22.11.2010
На конгресот стекнавме ново чувство, и сега треба да го развиваме. Чувствуваме дека пред нас има ѕид и мораме да го скршиме со помош на Вишата Светлина, Создателот. Тој е точно она што ни фали. Тој нека каже, „Да одиме кај Фараонот." За тоа да се направи, мораме да сфатиме, и што е најважно, да се согласиме дека го кршиме ѕидот за да му дадеме задоволство Нему место на нас самите. Забораваме на двата најважни аспекти на патот:
1. Единствениот начин да се напредува е преку Неговата сила.
2. Напредуваме кон тоа да му даваме на Создателот.
Сето ова ми бега. Бидејќи сега мислам на себе место како да му дадам на Создателот. Се трудам да пробијам низ Махсом со мои сопствени сили место со Неговите. На тој начин, целта и средството се сеуште заклучени во мојот егоизам. Сепак, ова е добра состојба бидејќи почнуваме да ги сфаќаме основните принципи на духовниот напредок. Пред нас се појавила граница и мораме нешто да сториме во врска со неа. Таа не постои сама по себе, туку е психолошка бариера во нас. Ако правилно се насочиме, ќе исчезне. Мислата за добро на Создателот е спротивна на мојата природа, а ни пријателите ја немаат. Таа лежи точно во нашето единство. Затоа мораме да работиме на три аспекти:
1. Обединет сум со групата.
2. Заедно со пријателите морам да го утврдам вистинското тежнение, кое ќе ни овозможи да пробиеме низ Махсом: со обединување, ја привикуваме силата на Создателот.
3. Сето ова е за да му дадеме Нему задоволство, или со други зборови, да постигнеме единство со Него.
Вообичаената, непрестајна грижа и секирација мораат да ги разбудат сите. Тоа е взаемна гаранција; групата не се лицата на пријателите, туку духовната заедница која секоја личност ја проникнува со мисли за целта. Одеднаш почнуваме да мислиме на тоа и да го посакуваме. Кога секој се труди да ја изгради својата желба во линија, тогаш таа се шири по целиот свет во кругови, непречена од граници и растојанија. Взаемна гаранција значи дека јас сум одговорен за целиот систем во кој Создателот ме ставил. Ако не се држам до исправната мисла, во тој момент секој е исфрлен од исправната мисла. Со прекинување на врската, престанувам да му придонесувам на заедничкиот организам. Можат ли црниот дроб или бубрезите да одат на одмор? Затоа ја молам светската група секогаш да мисли на целта на созданието, да му се дава на Создателот. Тогаш нема да ја изгубам врската каде и да сум.
Патување по светот на Создателот
Прашање: Баал ХаСулам пишува дека кога некој ќе стане духовно напреден, тој „патува по огромен свет." Што значи да се патува по светот на Создателот?
Др. Лајтман: Светот е Малхут на бесконечност, додека сите други светови се засебни, посебни состојби во него кои ги откриваат неговите специфични одлики во врска со нас за да ни помогне во целост да станеме дел од него.
„Да се патува по светот на Создателот" значи да се достигне Малхут на светот на бесконечноста и да се открие целата моќ и богатство на врските помеѓу неговите делови, кои се поврзуваат и надополнуваат еден со друг. Немам што друго да кажам бидејќи зборовите не можат да опишат што се случува Горе штом доброто и злото, вистината и лагата ќе се обединат. Тие се обединуваат и надополнуваат меѓусебно, и тоа го откриваме во себе, во заедничката желба на сите души, наречена Малхут на светот на бесконечноста. Тоа се вика „патување по светот на Создателот." Тоа е кога ќе можеме да ги користиме сите сили и сите желби на Малхут на бесконечноста, достигнувајќи го секој од неговите детали и сите нив заедно.
Најважното задоволство е „кога сомнежите ќе се разрешат," што значи кога нештата кои се чинат спротивни и дека меѓусебно се мразат наеднаш ќе се обединат. Тоа е кога меѓу нив ќе бликне љубов, создавајќи место кое ќе го исполни Светлината. Така човек „патува" по светот на Создателот, согледувајќи ја сета хармонија во која живее Малхут на светот на бесконечноста.
Од Утринската лекција 22.11.201