Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ја с сум свој најстрашен непријател 19.03.2010

 

Јас сум свој најстрашен непријател 

Прашање: Кој е најстрашниот непријател на човекот во духовната работа?- Најстрашниот непријател е тој самиот, неговите особини, кои се спротивни на Создателот. Тие ни се откриваат постепено, во таа мера, во која што ние можеме да им се спротивставиме. Да е поинаку, ние би биле парализирани и не би можеле ни едно внатрешно или надворешно движење.

Затоа нам ни го откриваат скриеното постепено, покажувајќи дека ние реално не постоиме како некоја личност! Само во таа мера во која сум јас способен да се држам за Создателот, мене ми откриваат мало делче на вистината, а што се однесува на сите останати мисли, желби и особини, мене не ми покажуваат колку сум управувам одозгора и ме убедуваат дека јас самиот се определувам. Тие мене постепено ми го откриваат тој факт, дека јас всуштност не постојам-јас сум само марионета што ја влечат за конците!

Но до која мера сум способен да го поништам своето его пред опкружувањето и пред Создателот и да ја искористам својата слобода да избирам во таа мера мене ми даваат независност. Ми ја откриваат можноста да изградам уште и уште, мал дел на својата независна личност-се до моето Конечно исправување. Тоа значи дека ќе се наоѓам споен со Создателот, со спротивна желба, но со иста намера.

Од ова произлегува дека ние никогаш не излегуваме од владеењето на вишата сила, но постепено од нас се трга скриеното соодветно на тоа колку сме подготвени да се залепиме за Создателот. Пред мене како да се трга завеса. Во почеток се наоѓам во потполн мрак и мислам дека постојам и поседувам самостојност. А зависно од тоа колку ќе можам да го издржам фактот дека сум беспомошен да го преживеам тој внатрешен удар, срамот, и да се залепам за Создателот-мене се повеќе и повеќе ми ја тргаат завесата и скриеното се губи. Тука се зависи од моето осознавање. Самата состојба не се менува-се менува само моето доживување.

Патокази

Прашање: Кое најтешко откритие треба да го направиме за да го откриеме духовното? – За да се навлезе во духовното, треба постепено да се одделиш себеси од своето Јас. Како тоа да не постои. Моето претходно Јас како да умира. Ние не разбираме што е тоа чувство на живот. За нас животот е чувствување на нашата власт и сила, кога јас мислам дека управувам со себе и со својот живот-внатре и надвор. Кога навлегувам во духовното, тогаш чувствувам како моето егоистично Јас умира. Јас се ослободувам од него, за тоа се вели: „Мртвите се слободни!". Јас постепено се откажувам од уште и уште еден дел од себе, само да се искачам над своето его. Јас толку посакувам да се ослободам од таа зависност, што сум подготвен на секакви удари по својата амбиција, само да се искачам над неа. Јас почнувам дури и да ги сакам, затоа што разбирам дека на нивна сметка се качувам и се ослободувам од овој непријател кој седи во мене. Јас веќе не се изедначувам себеси со своето его, туку сакам да ја добие заслужената казна. Тоа е веќе знак на приближениот Махсом.

Внатрешните промени ги определуваат надворешните

Прашање: Возможно ли е да се изгради општество, засновано на кабалистички закони пред да се добие духовно откривање?- Не! Овие два услови се неделиви. Ние сакаме да изградиме општество во кое ќе владее силата на љубовта. Ние сакаме да го откриеме во своето соединување Создателот, кој ќе го исполни целиот простор меѓу нас и ќе не одржува во љубов и единство. Дали тоа ќе се постигне во рамките на еден народ? Сите народи се еден народ. Како што било до вавилонското раселување. Можеби тоа ќе се случи во една држава? Но, целиот свет е една држава. Не треба да се ограничуваме со никакви рамки. Треба само најпрво да се грижиме за внатрешното и од него да се движиме кон надворешното. Нашето соединување треба да се оствари благодарение на вишата сила, а не затоа што ние сакаме да станеме „добри" и сами да се соединуваме. Вишата сила која ќе не обедини, таа ќе го одреди обликот, формата. Нема потреба вештачки да ја измислуваме. Како што се ќе ни се разоткрива, така и ќе напредуваме. Светлината ќе изгради за нас се, и ќе не обврзе се да направиме!

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica