Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Форматирајте се себеси за духовното

03.10.2010
Во зависност од тоа, колку вашите намери при читањето на Книгата Зохар ќе стануваат се поправилни, вие ќе почнете да ги откривате духовните слики внатре во своите намери. Вие ќе почнете да ги чувствувате не материјалните ликови, туку целиот развој на настаните внатре во себе – во желбите, чувствувањата, намерите, односите. Сликата мора да се создаде внатре, бидејки духовното – тоа е се, што се одвива внатре во желбата. Согласно на правилната намера, желбата почнува да ги поприма тие форми. Намерата "црта" во желбата, ја форматира така, за таа да ги поприми духовните форми. Сето напишано во Зохар ќе се чувствува во желбата, како да се случува со неа. На пример, јас во компјутерот имам програм, кој ги отвора текстуалните фајлови во форматот "word". Но ако мене ми пратија слика во форматот "jpg" или таблица во форматот "xls", тогаш јас не можам да ги отворам во "word" програмот. И иако во нив има многу важна и корисна информација, јас не можам да ја извлечам. Значи, јас морам најпрво да се здобијам со нов програм, да го ископирам кај себе, во својата желба – во својот "хард диск", својот "компјутер", и тогаш тој ќе може да ги прими податоците, кои доаѓаат кај мене во негов формат. Во суштина, токму тоа ние го правиме, изучувајки ја кабалата.

Бидејки што претставува науката кабала? – Ти се здобиваш со нов програм за својата желба, садот за воспримање (кли). Форматирајки ја наново, ти ќе можеш да воспримаш нови слики, нова информација. Претходно твојот програм работел целосно за примање, а сега во тебе е положен нов програм, кој разбира, што значи да се дава. Тоа се други вредности, поинакви врски помеѓу желбите, намерите, односите, претставата за подемот и паѓањето, десната и левата линија – сето се здобива со нова проценка, дефиниција. Новиот програм го менува сето. А што останува од старото? – работи желбата за насладување. Но врската помеѓу сите нејзини делови се остварува според новата формула: колку секој му дава на другиот, а не колку прима од него. И тогаш, бидејки во мене постои програм, според кој сите мои желби работат во взаемно давање еден на друг, јас ја разбирам пристигнатата информација за давање, во секаква нејзина форма ( текст, видео, аудио) – јас можам да ја отворам и разбирам, што е тоа, секоја порака за мене е разбирлива.

Да се излезе од илузија

Прашање: Како јас можам да знам, дека го читам Зохар со правилна намера?

Неопходно е да се размислува за условите за откривање на Создателот. Условите се – сличност на особините. Сличноста на особините значи, дека внатре во мојата желба за насладување ќе се открие желбата за давање, намерата за давање, стремеж кон давање. Јас чекам, за во мене да се смени внатрешниот програм – од примање на давање, и да почне да ги восприма различните форми на давање, кои стигнуваат кај мене. Токму тоа јас го посакувам. Сега јас престојувам во океан од духовна информација, но не можам ништо од неа да воспримам. Мене ми недостасува програм за нејзино воспримање. Но ако јас се стремам кон неа, посакувам да ја добијам, тогаш напредувам кон разбирањето. Сето, што јас го читам во Книгата Зохар – тоа се дејства на давање, кои се одвиваат во реалноста. И тоа е единствено постоечката реалност. А нашата материјална сегашност постои само во нашата потсвест, тоа е илузија, во која ние сега престојуваме. Вистинската реалност, е над ова потсвесно ниво, оваа измислена сегашност, - таа работи во давање. А примањето во желбата воопшто не постои – само во нашиот "сон". Затоа јас посакувам да се кренам во своите чувствувања кон вистинската реалност.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica