30.11.2010
Светлината ги наполнува садовите – желби по обратен редослед ( според законот на обратно соодветстување). Светлината треба да биде соодветна на желбата – колку е подлабока желбата и колку има поголем екран/намера, толку повеќе светлина привлекува.
Но светлината не навлегува задолжително во таа желба, која ја привлекла! Прво светлината навлегува во најтенките садови – желби – што е директно спротивно на таа желба за која била наменета. Поради тоа се случува целата конфузија во овој свет и мистериите на вишото управување.
Човекот по цена на огромни напори и страдања, т.е. работејќи со најмоќните желби – добива поостар разум и деликатно восприемање, чувствителност. Ние гледаме по себе – минувајќи низ многу удари по своите најгруби желби, директно "по дебелото месо", ние наеднаш почнуваме да чувствуваме во себе некое ново размислување, на повисоките скалила.
Така функционира законот на обратно соодветстување на светлината и желбата (ерех афух орот ве келим). Јас добивам удар по својот егоизам, го осознавам злото – и од страдањата на ова грубо и примитивно его, јас наеднаш почнувам подобро да го разбирам духовното, Создателот...Се чини, како е едното поврзано со другото?..