, мисли и желби. Но, сега сум во забуна, затоа што гледам дека тоа не се мои мисли, не се мои намери и не се мои желби! Одлуката може да биде моја, но само под услов да знам како да работам со опкружувањето. Јас имам многу мал дел од слободата кој се нарекува „средна третина Тиферет". Сè што се наоѓа во мене и надвор од мене, освен овој посебен тенок однос кон опкружувањето, јас треба да го однесам кај Создателот. Тие луѓе, кои се наспроти мене, не по своја волја сакаат да ме удрат или да ме гушнат – тоа не се нивни дејствија, туку на Создателот. И моето лично однесување – дали дејствувам правилно или не, дали ќе бидам грешник или праведник, исто така не го одредувам јас, туку Вишата Сила.

За првпат во целата историја на нашиот развој откриваме дека постои туѓа власт со која мораме да работиме во многу посебна форма. Колку побргу ќе се обидеме да ја откриеме оваа власт и ќе почнеме да соработуваме со неа, толку повеќе успех ќе имаме, ќе добиеме повеќе и ќе ги намалиме страдањата.

Крај на двојната власт

Сега ни се открива „втората власт", некаква туѓа сила и ако се обидам да ја препознам правилно, мене ќе ми биде добро. Ако не се обидувам да ја сфатам правилно, таа ме удира за да обратам внимание и однесувајќи се со почит, да разберам кој е началникот тука! Тоа ќе биде тешко учење под стапот, ако не го претворам овој стап во бонбона, а тоа е можно само под услов ако самиот трчам по неа и се обидувам да дознам што сака оваа туѓа власт и сум спремен да се поклонам пред неа. Тоа се нарекува „Разочарување од работата и повик кон Создателот".

Целиот свет почнува да се приближува кон оваа работа – свесно или несвесно. Сите ние сме „работници на Создателот" и се наоѓаме во крајно поправена состојба, само што не знаеме и не го чувствуваме тоа! Сите ние работиме за да ги откриеме и да се усогласиме со сите преодни состојби и да постигнеме откривање на Бесконечноста. Ние и денес се наоѓаме во таа бесконечна светлина, само што не сме усогласени со Него и затоа Тој потполно се сокрива од нас. Затоа целото човештво работи заедно, само некои несвесно, а другите сакаат да ја сфатат оваа работа и да ја извршуваат по сопствена желба, но за сите се откриваат едни исти етапи од работата.

Збунетоста низ која сега поминува човештвото, може да се спореди со збунетоста низ која поминува човекот во својата внатрешна работа, разјаснувајќи го своето следно ниво. Така, целиот свет сега од чувството на збунетост, магла, бессилност, почна да го разјаснува своето повисоко, духовно ниво. Секој ќе работи согласно своето место во системот. За некои тоа ќе биде јавно постигнување, а за други исто така постигнување, но практично, кое произлегува од соединувањето, од меѓусебната гаранција која треба да ја достигнат за да го почувствуваат заедничкиот систем, а себеси како дел од него. Некому ќе му се падне потешка работа и разјаснување за да го открие истиот тој систем, но на ниво на нејзината „глава", а не „тело".
Познато е дека и секој дел од телото си има свој „мозок" и „срце", односно делови одговорни за чувствата и намерата, бидејќи секој дел треба да добива наредби кои доаѓаат од централниот мозок и да ги преработи за да ја исполни неговата работа. Секој дел треба да го чувствува дејствието и да даде повратна реакција во мозокот. Затоа дури и телото има „коскен мозок" – делови кои имаат сознание, сфаќање, чувство за заедничкиот систем. На крај, сите се соединуваат така што совршено се надополнуваат и целосно се вклучуваат еден во друг.

Наука за успешна иднина

Многу луѓе мислат дека науката кабала зборува за тоа „колку ангели има на небото и како се викаат тие", за некакви магливи и далечни сфаќања кои немаат никакви врски со нас. Поминува многу време додека човекот кој дошол да ја изучува науката кабала, се ослободува од сите тие стереотипи. Нас не нè учат, не нè воспитуваат во духот на нов приод за реалноста. Сега постепено, во степенот на развој на кризата која сите ние ја чувствуваме врз себе, од вистинската потреба да откриеме како да се поставиме во светот, во животот, во новата врска меѓу луѓето која мораме да ја осознаеме, инаку нема да преживееме на овој свет – ние се запознаваме со науката која нè учи како да создадеме правилна врска меѓу нас, пред сè за да можеме да управуваме со нашиот обичен живот, да излеземе од кризата во сите области – во воспитанието, семејните односи, во науката, економијата, во односите со природата која ни задава удари.

Затоа сме принудени да бараме каде е проблемот, некако да се ослободиме или да се справиме со него, инаку цело време ќе страдаме. Нашата желба за наслада нè принудува да ја пронајдеме причината за сите несреќи. Постепено откриваме дека причината е тоа што меѓу себе сме поврзани со неправилни, лоши врски, што овие егоистички врски кои сме ги развивале во текот на илјадници години, денес не работат, па дури и се штетни.

Ние секогаш сметавме дека секој од нас треба да биде егоист, секој да биде сам за себе, дека треба да изградиме побарувачко општество, дека секој може да се насладува според своите можности и да ги лаже другите за своја корист, но да внимава да не го фатат за да не го казнат и да го стават во затвор, па ако му успее тоа, молам, нека владее. Сега се открива систем кој како да почнува да ни вели: „Не! Оваа тенденција, овој егоистички приод, овие односи веќе не работат. Односот треба да биде поинаков. Претходниот систем беше индивидуалистички, во кој не бевте зависни еден од друг. Сега ги достигнавте границите на својот индивидуален, личен развој – како никулци кои се пробиваат од земјата, кои пораснале и стигнале до плафонот. Понатаму нема каде да растат. Сега, кога сите вие го достигнавте „плафонот", треба да се соедините меѓу себе. Тоа е поинаков систем на постоење. Сакате да постоите? – Сега мора да бидете уште повеќе поврзани еден со друг".

Нам ни е тешко да си го претставиме овој систем на таков начин. Ние само забележуваме дека ништо не ни успева и страдањата постепено ни ја откриваат вистинската положба на работите. Науката кабала на крај исто така се открива. Тогаш, во таа наука кабала ние почнуваме да гледаме не „ангели на небото", не најразлични чудни називи и неразбирливи зборови, туку постепено, со труд, почнуваме да осознаваме дека таа ни зборува за врската меѓу нас, за тоа како можеме да ја постигнеме оваа правилна врска, да се вклучиме во неа и колку нашиот однос кон таа правилна врска ја одредува нашата иднина, до тој степен што ние не треба да работиме како претходно, во основа физички, туку повеќе во намерите. Ние нема да треба да измислуваме во нашиот живот и во нашиот свет разни физички работи, со користење на секакви механизми, направи и технологии – сè ќе се премести повеќе во областа на односите и врските меѓу нас.

Токму од квалитетот на врските меѓу нас ќе зависи добиениот резултат. Ако некогаш илјадници луѓе оделе на работа во поле, а милиони работеле во фабрики и индустриски гиганти, денес сè повеќе и повеќе ќе откриваме дека човекот нема каде да работи, освен во виртуелна, внатрешна форма – во зацврстување на врската меѓу нас. Токму тоа ќе го одредува нашиот успех во производството, извозот, увозот, во сè што е потребно за да се организира нашиот материјален живот. Ние сè повеќе и повеќе ќе го поместуваме нашиот поглед и акцент на внатрешните односи, затоа што таму ќе ни се открие вистински совршен, нов свет. За да ги достигнеме постепено откривањата на сите овие состојби, ја читаме книгата Зохар, која највеќе од сè е способна да ни го отвори разумот и срцето, да ни ги отвори очите и ушите за да почнеме повеќе да чувствуваме колку зависиме од мрежата на врски меѓу нас.

Од утринската лекција - 07.09.2011   Следете на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica