Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што му дава кабалата на човекот?

24.01.2011

Прашање: На што се фокусира кабалата и што таа може да му даде на човекот?

Кога завршува детството на човекот, постепено му се отвораат очите и тој се пронаоѓа себеси во некој свет. Во него може да се живее без многу размислување, едноставно "како сите", гледајќи ги другите.

Но можеби тој посакува нешто повеќе да сфати во животот. Сé зависи од внатрешната потреба на човекот која го поттикнува. Tогаш тој посакува да ја открие реалноста што го опкружува: во детството – својата соба, подоцна – дворот, градот, државата, светот, целата земјина топка, потоа тој преминува во вселената. Но, на крај тој сфаќа дека сите тие обиди не му причинуваат задоволство.

Денес човештвото изгубило интерес дури и за истражувањата на вселената, останала само нејзината меркантилна употреба за управување со мобилниот телефон од сателитот или за спроведување на шпионажа. Веќе не нè воодушевуваат патувањата во вселената во далечните галаксии – внатрешната желба на човекот се променила и не се протега во далечина, во вселената, туку напротив повеќе навнатре. Се поставува прашање: од каде е тоа дојдено, зошто?

За првпат во историјата на човекот ние не се обидуваме да направиме едноставно "повеќе", туку сакаме отпрвин да разбереме: зошто да го правиме?! Тоа е прашање за својот корен: "Од каде сето доаѓа? Каде тоа ме води?"

Од година во година на луѓето сé потешко е да им се продаде нешто ново – тие веќе се презаситиле од сé. Тоа не значи дека немаат желби – но ти не можеш да им го дадеш тоа што тие го посакуват! Затоа тие остануваат незадоволни, разочарани и почнуваат да употребуваат наркотици за да се заборават.

Потребен им е одговор за смислата на животот – а не само како да си изградат околу себе удобен престој со добра исхрана, пријатен за животинското тело. Тоа е евидентно дури и во модата – колку таа станува поедноставна и послободна. Тоа зборува за тоа дека човекот се ослободува од материјалните вредности, во кои веќе не гледа наполнување, смисла. Тој само сака да му биде удобно и да не чувствува недостаток од нешто материјално.

Но тој не сака да се фокусира на него и премногу да се загрижува. Тоа е многу голема разлика: потребен ми е автомобил, дом, илјадници различни нешта за да живеам удобно. Но сами од себе тие не ми се интересни, јас едноставно сакам да си обезбедам удобност, а така – не ми треба ништо. Тие ми го олеснуваат животот – тоа е одлично, но сето тоа не е цел, сама за себе. Јас сакам да се откријам за нешто друго, повисоко.

И тука во човекот се отвора прашањето за суштината, за смислата на животот. Тогаш веќе нема да му помогне ниту развојот на технологијата, ниту науката, ниту филозофијата, ниту психологијата – ништо нема да му даде одговор на ова прашање. Затоа што тоа е веќе прашање за својот корен – од каде сум дојден? Дали имам некоја повисока намена освен овој животински живот? Бидејќи во него јас веќе се исцрпив себеси, што уште можам да добијам? Уште некоја ултра модерна играчка или телевизор?

Можете да смислувате какви било разоноди – но сето тоа е од нивото за кое јас веќе не прашувам. И не сум виновен за тоа! Внатре во мене се разбудуваат прашања, кои припаѓаат на друго скалило.

Уште не е измислена екскурзија во Пеколот...

Ние сé уште се наоѓаме во преоден период, но на крај на човекот ќе може да му се даде сé што може да се замисли, како во сон – но тој нема да го сака тој прекрасен живот. Тој ќе го восприми како оддалечен од реалноста, слично на наркотиците. Тоа ќе го одбива – неговата внатрешна желба ќе биде таква што тој не ќе може веќе така да живее. Тогаш животот ќе му се причини пострашен од смртта, тој нема да знае што да прави со себе.

Тоа не зависи од човекот – во него се открива таков вид на желба што нема да може да се замолчи ниту со наркотици, ниту со алкохол, со никакви задоволства од овој свет: храна, секс, семејство, патувања, кои станале толку популарни во последниве години. Сето тоа постепено ќе згасне, луѓето ќе се презаситат со сето материјално и нема да можат да продолжат.
Тие веќе и денес не знаат што уште да смислат: има екскурзија на северниот пол – ќе допатуваш, ќе погледнеш и се враќаш веднаш назад, зошто таму нема што повеќе да се прави. Луѓето нема да сакаат веќе ништо такво.

Тогаш ќе дојде науката кабала и ќе рече: "Одлично, конечно го исцрпивме овој свет и дојдовме до границата на материјалното!" Бидејќи светот се одредува со прашањата на човекот. Ако тој прашува што има надвор од границите на овој свет – значи ние веќе го достигнавме лимитот, допирајќи го таванот со главата . Сега треба да се искачиме на следниот кат и да одиме понатаму.

Токму тука се открива науката кабала, зошто само таа може да нè крене над тој таван. Тука функционира природниот закон, кој не зависи ниту од тебе, ниту од мене, ниту од некој друг.

Постојат две патишта: патот на Светлината и патот на страдањето. И двата се сега пред тебе, ти стоиш на крстосница и треба да го избереш едниот или другиот. Одлучувај самиот!

Тука останува само кабалата зошто ние веќе не можеме да ја смириме својата егоистична желба со никакви други методи. Таа растела и растела и стигнала до покривот на овој свет, небаре тесто што стасува се кренало до капакот – и сега излегува од тенџерето надвор. Ти не можеш да го пикнеш тоа тесто назад во тенџерето – тоа на сите им е јасно. Никој не знае што да се прави.

Затоа сите влади сега се собираат на средби и се обединуваат во своите обиди да го скријат тој проблем – едноставно затоа што не знаат што да прават во врска со него. И токму тогаш доаѓа времето за ширење на кабалата!

Упатство за "обележување" на духовниот ресивер

Кабалата му се открива како на секој човек лично така и на целото човештво – за да даде одговор на неговото прашање. Човекот не го загрижува теоријата колку ангели има на небото и виши парцуфим – тој знае само едно: треба да ја наполни својата желба. И тогаш тој ќе почувствува дека изгледа во кабалата има одговор.

Човекот и самиот сé уште не знае што сака, но ширејќи ја кабалата треба да му се објасни каде може да го најде тоа што тој го бара. Слично на мајката која според детето забележува и чувствува што му е потребно – што е за негова корист, а што на негова штета. Таа знае зошто тоа плаче – што бара и каде го боли.

Така и ние треба да го почувствуваме човештвото и спречувајќи ги експлозиите претходно да ја развиваме таа растечка желба според степенот на нејзиното растење, за да ја насочиме кон доброто и да ги избегнеме страдањата. Не треба да се чека откривање на страшна глад и да предизвика страдање – треба однапред да им се даде на луѓето наполнување. Нека пробаат и нека видат!

Треба да им се објасни кон што е насочена нивната желба – токму во тоа се состои ширењето на кабалата. Ако човекот сé уште е задоволен од својот живот – треба да се остави на мира. Но, на сите други треба да им се објасни каде може да се најде наполнување за празнината која тие ја чувствуваат.

Човек треба да сфати дека во него сега се открива посебна желба. Таа сè уште е апсолутно неоформена. Треба да се "форматира" и да се "обележи" со нов програм или систем – како диск во компјутерот, кој сега засега е само мртво железо или пластика, а ние треба да го "оживееме" за да се научи да работи со програмите и податоците, и тогаш ќе можеме да се користиме со оваа наша желба.

За сето тоа да се стори потребна е посебна сила која ние ја добиваме благодарение на нашите напори – во групата, учењето, слушајќи го учителот. И така постепено ние се "форматираме" себеси и зависно од тој степен почнуваме да асимилираме нова духовна информација, која ни дава наполнување и ни помага да се ориентираме.

Децата - антиматерија во нашиот свет

Единственото што ни недостасува – тоа се анти-егоистичните екрани ("масах"). Самата желба не се менува – таа само се открива за користење зависно од степенот на екранот што се поседува. Екранот одредува – која желба можеш да ја користиш, во која мерка и на каков начин. Затоа ние веќе имаме сè освен екранот – потребен ни е само тој!

Екранот – е сила на надминувањето на мојот егоизам наспроти мојата егоистична желба – без оглед на тоа што тоа ни се чини толку привлечно, слатко, апсолутно очигледно и рационално, и се потврдува од целиот мој разум! – но, јас го правам спротивното! И не само спротивното, претворајќи го минусот во плус – тоа би било премногу едноставно.

Јас воопшто не сум воден од својата желба, логика, од сите свои пресметки – за мене постои само една пресметка: "Таква е желбата на Вишиот!" Јас од тоа апсолутно ништо не добивам и не сакам да добивам. Сакам да знам само едно нешто: дека тоа е желбата на Вишиот. Тоа се нарекува "екран" – сила која ми овозможува така да постапам, над својата желба, над природата, над егоизмот и сите негови пресметки. Во тоа има големо насладување.

Тоа не е мазохизам поради тоа што јас се насладувам, газејќи ја својата желба – туку насладување поради тоа што тоа ме прави во нешто сличен на Вишиот. Слично на детето кое сака да личи на возрасниот. Кај децата тоа е природен инстинкт – но тие мора да вложуваат огромни напори, иако Природата им помага. Вишата Природа ги надарила децата со тој огромен дар кој им дава способност да растат. Таа ѝ дала на желбата за насладување толку силна привлечност, која го тера многу да се труди без одморање. Погледнете како се однесуваат малите деца кои без престан трчаат, или нешто прават. Тоа е вистинска Виша сила, сила на давањето – сила на Создателот која се наоѓа во малите деца – во секое суштество кое сака да расте. Тие го прават тоа наспроти својата природа, зошто нашата природа тежнее кон мирување!

Тоа се гледа од сите закони на физиката – сé тежнее кон спокојна, неподвижна, урамнотежена состојба. Кон тоа се насочени законите на ентропијата, зачувување на енергијата. Но, тука гледаме како телото не си дава одмор – тоа цело време трча, желно нешто да направи – невозможно е да се сопре. Денес таа појава се нарекува "хиперактивност" – но тоа не е "хипер" активност, тоа е нормално однесување на пораснатата желба за насладување која се открива во последната генерација. За толку равиена желба тоа не е "преувеличување", туку "норма".

Тоа е чудо да набљудуваш што прават децата – тоа е анти-природа. Ние едноставно сме навикнале на сликата дека децата никогаш не мируваат и затоа не се чудиме. Но од каде во тоа тело, во таа желба доаѓа таа движечка сила која го тера така да трча? Тоа е обична слика карактеристична за сите суштества – возрасната мајка, нека е тоа кучка или лавица: мрзлива, сонлива, лежи, спие, седи мирно, сака да одмори. Додека околу неа неуморно трчаат кутрињата – тоа е обратната природа.

Исто така се однесува и човекот. Тој стремеж им се дава на децата одозгора – наспроти природата – за да се развиваат. Така и ние, за да се развиваме духовно треба да молиме за таа сила!

Кон Светлината на Зохар – по скалата на искачувањата

Прашање: Познато е дека групата на раби Шимон го достигнала единството поради заедничкото пишување на Книгата Зохар. Дали тој метод е правилен и за нас, во наше време? Дали ние треба да се обединуваме во мали групи, да земаме некоја статија и заедно да се обидуваме да ја развиваме? Или пак тоа може само да нé збуни, зошто секој од нас се наоѓа во своја лична фаза на напредокот, различна од другите?

Авторите на Книгата Зохар исто така се наоѓале во различни фази од напредокот, тие не биле сите еднакви. Секој од десетте автори на Зохар одговарал на секоја од десетте сефирот, согласно со својата природа, коренот на својата душа. Но секој од нив целосно го поништил своето его и можел да се спои со другите со цела длабочина на неговата природа. И затоа секој можел да ги достигне своите 125 скалила, лично својата Конечна Поправка (Гмар Тикун).

Но, сите тие заедно успеале да се обединат на највисокото можно скалило на обединувањето на душите, и затоа ја откриле целата Светлина – Вишото сјаење, кое слегува до нас од Арих Анпин, наречено "Зохар" – посебен вид на Светлината.

Се разбира дека ние не сме ниту близу до тие фази, сите сме "мртви", т.е. нурнати во својата егоистична желба. Ние не сме подготвени и не сакаме да се обединиме еден со друг. Уште ни претстои голема борба, многубројни поправки додека не достигнеме некоја форма на обединување. Но ако се трудиме како мали деца кои во своите игри ги имитираат возрасните – ние привлекуваме кон себе Светлина од таа совршена состојба која веќе постои.

Тие души, авторите на Книгата Зохар, ја откриле и ја оформиле, искачувајќи се одоздола нагоре. Одозгора надолу, од светот на Бесконечноста до нас слегува скалата на световите – пет светови, во секој по пет сефирот, во секоја од нив уште пет сефирот, се вкупно – 125 скалила.

Така Светлината слегува до нас одозгора надолу – Јехида, Хаја, Нешама, Руах, Нефеш (НаРаНХаЈ по обратен редослед). Тоа се нарекува скривање, намалување на Светлината или светови (на хебрејски зборот "свет"/"олам" произлегува од зборот "алама"/"скривање". Горе – 100% Светлина, додека долу – 0%. Таков е системот на световите (скривањата).

Во нашиот свет постојат души во кои се пробудува желбата наречена "човек"/"адам" (сличен на Создателот) – емрион на човекот во духовното, и таа желба почнува да расте. Како таа расте?

Таа мора да се соедини со уште 9 слични на неа, барем во минимален степен на соединување. И така тие се соединуваат се посилно, достигнувајќи најголем степен на обединување на душите. Во текот на целата историја постоеле души кои го достигнале меѓусебното обединување и сите тие се наоѓаат во обединување со другите на различни нивоа од скалата на искачувањето.

Авторите на Зохар, сите заедно го достигнале највисокото скалило. И затоа Светлината која тие ја донеле во својата Книга е толку голема што влиаје врз сите и им свети на сите. Бидејќи тие ја земаат Светлината од Бесконечноста и можат да ја спроведат до нас – под услов ние од своја страна барем малку да посакуваме да се искачиме кон нив.

Но Зохар, целата Светлина или нејзин дел секогаш се открива согласно со степенот на единството, степенот на давањето, сличноста меѓу желбата (кли) и Светлината. Затоа ние треба колку што може повеќе да се соединиме заедно – и квантитативно и квалитативно. Согласно со нашата способност да се достигне барем првото скалило од 125-те скалила, ние ќе ја добиеме таа Светлина.

Што претставуваат сите 125 скалила? Нивото нефеш се состои од исто така пет Светлини – Нефеш, Руах, Нешама, Хаја, Јехида (НаРаНХаЈ), и во секоја од нив има своја НаРаНХаЈ. Се испоставува (НаРаНХаЈ) х (НаРаНХаЈ) х (НаРаНХаЈ) = 5х5х5 = 125 скалила. Така се дели Светлината, зависно од авијут (дебелината) на желбата која ние можеме да ја реализираме за наше обединување, - т.е. да се искачиме над таа дебелина на желбата и да се соединиме наспроти нашето его.

Колку ќе успееме да го поништиме тој авијут, ќе посакаме да го искористиме за обединување – толку Светлината ќе влијае врз нас, ќе не поправи, а потоа ќе не наполни. Тука нема ништо освен овие две компоненти – Светлината и кли (желбата), степенот на нивното соединување, наречен "екран" или "намера".

Зрак на Светлина во темнината

Прашање: Зошто авторите на Зохар понекогаш пишуваат на толку светски јазик што тоа само доведува до забуна, небаре станува збор за нашиот свет, додека понекогаш пишуваат на јазикот на парцуфим и сефирот?

Во јазикот, создаден уште од Адам Ришон има неколку "сгулоти" (чудесни особини). Зошто се сгулоти? Затоа што ние не разбираме што е тоа духовен свет, не го постигнуваме, не можеме правилно да си го замислиме, да го оформиме пред себе барем во некој облик. Ништо!

Од почеток е јасно дека секоја наша претстава дури и за овој свет – е комплетна лага. Сите ние како слепци се обидуваме да одиме на допир не знаејќи со што ќе се сретнеме и што се случува. Сите наши спомени, сите имагинарни вистини – се неточни и лажни.

Ние престојуваме во толку темна состојба што никогаш не сме го пробале вкусот на вистината, никогаш во таа темнина не продрел ниту најслаб зрак на Светлината за барем малку да ни ги осветли некои детали на светот во кој престојуваме, и врските меѓу нас. Затоа се појавува прашањето: дали е воопшто можно да се зборува со такви суштества? Тоа е полошо отколку да се ископаат од земјата некои црви и да проба да им се пренесе Тора. Тоа не е шала!

Бидејќи разликата меѓу нас и духовниот свет е многу поголема отколку меѓу нас, живите суштества и црвот во земјата – исто така е живо суштество. Меѓу тебе и црвот има разлика во големината на осознавањето, информираноста во истата темнина каде што двајцата престојувате. Додека меѓу тебе и тие кои се наоѓаат во духовното постои спротивност во воспримањето – провалија која не е возможно ниту да се замисли.

Адам Ришон бил првиот човек кој открил дека освен нашата состојба постои Извор – духовен свет, вистинска реалност, додека ние се наоѓаме во целосен мрак, како црвите во земјата кои никогаш не излегуваат надвор и не знаат дека постои поинаков свет.

Затоа треба да ни се даде некое крајче од врвцата за која ние би можеле да се фатиме. И затоа тие кои го постигнуваат духовното, почнувајќи од Адам Ришон, измислиле секакви божемни раскази. Всушност тоа не се раскази, туку систем кој нè поврзува со тој свет, со тие души кои го достигнале духовното, со врската меѓу нив и Светлината која во нив престојува.

Сега ние немаме никаква претстава ниту за еден од овие зборови – ниту за тој свет, ниту за душите, ниту за врската, ниту за Светлината – за ништо! Но тие ни спроведоа од таа непозната за нас состојба некоја врска за која ние исто така немаме никаква претстава, - за да на некој начин ја соединат со нас. Ако ние ја искористиме таа врска, слушајќи ги нивните совети, таа постепено ќе влијае врз нас.

Затоа воопшто не е релевантно да се прашува: зошто тие пишувале на таков или поинаков јазик – повеќе чувствителен или рационален, повеќе или помалку разбирлив. Ние можеме само да се збуниме од божемни овоземни опишувања кои ни се чинат поблиски.

Постои само една можност да се доближиме до Зохар – колку што може повеќе да се соединиме меѓусебно. Зависно од степенот на нашето меѓусебно соединување во напорите да се биде над своето его, ние овозможуваме откривање на тие духовни состојби. Но додека тие не се откријат, ние нема да дознаеме што претставуваат тие.

Напишано е: "Го видел обратниот свет". Ти ќе видиш дека духовниот свет е нешто сосема спротивно од тоа што си го замислувал.

Од утринската лекција /24/01/2011 на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica