Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што значи да се биде Создател?

08.12.2010
Прашање: Вие велите, дека секој на крај мора да ја открие формулата на рамнотежа со Природата.

Но зар кабалата сака да го претвори секој човек во научник-истражувач, терајќи го да ги открива формулите на Природата?

Но тоа е многу едноставна формула! Секој од нас се наоѓа внатре во Природата и се стреми кон удобност. Рамнотежата – тоа е решение на равенката, откривање на формулата на најудобната состојба: каква топлина ми е потребна, каква влажност, храна, покрив над главата, семејство и деца, сигурно место за заработувачка и т.н. Токму тоа во нашиот свет се нарекува да се достигне рамнотежа со Природата, да се задоволат сите свои желби.

Но Природата ме развива на таков начин што оваа рамнотежа секогаш се нарушува – и јас морам одново и одново да се обидувам да ја пронајдам, движејќи се напред. Ние постојано бараме рамнотежа. Дури и кога човек брза да дојде на власт, или e во трка за милијарди долари - тој го прави тоа затоа што ја чувствува во себе таа потреба, што сака да ја пополни, доведе до рамнотежа, за да се смири. Затоа развојот, за кој зборува науката кабала – е најнормалниот и природен развој за секој човек во овој свет.

Само што секој има малку поинаква своја формула за постигнување на оваа рамнотежа. Рамнотежа – тоа значи дека ми е толку добро, што подобро не може да ми биде! Тоа се нарекува крај на поправката (Гмар Тикун), кога сите желби се поправени – односно целосно наполнети, секоја со тоа што го посакува! Јас немам потреба да барам некоја си несфатлива формула на Природата! Ако јас ја достигнувам совршено комфортната состојба, во која веќе апсолутно ништо не би сакал да менувам – тоа значи, дека ја открив општата формула на рамнотежата на природата!

Односно јас откривам, дека можам да бидам голем и успешен, и формата, во која сега јас себеси се откривам – се нарекува "Создател" или природа. Небаре сум растел, растел, и конечно сум пораснал и сум станал цар и гледам: еве ми го дворецот, еве ја армијата, еве го народот. Кога човекот чувствува, дека го достигнал целосното наполнување – тоа значи дека ја открил формулата, што значи да се биде Создател.


На прагот на новиот свет

Прашање: Зошто Создателот не казнува уште пред да почнеме нешто да сфаќаме? Зар така се постапува со неразумно дете?

Невозможно е да се равиваме поинаку. Зошто ти не негодуваш, дека детето толку бавно расте, причинувајќи ни толку проблеми и повредувајќи се. Но тоа е единствениот начин да ги дознае своите келим/желби. Цел живот не придружуваат болката и маката – тоа се нарекува дознавање, и нема што да се прави.

Но кога, конечно го достигнуваме духовниот развој, доаѓаме во групата и сакаме во неа да го откриеме духовниот свет, Создателот – видете, колку забуни постојат на почеток: ги влечеме со себе сите претходно добиени религиозни митови и стереотипи за духовното, и воопшто не разбираме што е тоа. Зар сето тоа е направено, зар не можеле да ни дадат точна карта на патот за да се движиме сигурно и смирено?

Но ние не го разбираме вишиот програм: секој чекор, каде што секој пат ти се сопнуваш – тоа е место за дознавање. Ти се збунуваш и се вртиш на едно место секој пат, како да се враќаш кон истото – но тоа не е истото, секој пат тоа се нови дознавања. Човештвото целосно лута во мракот, збунето од сите можни верувања и предрасуди - и колку долго ќе потрае излегувањето од овој хаос?

Ништо не може да се стори, таков е патот на развојот. Но сега, во наредните години ќе се случуваат многу големи и брзи промени. Ние мислиме, дека светот ќе се развива со истото темпо, како и порано – но не ја земаме предвид глобализацијата. Сега веќе не функционираат некои си одделни ситни закони за секој од "70-те народи" – туку еден заеднички закон за сите. Се открива новиот систем на управување. Затоа светот станува глобален – тој се обединува со овој заеднички закон, со оваа сила, и го чекаат бурни промени. Ние ќе тргнеме напред со гигантски чекори.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica