Целото човештво е едно духовно тело. Поправката не е насочена кон делот, кој е способен да се пробуди, туку кон делот, кој не е способен. Да Му се причини задоволство на Создателот може само под услов во целост да ја реализираме формулата. Јас се поправам за да се присоединам кон Исраел – да го поправам него, а потоа да ги поправам сите народи на светот. Односно мојата молитва треба да ги вклучува во себе сите овие компоненти: мене, тој што се поправа себеси за да изгради заедничка желба со другите, Исраел или Шхина, и поправениот дел од желбата, Малхут. И сето тоа е за да се поврзе со народите на светот – за да Му причини задоволство на Создателот. Крајот на тоа дејство треба да се подразбира веќе во неговата првична замисла. Заради тоа јас го започнувам. Ако не би постоел заклучен резултат – задоволство на Создателот, јас не би започнувал воопшто. Инаку тоа ќе биде егоистичко дејство.
Сé се измешало во желбите на човештвото
Баал ХаСулам, „Рогот за трубење на Месијата”
Ширењето на науката кабала во масите се нарекува „рог”, слично на рогот на овцата, чиј звук се разнесува на голема оддалеченост. Исто така и одекот на оваа мудрост ќе се разнесува низ целиот свет, сé дури не слушнат дури и народите, и не признаат, дека постои мудрост на Создателот во средината на Израел.
Целта на суштеството – е да ги поправи токму садовите за примање. Според преданието, секому од АХАП, кој сакал, Создателот му ги предложил Светлините за поправка, садовите и екраните – меѓутоа никој не ги примил. Поинаку кажано, Светлината не може да влијае врз садот, ако садот не стане соодветен на неа, ако во садот нема стремеж кон давање. А во желбите за примање едноставно не може да постои таков стремеж, бидејќи природата на тие садови исконски е спротивна на давањето. Како тогаш да ѝ се даде на желбата за примање барем насока кон давањето?
За тоа се употребува посебен дел, наречен Галгалта ве-Ејнаим (Г”E). Нејзините претставници престојуваат во средината на садовите за примање, иако самите не се такви, и затоа дури и во нашиот свет изгледаат многу чудно. Токму тие се народот на Исраел, кој реално не припаѓа на овој свет, бидејќи корењата на неговите садови лежат во нултата, првата и втората фаза. Исконски тој претставува особина на давање, иако се тука расипани. Тие садови се способни да се поправат за давање, меѓутоа во многу мал степен. Всушност, што можат тие да дадат? Излегувајќи од Древниот Вавилон, тие претставувале Галгалта ве-Ејнаим во чист облик – точка во срцето, и не повеќе од тоа. Затоа морале да влезат во Египет, за потоа да примат поисправен облик, погоден за нивната мисија. Од Вавилон тие излегле како едно семејство, а од Египет излегол народ – народот на Исраел. И после тоа, тие ја достигнале својата поправка – скалилото на Храмот, или „народот на Исраел во земјата на Исраел”.
Меѓутоа, сето тоа било само подготовка, која овозможувала во нешто да се сближат со АХАП. Затоа, после поправката, садовите на Исраел требало да се погрижат за АХАП. За тоа тие поминале преку разбивање и паднале долу. Тоа се случило преку античките грци и римјаните, кои продреле во нивната средина, им ги дале своите желби, и со тоа ги разрушиле. Како последица на тоа, синовите на Исраел паднале доле, во АХАП – што се нарекува разбивање или уништување на Храмот. Како резултат на тоа, се случило целосно помешување на Галгалта ве-Ејнаим со АХАП. Тоа заемно приклучување требало да трае 2000 години, сé додека сите садови за давање и примање не се измешаат меѓу себе. Исто така е познато, дека двомилениумската фаза е поим, додека реалниот рок траел 1500 години. А потоа, откога заемното приклучување завршило, од времето на Ари и понатаму, почнал периодот на реформацијата и преродбата. Затоа Ари се нарекува „Месија, син на Јозеф”.
Најважно во тој период е ширењето на науката кабала преку хасидизмот и други дејства, преку подеми и падови. Како резултат на тоа, денес науката кабала се разоткрива, и ние го продолжуваме тој процес, трубејќи во „рогот на Месијата”.
Но кому треба да му се разоткрие науката кабала? На деловите на Галгалта ве-Ејнаим? Меѓутоа сите тие се целосно измешани со АХАП. Тогаш кој ќе ја прими оваа мудрост? Одделни елементи, или сите без исклучок? Наеднаш или по ред? Одговор го дал Баал ХаСулам: науката кабала треба да се шири помеѓу сите без никаква разлика. Колку делчиња на давањето продреле во срцето на човекот во овие илјадници години, толку во него се разгорува желбата.
Кога пророкот ќе помине по планинските врвови
Баал ХаСулам, “Рогот за трубење на Машијах”:
Разоткривањето на кабалата на сите народи – тоа е разоткривање на Елијаху. Мудреците за тоа рекле: „Пророкот Елијаху ќе ги реши прашањата и проблемите”. И затоа е речено, дека три дена пред доаѓањето на Месијата, ќе помине Елијау по планинските врвови и ќе затруби во големиот рог.
Дали тоа значи дека ние не треба да ја шириме науката кабала? Ќе дојде некој, кој ќе затруби во некој посебно спирално свиткан рог, долг неколку метри – и целиот свет наеднаш ќе се разбуди? Или можеби врз сите ќе слезе некоја сила? А што ако ние правиме нешто, што не треба да го правиме? Што ако расипуваме сé, наместо да поправаме?
Во реалноста ние мораме со сите сили да вршиме дисеминација. Успешната дисеминација – тоа е „разоткривањето на Елијаху”. Ако науката кабала се прошири низ целиот свет – иако на различни нивоа на сфаќање – токму тоа ќе биде знак, дека ги достигнавме „трите денови на доаѓањето на Месијата”. Кон тоа, всушност, ние треба да се стремиме. Меѓутоа, тоа зависи од нашата сплотеност, од тоа колку сме силни во нашето соединување. Преку конците, протегнати помеѓу душите, и преку надворешните комуникациски средства, ние треба да го носиме посланието на целиот свет. Не е важно како го примаат: добро или лошо. Најважно е да се шири, луѓето да знаат дека во средината на народот на Исраел има посебна мудрост, наменета за поправка на светот. И на крај, таа ќе биде прифатена.
Прашање: Зошто тогаш не се одлучиме за јасно послание за единствениот лек кој му е потребен на светот? Бидејќи делумните, постепени објаснувања само го продолжуваат времето, и можат уште повеќе да го искомплицираат преминот кон кабалистичкото знаење. Зошто да го продолжуваме времето, кое речиси го немаме?
Одговор: Тоа е точно. Зошто директно да не се обратиме до еврејскиот народ: Пријатели! Ние припаѓаме на Исраел, т.е. се стремиме директно кон Создателот – Јашар Ел. Ние мораме да ги донесеме до поврзаност со Создателот „народите на светот” – тие, кои ништо не знаат и не сакаат, каде и да се. Одречете се од себеси и погрижете се за нив!
Прашање: Но кој всушност ќе се грижи за нив?
Одговор: Прашањето е правилно поставено. Бидејќи крајот на дејството е втемелен во првичната замисла. Јас сакам да му причинам задоволство на Создателот, приближувајќи ги до Него народите на светот, затоа што Тој првично посакал да им ја подари методата на поправка. Меѓутоа, потребни ни се сили, за да ги водиме до Него. Ние сме посланици, преодна алка. Како тогаш да ја извршиме нашата задача? За тоа е потребно да ја имаме духовната сила. Затоа прво ние треба да се соединиме. И секој пат треба да сме благодарни на Создателот што ни дава таква можност – да се соединуваме, за да ја реализираме нашата намена и да ги присоединиме кон Него народите на светот. Бидејќи токму тоа ќе Му направи задоволство.
Тука се кријат две спротивности: Тој нас нè сака заради нашата задача, а народите ги сака заради нивното зближување. Тие претставуваат вистински садови за примање на изобилството. Ние сме поблиску до Создателот само во периодот на реализацијата, а на крајот на поправката, кога сé ќе стане една целина, токму најголемите, најсилните садови на народите на светот ќе ја откријат најголемата Светлина, и ќе достигнат најголемо спојување.
Две желби, сврзани со замислата на суштеството
Постои поделба на желбата на два дела, што следува од четирите фази на директната Светлина. Првата група на желби припаѓа на нултото, 1-вото и половина од 2-то ниво на длабочината на желбата (авијут). А втората група припаѓа на втората половина од 2-то ниво (Бина), 3-то (Зеир Анпин) и 4-то (Малхут).
Првата група исто така се однесува и кон ширењето на Светлината, која влијае врз желбата. А вториот дел – кон желбата за насладување, која ги извршува дејствата, и сака да стане слична на Светлината, т.е. се однесува кон реакцијата на желбата во однос на Светлината. Нејзиниот почеток, долната половина на Бина е планот на дејството, како да е главата. Но кога желбата се развива по скалилата, секое следно скалило ги содржи во себе сите претходни. Внатре во 1-та фаза постои нултата, во 2-та: 1-та и 0-та, во 3-та: 0-1-2, а во 4-та: 0-1-2-3. Односно секое скалило ги содржи сите претходни, и уште додава од себеси, што е и најважно во неа. 4-та фаза, Малхут е суштеството, внатре во него се вклучени сите други фази, садови, кои ги впиле во себе особините на Светлината и затоа се блиски до поправката. Последните нивоа на желбите во суштеството: 0-1-2 – се наречени Исраел, а 3-то и 4-то ниво – другите народи на светот, кои не можат самите да се поправат, бидејќи на првите нивоа дејствува Светлината, додека во последните сé одредува желбата.
Затоа желбите Исраел можат да се поправат под влијание на Светлината, потребно е само да ја привлечат кон себе, работејќи против своето его. Желбата за насладување во нив е сé уште мала, и како да не пречи да се доближат до Создателот. А 3-то и 4-то ниво не можат сами да ја привлечат Светлината, затоа што не се способни дури и да помислат на такви поправки, толку е голема силата на желбата во нив. Но согласно замислата на суштеството, треба да се поправат токму тие желби, бидејќи 4-то ниво претставува вистинско суштество и цел на Создателот. Така Исраел е преодна алка помеѓу Создателот и Малхут, која е способна да ги впие во себе особините на Светлината, и со нејзина помош, вклучувајќи се и соединувајќи се со другата желба, да го поправи нејзиниот погруб дел. Затоа се случува мешање на желбите, како резултат на што Исраел ги вклучува во себе народите на светот, а народите на светот го вклучуваат внатре во себе Исраел.
Се разбира, дека за да се создаде во Исраел желба за привлекување на Светлината, тој мора да почувствува притисок од АХАП, (народите на светот), на кои таа Светлина им е потребна. На Исраел не му е потребно ништо, тој исконски ги содржи само садовите на Галгалта ве Ејнаим, Бина. Но, чувствувајќи го притисокот од народите на светот, тој чувствува дека има потреба за поправка. Тогаш Исраел ја привлекува Светлината, која враќа кон Изворот, и се поправа, соединувајќи се во едно заедничко тело, Галгалта ве Ејнаим. Заедничката желба, која притоа тие ја градат, се нарекува земјата на Израел, а нивното соединување – Кнесет Исраел или Шхина, собрание на сите души на Исраел, бидејќи тој дел веќе е насочен кон Светлината (Исра-ел – „директно кон Создателот” ).
Ако Исраел се занимава со поправка, тогаш опкружувачката Светлина ќе почне да влијае и врз вториот дел од желбата, врз народите на светот, донесувајќи им спокој. Ако пак, Исраел не се грижи за својата поправка, тогаш народите на светот чувствуваат напнатост, и почнуваат посилно да го притискаат. Народите на светот го принудуваат Исраел да се соедини: со добро или со лошо. Процесот на поправката е заемен: го започнуваат Галгалта ве Ејнаим, кон кои потоа се присоединуваат народите на светот. И каков ќе биде тој процес, зависи од тоа дали Исраел го забрзува времето, т.е. дали се стреми кон поправка или не.
Од утринската лекција според статијата на Баал ХаСулам - 09.09.2012 на Каб.Тв