Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Централна точка на слободата на суштеството

18.02.2011

Најважното е: да се најде каде помеѓу сите наши особини, сè што се случува со нас во мислата или во дејството, имаме барем некоја слобода самите нешто да помислиме или да посакаме. Односно дали нам ни е даден барем некој простор за слободна мисла, желба, дејство? Ние секој ден се повеќе откриваме колку сé зависи од гените, хормоните, информацијата , веќе содржани внатре во човекот.

Ако пред сто години ние мислевме дека човекот е слободен во својот живот и сé зависи од него, тогаш денес сфаќаме дека неговото однесување се одредува со тоа; кај какви родители тој се родил, какви наследни особини добил.

Тој не го избрал времето кога да се роди, во какво семејство, со какви особини, каква едукација да добие. Уште од детството му сугерирале одреден однос кон животот и кон самиот себе, и за првите 15 години целосно го оформиле како личност. Човекот излегува во живот немајќи ништо од самиот себе – само добиеното од раѓањето, едукацијата и тоа што подоцна ќе го добие од опкружувањето во кое ќе се најде, достигнувајќи дваесет години и станувајќи возрасен.

Опкружувањето во целост ќе го одредува неговото однесување и донесувањето на одлуки, и сакал или не ќе мора да се придржува на истиот систем на вредности кој е прифатен во општеството. Дури иако посака да оди против општеството сепак ќе биде целосно зависен од него, бидејќи за него сé е одредено од општеството и во него нема ништо самостојно.

Од каде кај него можат да се создадат некои слободни мисли или желби, од која далечна ѕвезда? Во секој случај тие не би биле слободни. Слободно би било само едно дејство – создавање на суштеството "од ништо" (еш ми-аин). Само Создателот е способен за такво слободно дејство за да создаде нешто што нема никаква историја, нешто сосема ново. Но ако во мојата тековна состојба се вклучуваат секакви предуслови и сили кои ја генерирале, тогаш сé што се добива од нив е веќе очигледен резултат во однос на кој јас немам никаква слобода.

Јас живеам според одредена програма која поминува низ мене, не оставајќи ми никаков избор, и функционирам како машина или марионетка која ја влечат за конци и ја мрдаат на сите страни. Ние сме последица на сите тие туѓи, внатрешни и надворешни влијанија и различни сили кои во нас се соединуваат, и со нас управуваат. Дури иако изгледа дека човекот самиот може нешто да направи, и тоа не е слободно дејство, туку она што силите му дозволиле.

Но сепак постои можност да се најде слободата на вољата. Ако човекот се развива со помош на науката кабала тој ја привлекува кон себе дополнителната сила, спротивна на неговата сегашна природа. Тогаш меѓу овие две спротивни една на друга сили тој ја наоѓа точката на својот слободен избор. Од една страна е силата на неговата природа и на целиот овој свет, со сè што постои во него, од друга страна силата на Светлината дојдена одозгора.

Помеѓу нив, на средина тој има неутрална точка каде што може да го каже својот збор. Тој може да достигне состојба кога тие две сили ќе се избалансираат, и тогаш ќе добие слобода на избор.

Пат од безброј крстосници

Ние не само што имаме можност да ја достигнеме слободата на избор, туку сме должни тоа да го направиме. Никој нема тоа да го избегне, бидејќи кон тоа нè туркаат и влечат сите сили на природата; тебе и сите други, секој човек во светот! Секој ќе мора некако да ја реализира слободата на вољата.

Пред нас се две патишта: патот на Светлината (кабалата) и патот на страдањата. Тој избор треба да се прави секој момент! Тоа не значи дека еднаш сум стигнал на крстопат, еднаш сум избрал; свртив десно или лево и веќе по тој пат ќе одам. Јас сум се придвижил еден метар на некој пат и повторно сум застанал пред слободниот избор, пред крстосница.

Избрав, направив чекор по тој пат, но, стигнав пред нова крстосница каде што повторно треба да избирам. На секој мој чекор ми е дадена слободата на избор и две патеки се пред мене! Јас постојано морам да избирам меѓу нив, секој момент. Од секоја состојба до состојба, во секоја точка по кои се движам, градејќи од нив линија, пат до својата Конечна Поправка, во Гмар Тикун.
Во секоја точка јас морам да одлучам, во која од сите насоки, од сите 360 степени, јас ќе тргнам (бидејќи точката е кружница). Но всушност сите тие насоки се соединуваат во две можни варијанти на избор: пат на Светлината или пат на страдањата.

Размислувања кај Дрвото на спознанието на доброто и злото

Ако ние не развиеме во себе чувствивтелност кон доброто и злото, тогаш нема да знаеме како правилно да ги користиме. Сé зависи од суптилноста на чувството. Покрај тоа многу е важно како ние дефинираме што е добро, а што е лошо – зошто обично човекот го смета за добро тоа што е добро за неговиот егоизам, а лошо – тоа што му штети. Во однос на што се дефинира доброто и злото? Во однос на мене, општеството, Создателот? Што е тоа воопшто: добро и зло?

Сега ние се наоѓаме пред голем проблем. За време на целата своја историја правевме тоа што го сметавме добро за самите нас, слободно стопанисувајќи со нафтата, гасот, загадувајќи ја Природата и не грижејќи се за ништо. Сé додека не се преплашивме согледувајќи го тоа што сме го направиле – но пат назад веќе нема.

Научниците велат, дека судбината на земјината топка е веќе преодредена и невозможно е да се врати назад нејзиното нарушено здравје. Се испоставува дека тоа што ни изгледало порано како добро – се претворило во зло. Кога порано би биле почувствителни и способни да гледаме сé правилно, не би го сториле тоа. Тука разумот, способноста за донесување на одлуки многу зависи од чувстовото. Бидејќи желбата е првична, додека разумот се развива околу неа за да го реализира тоа што желбата го посакува.

Умот се развива само за да помогне да се достигне посакуваното. Јас размислувам за тоа што посакувам да достигнам, и колку повеќе посакувам – толку повеќе мислам. Соодветно на тоа се развива мојот разум во моите обиди да се достигне посакуваното. Затоа покрај големата желба секогаш има голем разум, додека покрај малата желба– мал разум. Затоа колку поголема чувствителност во себе ние ќе развиеме кон доброто и злото – во иста мера, покрај неа ќе се развие нашиот разум и ние ќе станеме помудри! Прашањето е само во тоа, според кои критериуми ќе се распознае каде е доброто а каде е злото...

Мешање на спротивностите

Постои состојба во која желбите за примање и давање се соединуваат, се дополнуваат една со друга и престојуваат една во друга – сé до степен кога е невозможно да се разликуваат. Таа состојба се нарекува "свет на Бесконечноста", и е првична. Потоа се случува слегување, "постепено расипување" кога од состојбата на единство тие почнуваат да се разделуваат и во вид на конус што се шири да се спуштаат надолу, меѓусебно оддалечувајќи се. Во одреден момент на тоа оддалечување меѓу нив бил создаден посебен статус и тие ја откриле можноста повторно да се соединат.

Но, обидувајќи се тоа да го направат, тие стигнале до разбивањето. Не само што тие желби се на различни страни: едната на десната, другата на левата. Сега секоја од нив, исто така треба да ја вклучува во себе и другата. Токму затоа се случува разбивањето: сакајќи да се соединат повторно како во Бесконечноста, тие не упеале тоа да го сторат и се разбиле.

Со други зборови, неуспешното соединување довело до нивно меѓусебно впивање. Потоа развојот продолжил по конус што се шири, оддалечувајќи ги една од друга уште повеќе. Но сега силата на давање, т.е. првата сила, Создателот, целосно е проникната со особините на желбата за примање, суштеството. Суштеството пак, целосно е проникнато со особините на Создателот, желбата за давање.

Меѓутоа во Создателот владее силата на давање, и силата на примање е вклучена во неа, се наоѓа под неа – додека во суштеството обратно, владее силата на примање, додека силата на давање ѝ е внатре подредена, скриена. Потоа следува спуштање во нашиот свет. Тука суштеството, силата на примање, почнува да се развива. Првин тоа воопшто не чувствува кој е, и што е. Во него автоматски се манифестираат сили и тоа со нивна помош се развива. Какви се тие сили?

Неговата основна сила, желбата за насладување и скриената внатре во него сила, желбата да се насладува. Желбата за примање се развива, а желбата за давање во неа речиси не се ни чувствува. Таа се манифестира само до степенот, во кој ја поддржува желбата за насладувања, ѝ дава животни сили, ги создава сите видови на врски меѓу формите на нејзината материја.

Кога Големата експлозија означи почеток на процесите во неживата природа, целиот тој развој произлегувал од желбата за давање, содржана во материјата. Бидејќи желбата за примање сама за себе не се движи, само сака да се насладува и небаре ја отвора устата, останувајќи неподвижна.

Но токму желбата за давање, која е скриена во неа, ја менува, и ја дава силата на животот. Така се развиваат овие две сили: желбата за давање, без оглед на тоа што е скриена, ја движи желбата за примање и ја поттурнува напред. На таков начин се развивала целата наша Вселена, а подоцна и Земјата – од заемното дејство на двете спротивни сили: ладното и топлото, привлекувањето и одбивањето, и т.н.

Во Природата секое нешто се состои од спротивности, кои на некој начин се вклучуваат едни во други. Сите промени кои се одвиваат во неживата, растителната, животинската и човечката природа се предизвикани од заемно вклучување на овие две сили – желбата за примање и желбата за давање. Тие меѓусебно се мешаат во различни комбинации, при што желбата за давање сé повеќе се манифестира себеси над желбата за примање, сé повеќе преовладува, доминира над неа. Желбата за примање оди со неа заедно, затоа што овој развој ѝ носи корист.

Од утринската лекција  - 18.02.2011 на  Каб.тв  од 02:00 до 05:00

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica