Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Шанса да му се донесе светлината на светот - 01.03.2010

 

Кога Баал ХаСулам го објаснува Зохарот користејќи ја терминологијата на Кабалата, тој сака да даде објаснување кое ќе ни ја развие душата и осетите, а не умот. Тоа, навистина, е предизвик бидејќи јазикот на Кабалата е многу прецизен, логичен, научен, и сув, и затоа човек знае да падне во таа стапица, премногу ментално да се обземе со тоа. Тоа е особено така во нашево време кога егоизмот е толку развиен што се развива преку умот. Современиот човек е наклонет да бара научно објаснување користејќи го земскиот ум место да го почувствува Вишиот Свет во своите поправени желби.

Како резултат, кога некој ќе чуе објаснување, намамен е во Клипа. Ако прифаќа се на чисто рационален темел и почне да дава објаснувања за тоа што се случува без да го поврзе тоа со поправањето на своите осети, тогаш нема да бара духовно достигнување. Ќе биде задоволен со објаснувањата на нивото на својот земски разум, а тоа ќе го запре неговиот духовен напредок. И не само тоа, туку ќе продолжи да збунува други кои не сфаќаат дека неговите убави зборови немаат духовно достигнување, туку само апстрактно знаење.

Затоа мојот учител Рабаш своите лекции ги држеше на таков начин од кој учениците од лекциите си одеа збунети, ништо не сфаќајќи. Тие не сакаа да добијат чисто знаење, туку чекаа да добијат способност да го почувствуваат тоа што го читаат. Постои и друг пристап на подучување на Кабалата во кој ученикот се радува по лекцијата што примил одредено знаење и сега може се убаво да поврзе во една целовита слика на светот. Ова се два сосема различни пристапи.

Во секој случај, животот се ќе постави на свое место. Глобалната криза, страдањето, проблемите, и развојот на егоизмот ќе му стават крај на нашиот површен интерес за науката. Луѓето ќе станат попаметни и ќе сфатат дека апстрактното знаење е бескорисно бидејќи не дава никакви решенија за нивните проблеми. Мораме да ја откриеме и почувствуваме духовноста, место да градиме теории засновани врз нешто што го пишува во книги.

Кога умот работи врз основа на чувство и достигнување, навистина ја откриваме природата, Создателот. Меѓутоа, кога продолжува да расте место навистина да достигне нешто, како што опишува еден стих, „Нашето знаење ги надминува нашите дела" (Хохмато Мерубе Ми Маасав), а тоа го кочи духовниот развој. Тој почнува да биде сезнајко дури иако е во целосен мрак и не го чувствува тоа за што зборува.

Затоа, желба ми е сите да ги спречам да се занесуваат по спекулативни коментари, и на сите да им помогнам да тежнеат само кон себепоправање и достигнување на вистинско откровение.

Умот мора да се потпре на чувства

Зохарот, поглавје „Ве'Еле Толдот Ицак (Ова се поколенијата на Исак)", точка 14: Иако сите луѓе на светот се од Израел, сите завредуваат да го благословат Создателот. Но благослови за кои горните и долните се благословени, кои се тие кои го благословуваат Него? Тоа се слугите на Создателот. А кои се тие чиј благослов е благослов? Тоа се тие кои стојат во Божјата куќа ноќе, тие кои стануваат на полноќ и се будат да читаат од Тората. Тие се тие што стојат во Божјата куќа ноќе. И ним им требаат двете: да бидат слуги на Создателот, како и да стануваат ноќе, бидејќи тогаш Создателот доаѓа да се забавува со праведните во Рајската Градина.

Во науката на Кабалата, „полноќ" нема врска со времето одредено од астрономските часови и ротацијата на планетата земја, туку со состојбата на оној кој во себе гради духовни сетила (Келим).

Тој човек е во состојба на темнина бидејќи неговото претходно ниво во целост се истрошило како зрно кое скапува во почвата. Тоа е неопходен услов за добивање нов степен; неговата претходна состојба мора да „изгние" во однос на него.

Тогаш од мракот почнува да гледа ново ниво, кое е формирано од следното ниво и Горното Светло кои лежат пред него. Бидејќи сега му се чини како мрак бидејќи го чувствува преку своите сегашни одлики. На крај, секое наредно ниво е поголем степен на давање во однос на непоправената желба за уживање која му се открива.

Од една страна, поголемо Светло свети за него, но од друга, тој открива додатна, непоправена желба за уживање во него. Тој веќе има ново ниво во себе, но го гледа како темнина, недостиг на Светло во желбата.

Бидејќи додатната желба уште не е поправена, тој Светлината ја доживува како темнина. Тоа го тера да трага по начин да го промени својот став кон својата перцепција на стварноста. Сама по себе стварноста е секогаш дел од поправениот Малхут, кој постепено му се открива се повеќе.
Човек постојано ја менува својата перцепција, осети, и свесност, како и достигнувањето на својата состојба. Тогаш тој бара да ја добие Светлината што реформира; сепак, не го прави тоа за да ја смени стварноста, туку да ја смени својата перцепција на стварноста.

Затоа, таквиот човек се вика „слуга на Создателот" бидејќи сфаќа дека во секоја состојба, се доаѓа од „Не постои никој освен Него." Само неговата перцепција на стварноста се менува како резултат на тоа што ги поправил своите одлики (Келим).

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica