Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Љубов: краток пламен или оган кој никогаш не згаснува?

Прашање: Во животот на паровите, има мигови кога партнерите искусуваат чувства на исклучителна, крајна среќа, чувство кое што ја избиструва рутината со отсјајот на Светлината. Кога за прв пат ќе го искусиме тоа, ние сме возбудени дека такво нешто е воопште возможно. Најпосле, претходно, ние не мислиме дека такво нешто може да постои.

Одговор: Мислам дека за секој пар, ако тие го изградат нивниот однос на чувства, а не на ладна пресметка, ќе има моменти на соучество, како партнерите да живеат еден во друг, пенетрираат еден во друг, се преплетуваат еден со друг, кога тие ја откриваат поврзаноста, заедничката вклученост еден со друг од која што не може да се побегне. Сродството, блискоста до точката на единство, ги интоксифицира, и кога оваа љубов се разгорува, тие ги губат главите. Но, ова трае само неколку минути, во најдобар случај неколку дена, и во ретки случаи, неколку недели. Тука многу зависи од нас, од периодот во нашите животи низ кој ние минуваме. После тоа, „прелеста“ исчезнува. Од каде доаѓа тоа? Тоа доаѓа од природата! Кога ние ќе се приближиме еден кон друг и можеме да развиеме оддредена, врска меѓу нас, наречена семејство. Без овие моменти, ние ќе продолжиме да се доближуваме еден кон друг, како животни и спрема „календарот” и потоа повторно ќе се одвоиме спрема наредбите на нашите внатрешни чувства.

Сепак, бидејќи сме луѓе, ние мораме да го зачуваме нашиот однос со години, и оттука природата ни дала примери како тоа да го направиме. Таа ни покажува како да го задржиме тој оган на соединувањето, така што тој ќе стане фасцинантен, ќе ме затруе, и нема да ме напушти, ќе ме принуди сето време да размислувам за партнерот. Од една страна, природата носи живот во мене, а од друга, не ме остава да се свртам кон ништо друго. Ги исполнува моите чувства и ми го одзема умот. Примерот за ова го гледаме одвнатре и однадвор, но на еден или друг начин, пристигнува од Вишото, свети однадвор, и потоа излегува. Ние треба да ги учиме луѓето како да ги фаќаат овие мигови, како да ја продолжуваат магијата, да ја зацврстат, и да ја развијат во умот. Јас ќе се здобијам со чувство што јас сум го доживеал претходно, посебно со помошта на умот, но сега тоа чувство ќе биде избалансирано: Јас нема да го загубам умот и ќе можам да живеам со него со години додека го развивам и се справувам со него. Со вклучувањето на еден во друг, мојот партнер и јас нема да ги изгубиме нашите вештини на говор за мноштвото на чувствата, туку напротив, ние ќе може да ги делиме нашите импресии и искуства, да ги мериме и да разговараме за нив. Еден со друг ќеги споделуваме појасно чувствата кои што нè исполнуваат, додека се зголемуваме и креваме сè повеќе и повеќе над сите случувања на животот и над навиката која насекаде остава невкусен вкус. Тоа е причината поради која мора да го прикачиме умот, со значење: методот и студиите, до чувствата. Ние треба да ги научиме луѓето како да сакаат.

Прашање: Можно ли е да се научи како да се доживее љубовта?

Одговор: Ајде да запаметиме што се случува кога партнерите ќе се видат за прв пат. Ова може да се случи на првиот состанок, или спротивно; тие можеби се сретнувале еден со друг од време на време преку целата година, сепак еден ден, тие одненадеж чувствуваат посебен импулс, почнуваат да се забележуваат себеси како на секој од нив да има Светлина. Зошто ова се случува? Ние не знаеме. Самата природа ни испраќа вакви моменти. Без потребното внимание од нашата страна, тие исчезнуваат од каде што дошле, без да ги забележиме. Единствено во ретки услови тоа чувство останува за сето време, тоа е исто како кога луѓето имаат тенденција за тоа, или тие веќе го одржуваат кога живеат дома со нивните родители. Во главно, остатоците од нашиот претходен живот што останале во нас се многу важни: Дали гледаме слични примери дома? Дали сме инспирирани од нив?  После сè, како закон, ние имитираме сè што сме собрале од семејството во кое што сме израснале.

Во модерниот свет, разводите се норма па дури и главен закон. Тешко е да се пронајде партнер кој не изневерува, што не се сомнева на неговата „друга половина“, или не размислува на разделба, често страдајќи во заеничкиот живот поради недостаток на избор. Според тоа, неопходно е луѓето да се учат на „курсеви по љубов.” Не е вредно да се потпираме на спонтаноста, случајноста, и неконтролираните извирања. Напротив, ние се согласуваме дека ќе ја потикнуваме љубовта меѓу себе, дека ќе ја споделуваме и развиваме. Тогаш не чекаме на некои случајни одблесоци од непознати извори. Туку, самите „го водиме бизнисот”. Потоа, во зависност од тоа што се случува низ нашите долги животи, ние го одржуваме тој оган на љубовта, така што тој постојано ни дава подршка, овозможувајќи прекрасно и безбедно чувство на сите степени. Ќе го ставам овој курс во учлиштата, без да чекам збунетите двојќи да бараат помош и совет кога не знаат како да се вратат на чувството кое што еднаш постоело, како да не се оддалечат еден од друг на крајот, додека не дојде до целосно раскинување на семејството. Како и со остатокот на нашите проблеми, сè е во недостаток на соодветно образование, недостаток на разбирање, знаење и вештина, без која е невозможно да се справиме.

Од говорот за новиот живот, 05.05.2013, на Каб.Тв

Како може да се разбереме еден со друг?

Прашање: Согласно методот на интегралното воспитување, мажот и жената треба да имаат топол, добар и срдечен однос. Но, во искуството ние гледаме дека жената не е никогаш задоволна и секогаш врши притисок врз мажот. Како треба правилно да се работи со оваа состојба?

Одговор: За време на работилниците, неопходно е да се разговора како мажот и жената можат да се надополнат, еден со друг, на различни нивоа. Јас мислам дека како последица на заедничкото воспитување, тие ќе достигнат степен на заедничко разбирање, до кое тие не ќе мора да ги раздвојуваат работите на: „оваа е твоја одговорност, а онаа е моја.“ Постепено, луѓето заеднички ќе започнат со комбинирање и распоредување на одговорностите и заедничката помош, и потоа секој јасно ќе види како е лесно да се стори тоа. Тука не постои место за побарување. Барањата се појавуваат кога на едната од страните недостасува разбирање што е нејзиниот дел и што треба да прави.

Лично, иако јас, воопштено ја разбирам човечката природа, сепак имав проблеми со мојата жена, сè додека не започнавме да пешачиме 40 минути секое утро. Во тек на тие пешачења ние смирено разговаравме за сите наши работи. Разговорите во текот на прошетките ни помогнаа подобро да се разбереме еден со друг. Како надополнување направивме договор да не се караме и да не бараме ништо еден од друг. Ние постојано се движиме над нашите природни квалитети, и на овој начин го достигнуваме соодветното во сите околности. Проблемот е во тоа што луѓето немаат време за тоа. Јас мислам, дека, во тек на работилниците, ние треба да ги учиме луѓето како да пронајдат време за овој тип на комуникација. Да се надеваме дека луѓето ќе имаат доволно слободно време за тоа во блиска иднина. Но ние сепак ќе треба да ги организираме. Мојот учител ги приморуваше сите негови ученици да минат барем најмалку петнаесет минути на ден и смирено да разговараат за методот и условите на нивниот заеднички развој со нивните жени. Ова е многу сериозна социјална работа. Ако ние го правиме истото со децата, ако одржуваме собир во нашите семејства, светот ќе биде подобро место за живеење.

Од говорот за интегралното воспитување 05.05.2013г, на Каб.Тв

Кревањето во балонот на заеничката поврзаност

Прашање: Како е можно некому да му се објасни, зошто тој треба да е загрижен за останатите, ако тој за сето време бил центарот на самиот себе? Какво задоволство ние ќе имаме кога тој ќе се грижи за некој друг, и дали тој ќе биде поздрав како резултат на тоа?

Одговор: Ти самиот си го одговори прашањето: Тоа ќе го направи поздрав. Тој нема да го купува здравјето на ниту еден друг начин. Тој треба да се обиде! Зошто да не се обиде да вежба? Дали има нешто да изгуби? Тој само ќе добие со неговата улога во тоа ако има грижа за останатите. Не е важно што тој не верува во тоа. Нека си игра! Ајде да се договориме да станеме деца за еден месец.

Прашање: Како е можно да се кренеме над егото со помош на играњето?

Одговор: Под влијание на околината. Околината има потреба од играње, потреба да им покаже на луѓето колку влијае врз нив. Поединецот треба да се покори себеси пред околината, да ја почуствува околината како нешто повисоко од себе. Тој треба постојано да слуша дека поврзаноста меѓу него и пријателите во неговото мало друштво е најважната работа во неговиот живот. Заедно со тоа, тие сите се приврзуваат за оваа врска исто како за балон што ги крева угоре и им го дава чувството на повисокиот живот.

Од кабала ТВ: „Медицината на иднината“ 05.05.2013, на Каб.Тв

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica