Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Целта не е половина од патот

21.11.2010.

Прашање: Што е тоа што навистина не обединува? Дали е вербата во „Тој што е добар и прави добро," тој идеал самиот по самиот по себе?

Светлината не обединува. Ниеден од нашите идеали и ништо од тоа што сме го создале нема да успее во тоа. Само ако ја замолиме Светлината да не обедини, таа ќе го стори тоа. Тоа е една едноставна постапка – да или не. Само Светлината го прави тоа! Ние можеме само да стигнеме до вистинската молба, а и тоа е тешко. Ова е нашата единствена прилика: да ја сфатиме нашата состојба, да сфатиме што е добро а што лошо, правилно да се спремиме за следното ниво (состојба на поголемо давање каде сме подобро поврзани меѓусебно), и да ја замолимеСветлината да ни ја донесе силата за давање.

Меѓутоа, кога се стремиме да се обединиме меѓусебно, не смееме да го гледаме нашето единство како целта, туку како начин за да му дадеме на Создателот. Не заборавајте на Домаќинот! На крајот од денот, ако постојано мислите на сопственото поправање и вашите непоправени одлики, ако сте потонати цел ден во тоа, мислејќи: „Морам да се обединам со пријателите! Зошто не сме обединети?! Јас ли сум непоправен или тие?", тогаш зошто го правите ова? Заборавате на целта и мислите само на половина од работата! Врескате и се нервирате, ама се секирате само за средството. Но што е тоа што го сакате?

Забораваме дека преку нашето единство мора да научиме да му дадеме на Домаќинот. Постои Создателот и мораме да ја достигнеме состојбата во која ќе можеме да му даваме со вршење дела за Тој да може да ужива во нас. Затоа се обединуваме. Целта на делото лежи во почетната мисла. Морате секогаш да си го отворате патот од неговата крајна точка. Така се е испланирано. Откријте точно што сакате да примите на крајот. Потоа почнете да запишувате кои фази треба да му претходат на тоа и што ви треба, како разни сили, пари, знаење, и опрема. Меѓутоа, ние врескаме на средината од патот како тоа да е се.

Ова е многу важно бидејќи инаку нема да стигнеме ни до половина пат. Зошто? Затоа што ја добиваме Светлината од крајната точка, од Создателот. Затоа не можам да ставам половина од патот како цел сега веднаш. Можам да земам само делче од работата како цел: сакам да достигнам 10 грама единство меѓу нас за да му дадам на Создателот 10 грама задоволство. Одлично! Тогаш имате целосно дело: Рош (почетокот), Тох (средината) и Соф (крајот). Тоа делува. Но ако речете: „Сакам да ја вложам целата моја енергија за да се обединам со групата!", тогаш нема да добиете ништо бидејќи тоа е само една половина. Затоа Баал ХаСулам објаснува во својата статија дека Израел (тие што се стремат кон Создателот), Тората (Светлината), и Создателот мораат да бидат присутни во секоја состојба. Инаку, скршнувате од патот и не се движите кон целта. Затоа, целта на делото мора да биде присутна во првичната мисла.

Светлината ни носи среќа

Прашање: Како може човек да провери дали оди по патот на Светлината или по патот на страдањето? Има ли некаков показател?

Напредуваш по патот на Светлината ако секогаш избираш подобра околина, што значи таква што е повеќе ориентирана кон целите. Во овој свет сум опкружен со општество, разни групи, пријатели, и задоволства, и морам да бирам: По кој пат ќе тргнам? На крајот од патот има цел – Создателот, и било да сакам или не, морам да сфатам дека тоа е природата која ќе победи без оглед на се.

Ако го сфаќам ова, ако имам „дел од божественото одозгора" кое е слично на Создателот, тогаш место други општествени кругови и задоволства, морам секогаш да го изберам друштвото кое е поврзано со духовната цел. Тоа ќе ми овозможи да ја откријам желбата за Создателот, која ќе биде изразена во мојата врска со околината. Тогаш таа ќе стане место во кое јас го откривам Создателот. Меѓутоа, се зависи од тоа што сакам да достигнам на крајот од патот. Има луѓе кои не ја гледаат целта на крајот од патот и затоа скитаат по животот како ветрот да ги носи.

Мораш да се провериш до оној степен до кај што разбираш: Што е она што го нарекуваш Создател, вистинската околина, и целта? И мораш да останеш на местото каде мислиш дека е вистината. Ако имаш духовна искра, точка во срцето, тогаш ќе ја најдеш вистинската околина за неа и нема да можеш да се смириш на ниедно друго место. Ако немаш таква точка во срцето, тогаш ќе му се придружиш на ова општество мислејќи дека можеш нешто да примиш таму, а подоцна ќе си заминеш. Во врска со ова се зависи од тоа каква среќа имаш, а не од разумот. Среќата (Мазал) е Светлината која тече (Нозел) одозгора и се сипе во точката во срцето. Ако дојде, ќе напредуваш.


Од Утринската лекција  11/21/10, „Суштината на религијата и нејзината цел"

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica