Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Црно - бел филм со среќен крај

Запишано е, „Нема никој друг освен Него“, што значи дека нема друга сила која дејствува во светот освен Создателот.

Но во овој случај, каде може човекот да ги добие силите за работа? И воопшто, како може да изврши било какво независно дејство, дури и најмало, без разлика дали е механичко, материјално или духовно, во желбата или во мислата?

На крајот на краиштата, постои само еден единствен извор на енергија кој придвижува сé, како Сонцето кое дава живот на целата Земја. Една сила дава енергија на сé, на сите делови на природата и во секој облик, материјален и духовен. Сите позитивни и навидум негативни работи доаѓаат од еден извор. Излегува дека мрзливоста која му врши притисок на човекот, и сите други пречки кои го попречуваат неговиот напредок кон откривање на Создателот исто така доаѓаат од една Виша Сила.

Тогаш, човекот е во средина и мора да одлучи како да го прифати ова управување од Вишото, односно како да се поврзе со силите кои влијаат врз неговата желба. Целиот универзум е желбата на човекот што чувствува дека тој постои и дека околу него се неживото, растителното и животинското ниво на природата, и луѓето. Но сето ова, и внатрешното и надворешното, се појавуваат во неговата желба и доаѓаат од една Виша Сила.

Сé што треба да направи е да ги поврзе сите овие облици, целата оваа слика во еден извор. И додека се обидува да го направи тоа, човекот почнува да гледа една рака што го води низ целиот процес, низ сите настани што му се случуваат. Во нив гледа израз на единствено управување од Вишото, од Создателот, кој е единственото нешто кое што постои.

Создателот ги реди работите за да го чувствуваме ова единствено управување во облик на мноштво сили кои се борат една со друга, позитивни и негативни сили кои на крајот ќе се обединат во средната линија и ќе му го олеснат откривањето на оваа единечна Виша Сила на човекот. Откривајќи ја оваа единствена сила, човекот ќе почне да ја препознава генералната програма – системот на создавање.

Така неговата желба, во која се открива оваа реалност, станува подредена во системот на световите. Но кога правилно ќе ја нареди сликата на перцепција на реалноста и преку неговите напори ќе ја поврзе со единствената сила, тогаш наеднаш ќе се случи настан кој ќе ги уништи сите плодови од неговата работа. Тогаш мора уште еднаш да работи со новите информациски податоци (Решимот) кои се будат во него и мора да поврзе сé во единствена сила, која е добра и прави добро.

Значи, со доблеста на откривањето на Решимот од страна на Создателот и напорите од страна на човекот, двајцата работат како партнери. Создателот постојано му дава нови услови на човекот, а човекот мора да ги користи за да го состави овој мозаик каде што ќе дејствува и ќе го опкружува само една сила. Откривањето и повторното криење ќе го збуни. И излегува дека на неговата страна, човекот постојано го додава она што недостига во општата слика, во мозаикот, со цел да ја открие сликата на Создателот во него.

Секое делче, секое Решимо, секоја состојба и ситуација му помага на човекот да открие дека се потекнува од една виша сила, и силите на доброто и злото дејствуваат заедно за да му дозволат да ја зграпчи сликата која е изградена од црни и бели фрагменти. Но мора да почне да посветува внимание не на црното и белото, туку само на неговата припадност кон единствен извор од кој потекнуваат овие две сили. Така ќе го открие Вишото Управување. Неговата цел е само да направи напор да го открие Создателот како причина за сé што се случува во него и во реалноста која ја перцепира, во процесот во кој учествува со доблест од сите овие искуства.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 03/06/12, Шамати

Историја на светот: Пат до заемна гаранција

„Арвут (заемна гаранција) е најважната статија од сите статии кои ги напишал Баал ХаСулам бидејќи зборува за принципите и корените на нашата работа.

Објаснува зошто луѓето од Израел биле создадени и во историјата и во целокупниот процес на развој, зошто е важна транзиционата врска за трансфер на методот на поправање од Создателот до созданијата, и зошто оваа методологија треба да се појави преку посебна група одделена од остатокот од човештвото во антички Вавилон во времињата на уништување, кои ги симболизира. Оттука групата после долго време, потребно за подготовка на човештвото, го пренесе методот на поправање на целиот свет. Баал ХаСулам исто така ги објаснува врските на оваа група со светот и низ кои процеси треба да поминат двете страни, и тоа во суштина, е целата наша историја.

Најважното нешто во оваа историја е моменталната ситуација. Дојдовме до таканаречениот почеток на последната фаза и сега мора да го имплементираме методот на поправање. Освен тоа, не е доволно да се имплементира методот преку надминување на одбивањето, издигање над нашиот егоизам, обединувајќи се меѓу себе и откривајќи ја Светлината на Создателот во ова единство. Исто така потребно е да се донесе Светлината во сите народи во светот, и со тоа ја остваруваме оваа методологија. Мора да ги донесеме луѓето до нивото за кое е кажано: „Бидејќи сите ќе ме знаат, од најмалиот до најголемиот.“ И тогаш сите ќе го откријат и запознаат Создателот, секој според сопствениот сад и желба. Со обединување и откривање на единствената Светлина заедно, Создателот ќе се открие во заедничкиот сад. Ова ни го кажува статијата „Арвут“.

Може да се повлечат различни вектори за да се разберат одговорностите кои ни се дадени и се одразени во историјата, образованието, културата и светските настани. Затоа, станува многу јасно зошто светот требал да помине низ секакви епохи и процеси, тежнеејќи кон слобода, богатство, моќ, слава и наука. Сфаќаме зошто, како резултат на нашиот егоистичен развој, светот треба да падне во кризата која се случува денес, и што треба да се открие пред светот да ја сфати потребата од поправање кое не е само надворешно, туку од корен.

На крајот на краиштата, не се работи за природната средина и надворешните системи кои воведуваат ред, туку за нас, меѓу нас, во односите меѓу нас, мораме да усвоиме нов систем на поврзување на луѓето. И за да го направиме тоа, треба да ја промениме нашата природа. Егоистите веќе не смеат да ни нудат решение за сегашната ситуација. Тоа ќе се смени само ако се смениме себеси. Тогаш ќе ја трансформираме мрежата од врски – и со тоа ќе го смениме светот. Сé ова заедно е последица од основата која ја опиша Баал ХаСулам во статијата „Арвут“.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 03/06/12, „Арвут“ (заедничка гаранција)

Или заемна гаранција или љубов кон себе, нема трета опција

Од статијата на Баал ХаСулам „Арвут (заедничка гаранција)“ (текстот од статијата е болдиран):

И наводно откриваш дека давањето на Тората на човек, мораше да се одложи дур не излегоа од Египет, што значи додека не избега од своето его и не одлучи дека не сака да биде поврзан со него. Само тогаш тие стануваат посебен народ. Сега човекот е подготвен да се поврзе со сите пријатели за да се развие над егото. Тогаш сите нивни потреби ги задоволувале сами, без да зависат од други. Групата сака да се воспостави на начин така што атрибутот на дарување ќе живее меѓу пријателите со цел да се создаде и стабилизра силата за да може да му се дарува на Создателот. Ова им даде право да ја примат вишата Арвут, и тогаш им беше дадена Тората. Со тоа станаа достојни за врската наречена „заемна гаранција“ која е стабилизирана и откриена од Светлината која поправа, наречена „Тора“.

Излегува дека дури и по примањето на Тората, ако неколкумина од Израел ја предадат и се вратат на гнасотијата на самољубието...Ова значи дека не зборува за крајниот успех, бидејќи секогаш можат да се вратат и да паднат и да ја напуштат заемната гаранција...без да размислуваат за нивните пријатели, таа иста количина на потреба која се става во рацете на оние неколку ќе го оптовари Израел со потребата да го овозможат тоа самите. Така е бидејќи тие неколкумина нема воопшто да ги сожалуваат. Ако секој член на групата не ги вложува сите моќи и не ги додаде на заемната гаранција, на општата заедничка врска, или ако целосно го напушти патот, неговата моќ недостасува во целиот систем и заради таквите луѓе сите паѓаат.

Значи, исполнувањето на Мицва на сакањето на сопствениот пројател ќе биде спречено од целиот Израел. Садот се нарекува „заемна гаранција“, а Светлината, чувството што го исполнува, се нарекува „љубов“.

Затоа, овие бунтовници ги приморуваат оние кои ја чуваат Тората да останат во нивната гнасотија на самољубие. „Чуварите на Тората“ се оние кои постојано се грижат за поврзувањето и затоа ја привлекуваат Светлината која поправа за нивната врска да биде соодветна на Светлината и да порасне во интензитет кон поголемо поврзување со Создателот, тие луѓе постојано се држат до Тората и Мицвот (заповедите), што значи до поправањето и поврзувањето кои се сé поголеми и покомплицирани...бидејќи нема да можат да ја извршуваат Мицва, „Љуби го ближниот свој како што се љубиш себеси“. И да ја исполнат нивната љубов кон другите без нивна помош. Неопходно е постојано да се зајакнува заемната гаранција, врската меѓу нив, и таму се открива Светлината на љубовта и во постојано растечки интензитет.

Како резултат, сите од Израел се одговорни еден за друг, и на позитивната и на негативната страна. „Исраел“, што значи копнеж по Јашар – Ел (право до Создателот) е можен само со заемна гаранција. Од друга страна, без заемна гаранција нема Исраел, што значи дека тие не се нарекуваат „Исраел“ ако нема заемна гаранција меѓу нив. „Исраел“ и „заемна гаранција“ се синоними кои го симболизираат духовниот сад во кој се открива Светлината.

Од позитивната страна, ако ја чуваат Арвут додека секој се грижи и ги задоволува потребите на своите пријатели...Човекот се грижи за целиот сад општо, за да биде во заемна гаранција и поврзување од сите страни, во цел интегрален систем. Целосно ќе можат да ја чуваат Тората и Мицвот. Постојано додаваат поправање во она што им се открива. Секако, им се открива и расипаноста, како што беше со децата на Израел во пустината. Тука е потребна Тората, односно учењето и упатствата кои им покажуваат како да ги поправат расипаните делови кои им се откриваат по прогонот од Египет. Кревајќи се над нивниот „Египет“, децата на Израел почнуваат да го стабилизираат израелскиот народ, привлекувајќи ја Светлината наречена Тора и постојано чувајќи стража, подготвени да научат како да го прават тоа. Ова дејство, овој процес е „народот на Израел“ што напредува директно кон Создателот.

Можат целосно да ја чуваат Тората и Мицвот, што значи да го прават радосен нивниот Создател. И ова е всушност целта и причината за целата оваа работа. Тука може да има само две состојби – или заемна гаранција или самољубие, не може да има ништо помеѓу.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 03/06/12 „Арвут (заемна гаранција)“

Трикот на квалитетот на животот

Прашање: Како треба да се промени ситуацијата, квалитативно и кванитативно, по воведувањето на интегралното образование и воспитување?

Одговор: На пример, може да ја споредиме статистиката на град каде што се спроведува интегрален експеримент, град како Детроит, каде што преовладуваат насилство, убиства и самоубиства и најактивниот дел од населението го напушта градот. Ако работите се остават да го следат природниот тек на развој, како во Детроит, градот ќе стане напуштен. Но град со интегрално учење почнува да напредува, бидејќи жителите заедно градат паркови и атракции, наоѓаат начини да привлечат туристи и така натаму. Сé ова е можно. Ако ги споредиме податоците од двата града, ќе видиме дека тоа е како рај и земја.

Ако Детроит некогаш бил напреден град, сега е невозможно да се стапне надвор. Домовите кои некогаш чинеле милиони долари за да се изградат, сега се продаваат за не повеќе од 5 до 10 илјади долари! Но никој не сака да ги купи; невозможно е да се живее во овие куќи бидејќи нема да се чувствуваш безбедно дома. Никој не оди таму. Невозможно е да се открие каков град се претвора во ваков случај. Но град каде што се случува интегрален процес ги привлекува сите, бидејќи неговото население станува побогато создавајќи сосема нова атмосфера. Заради ова, ќе се покачи цената на становите во град каде што се случува ова.

Од КабТВ „Експериментален град: Воспитување“ 03/06/12

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica