Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што е “Грев“

14.09.2010


"Гревот се одредува по тоа,дали си барал или не си барал кај Создателот сили да се искачиш над своето чувствување на "доброто" и "лошото". И првиот пат – тоа се уште не е грев! Можеби ти уште не си разликувал, каде е доброто и лошото, и односот кон Него. Ако ти си го сторил истото по вторпат – тоа е веќе грев. Но ако ти си го повторил истото и по третпат, тогаш тебе те спуштаат од твоето скалило – ти веќе не можеш на него да останеш. При првиот допир на насладувањето кон желбата, се создава желба кон насладување (сад, кли). Во вториот контакт на насладувањето и желбата, доаѓа осетот на престап, грев, примање поради себе. Но ако ние по третпат предизвикуваме примање на насладувањето во желбата, тоа значи, дека е извршен не само грев, туку и тоа, дека чувствувањето на гревот беше недоволно, за да се воздржиме од него. Тоа е слично на тоа, кога судот би доделил казна многу помала, отколку што е желбата за престап, - и со самото тоа не би одучил да се краде. И тогаш се донесува одлука да ме скријат во затворот на овој свет.

Илјада пати ќе паднеш и ќе се кренеш

"Покајувањето" означува, дека јас почувствував дека згрешив, но и после тоа не можев да одам по правилен пат – да го замолам Создателот за сила да се кренам над пријатните и непријатните чувствувања, за секогаш да се однесувам кон Него, како кон добротворец. Јас не можев да го издржам тоа и паднав. Сега, за повторно да се кренам, мене ми е потребно "пробудување одоздола" и "пробудување одозгора". И за тоа доаѓа посебно поттикнување во одредени временски периоди, кои се нарекуваат празници – месецот ЕЛУЉ, што е скратеница од "Јас кон Љубениот свој, а Љубениот – кај мене", а благодарение на тоа, новите одлуки, чувствувања, впечатоци. И тогаш јас молам за исправување на истите тие гревови, кои не ми дозволија да го достигнам доброто, да се кренам, да побарам сила на верата и духовно да напреднам – туку ме доведоа до паѓање (што е сигурно испланирано од Создателот). Дали јас морам цело време да се сопнувам и паѓам? Да, инаку не е можно! Како што е речено: "Илјада пати ќе падне праведникот и повторно ќе се крене". Чувствувањето на гревот дури и по вторпат, уште не е доволно за напредување, за да го доживееш во целата длабочина. Првиот пат јас само осеќам, како светлината малку се допира до садот и ја создава во мене желбата. Вториот пат, мене веќе ми го покажуваат екранот наспроти мојата жеба да се насладам. А кога грешам по третпат, тогаш почнувам да го откривам односот кон Создателот, освен желбите. Затоа нема излез – останува секој да стане завршен грешник, без тоа не е можно да се исправиш и да станеш совршен праведник, бидејки само нечистотијата се претвора во светост. Но да станеш грешник е можно само ако се стремиш да станеш праведник!

Време на покајувањето – "Слихот"

Како во периодот на "Покајувањето"(Слихот) помеѓу Новата Година, Рош Хашана и Судниот Ден, Јом Кипур, - да се почувствуваш себеси завршен грешник? Бидејки "завршениот грешник" сигурно ќе дојде до "покајувањето", Слихот. Но да се почувствуваш себеси така е можно, само ако дојде светлина и ни покаже, дека сме завршени грешници. Бидејки ние и сега сме грешници – само не го гледаме тоа, поради недостаток на светлина. Односно, за да се стане грешник, нам не ни е потребно да извршуваме лоши дејства – ние и сега сме во нив. Нам ни недостасува само осознавањето на своето зло. Што само не сме правеле во својот егоизам: крадевме, убивавме, злоставувавме – само не забележувавме, дека тоа е грев. И тоа навистина не е тој грев, за кој говори Тора, и го има предвид Создателот. Да се подготвиш кон покајувањето – тоа значи да се потрудиш да се обединиш, преку обединување да ја привлечеш светлината, која враќа кон изворот, - и тогаш ние ќе го откриеме својот грев, несакањето да се обединуваме. Гревот е – само во оттргнувањето од обединувањето. Бидејки човекот е подготвен на се', дури да умре – само да не се соединува со другите! И кога тој сфаќа, дека не постои ништо поважно и дека тој не го посакува тоа, - значи е подготвен за покајување. Нам ни недостасува само осознавање на злото, за да викнеме и да побараме сили за соединување, сили на доброто, на исправувањето.

Скала, што води кон Создателот

Ако ние посакуваме да се соединиме, за да го откриеме Создателот, тогаш различните видови и фази на нашата поврзаност, до целосното обединување, ги составуваат сите скалила на скалата, кои ние мораме да ги поминеме, од нашиот свет, раскинувањето помеѓу нас, до целосното соединување, наречено "свет на Бесконечноста".
Целата наука кабала (целата Тора) зборува само за откривањето нам на 125 скалила на обединувањето помеѓу нас. Затоа, ако секој од нас се подготвува себеси кон тоа, при читањето на Книгата Зохар да се соедини со сите во една целина, и да посака да го открие во тоа обединување Создателот, - обликот, кој го прима нашето обединување, тогаш нашиот стремеж се нарекува "Исраел ( кои се стремат кон Создателот), Тора и Создателот се обединети", - тогаш ние навистина ја отвораме Книгата Зохар, за да ја достигнеме целта.

Пат кон откривање на Создателот

Читајки ја Книгата Зохар, ние се трудиме да создадеме заеднички простор, посакувајки да ги соединиме во него сите наши точки во срцето, - тоа значи, дека ние "ја учиме Тора". Без таква намера нема изучување на Тора. Точката во срцето – тоа е "Исраел", Исра-ел, стремеж кон Создателот. Со помош на учењето, ние посакуваме да ја достигнеме Тора – Исправувачката за нас светлина. И тогаш во врската помеѓу нас ние го откриваме Создателот. Во врската помеѓу нас и, соодветно, во откривањето на Создателот, постојат 125 скалила или 5 светови, 5 светлини НАРАНХАЈ. Целосното отсутство на врската, од кое ние ги започнуваме нашите усилби да се соединиме, се нарекува "овој свет". Крајната точка на обединувањето помеѓу нас се нарекува "свет на Бесконечноста". Така се открива целиот систем на заедничката Душа, наречена Адам Ришон, Шхина или Малхут на Бесконечноста. Обликот на овој духовен сад (кли) се нарекува "Создател" (Кадош Барух Ху) – особина на давање и љубов, која ние ја откриваме. Се се наоѓа внатре во тој систем. Целата наука кабала зборува само за тоа, како да се открие Создателот, согласно на законот за сличноста на особините, како што е речено: "Од љубовта кон суштествата – до љубовта кон Создателот". Соединувајки се заедно, ние создаваме во врската меѓу нас систем, сличен на вишата сила на давање. Оваа слика цело време треба да биде пред нашите очи за време на читањето на Книгата Зохар. Јас постојано морам да проверувам, каде се наоѓам на таа скала на поврзаноста помеѓу нас, за што зборува сега Зохар, сакам ли јас да се соединам со другите или се противам на тоа, што мене ми смета. Јас цело време мислам само за тоа: како јас (Исраел) сум поврзан со другите, со силата која нас не обединува (Тора), и внатре во нашето правилно соединување ја откривам исконската особина на давање (Создателот).

Што има зад хоризонтот?

Во почеток кај Нуква не постои желба да прими светлина – таа е само точка во однос на З'А ( зад градите на З'А). Потоа таа почнува да расте и да прима светлина, за да ги изгради своите желби (садови, кли). Светлината доаѓа од З'А до Нуква, и таа се гради себеси, благодарение на врската со Него. Тоа соединување со нивните "обратни страни" – е време на формирање на Нуква, нејзиниот екран, облиците на давање, на кои ја учи З'А. Превземајки ги, таа добива желба и сила, и може да стане подобна на З'А, "жена" – тогаш Нуква и З'А (суштеството и Создателот) се соединуваат "лице со лице" – и таа добива од Него наполнување. Но суштеството никогаш не може да стане "Создател" – тоа мора да стане слично на Него, еднакво! Едниот не може да се претвори во другиот, тој може да стане само сличен. И тоа е доволно, во нас не постои потреба за повеќе од тоа! Ние не знаеме што ќе се случи потоа, после конечното исправување (Гмар Тикун). Сега тоа е невозможно да се замисли. Можно е да ни се отворат некои апсолутно нови можности, како што сега на човекот од нашиот свет наеднаш почнува да му се открива духовниот свет, и целиот овој свет му се чини како мало зрно песок во споредба со откриената пред него духовна вселена. Толку огромен му се причинува духовниот свет со своите впечатоци, чувствувања, наполнувања, постигнувања. Најпрво самиот човек како одново да се раѓа и се, што се случувало со него порано, го восприма како ништо. Тоа е дури помалку и од капка семе во споредба со големиот, возрасен човек. Бидејки таа припаѓа на истиот тој материјален свет, веќе ја содржи внатре целата информација за идниот човек и треба само да се развие.
А тука се раѓа нешто апсолутно ново. Духовниот свет означува ново воспримање на реалноста: наместо егоистичкото, внатре во себе – од себе надвор. А можно е, дека после завршетокот на исправувањето ќе се случи продир во уште една димензија, која ние сега апсолутно не можеме да си ја замислиме. Ние не го замислуваме дури ни духовниот свет, иако кај нас постојат секакви зачетоци за негово воспримање – Тора, религии, раскази на кабалистите. А за тоа, што ќе се случи после завршетокот на исправувањето, апсолутно ништо не е познато – кабалистите не инсинуираат на тоа ниту со еден збор. Тие ни раскажуваат само за патот на исправувањето. Но никој не кажува, што ќе се случи после тоа, кога јас ќе станам сличен со Создателот. Зохар точно го ограничува нашето истражување само со материјалот и обликот, претворен во материјалот. А за апстрактниот облик и за суштината не смееме да прашуваме, бидејки ние немаме инструменти за нивно истражување, за да го добиеме одговорот.

Опипувајки низ себеси

Проверка на нашите духовни состојби може да биде само проверката на поврзаноста на човекот со групата. За да ни овозможи правилно во неа да се развиваме, Создателот ни дава да осетиме постоење на некоја виша власт, но самиот останува скриен – за во обединувањето ние да можеме да создадеме негов модел. Повремено откривајки се и скривајки се, Тој ја поттикнува во нас неопходноста да го откриеме токму од Неговото скривање во точката на нашето обединување. Јас не можам да го видам Создателот предвреме, како секоја цел во овој свет. Создателот, скривајки се, ни дава можност да го градиме Неговиот лик од анализата на особините "себеси и групата", како "себеси и Создателот". Ние ги откриваме и ги проценуваме, пробивајки се кон Него опипувајки и обликувајки нешто непознато за нас самите. Постепено формирајки го во себе духовниот систем, ние ја користиме својата желба и силата на Создателот, светлината, - од нив во нас се создава ликот на Создателот. Бидејки ние го создаваме Него од мракот, без очигледен пример за копирање, ние го откриваме, сфаќаме, го чувствуваме Него, навистина стануваме слични на Него. Сите препреки, жестоки во својата мудрост, претставуваат обука, која Создателот ја испланирал за нас, како наставник, кој го просветува својот воспитаник. Ние го изградуваме во себе системот на управување со давањето – системот на екранот и одразената светлина. Токму благодарение на одразот, ние стануваме слични на Создателот по особините. Така човекот постепено станува човек – тој, што е сличен на Создателот.

Како да се викне, за да се биде слушнат?

Ние создаваме помеѓу себе взаемна поврзаност, взаемна зависност, взаемна одговорност, љубов, обрвзувачка потреба да се биде заедно. Таква поврзаност ( место) ние мораме да создадеме, за да го откриеме во него скриениот од нас Создател. Од тоа, создадено од нас место, "Шатор на откровението", Тој ќе зборува со нас. Без постоење на таквиот "комуникатор" помеѓу нас и Создателот, ние викаме во празно. Да се обраќаме можеме само кон тој лик, кој сме го оформиле во нашата врска – Храмот на Создателот. Речено е, дека само преку љубовта кон другите може да се достигне љубовта кон Создателот. Затоа ние го градиме помеѓу нас духовниот систем на взаемна одговорност и взаемна поддршка – со цел да се открие Создателот. Ете зошто пред се неопходно е да се погрижиме за формирање на групата. Првиот услов за добивање на Тора, светлината на исправувањето, кај планината Синај (состојбата на откривање на взаемната омраза) била невозможноста, но подготвеноста да се обединиме, како еден човек со едно срце, да се работи врз тоа обединување по принципот на "ќе сториме и ќе слушнеме". Колку и да е мала таа подготвеност, но ако таа постои, кај нас се појавува заедничка точка – "прозорец" за обраќање кон Создателот. Бидејки таа заедничка точка веќе ја претставува Малхут на светот Ацилут, Шхина. Така треба да се сфати подготовката кон добивањето на Тора.

Од дневната лекција / 14.09.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica