Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Љубов - не е тоа што мислевме

Баал Ха Сулам, „Дарување на Тора”: Всушност, за човекот кој сè уште престојува во природата на суштеството, не постои апсолутно никаква разлика помеѓу љубовта кон Создателот и љубовта кон ближниот, бидејќи сè што се наоѓа надвор од него, за него е нереално.

Самиот јас не можам да го почувствувам ближниот. Го чувствувам во степен, во кој сум зависен од него. Со други зборови, јас не го чувствувам ближниот како таков, туку својата зависност од него: колку можам да изгубам, ако нешто му се случи. Ние се раководиме само од такви пресметки во однос на било што. Дури и мајката се грижи за малечкото, чувствувајќи, каква штета можат да ѝ донесат неговите несреќи и проблеми. Токму тоа е мерило за тоа, што ние го нарекуваме „љубов”. „Те сакам” – значи: јас зависам од тебе. И затоа тоа воопшто не е духовна, туку материјална љубов: јас се насладувам со некој и се плашам да не му се случи несреќа, зошто тоа ќе ми донесе страдање. Го сакам оној, со кого ми е добро. Тоа е или мое дете, или ми причинува задоволство. Ние пак говориме за сосема друго; за тоа, како произлегувајќи од љубовта кон суштествата, да се стекне љубов кон Создателот. Иако го употребуваме примерот на мајчинската љубов во нашиот свет, во реалноста не ни е познато што е љубов, на човечкото скалило.

Ние треба да оформиме љубов како апсолутно нова особина. Самиот збор нè воведува во заблуда и тука треба да внимаваме да не погрешиме. Станува збор за сосема поинакви односи и детали на воспримањето, за давањето, кое оди од мене кон надвор – кон оној што се наоѓа надвор од границите на моите чувства. Денес јас го чувствувам секого, ги чувствувам случувањата во светот само од очекување на корист, или од стравот од штетата. Желбата за примање бара извори на насладување, или го избегнува тоа што може да ѝ наштети. Само тие работи влегуваат во мене, додека сè друго, што не се однесува на моето задоволство или моите страдања, јас не го чувствувам. Бидејќи мојот „елемент на чувствување“ е желбата за насладување. Таа е „екран“ на кој се отсликува мојата слика на реалноста. Во таквиот распоред на отсликување јас можам да гледам само работи, кои се вклопуваат во мерната скала на личниот интерес, било тоа да е корист или штета, која оди до страдања.

Но постојат работи, кои јас не ги чувствувам, бидејќи тие не ми носат ниту насладување ниту болка. На пример секакви полиња, бранови, рентгенските зраци и сл. Меѓутоа, со степенот на развитокот ние распознаваме сè повеќе работи, кои треба да се земат предвид, бидејќи тие можат да донесат корист или штета. Истото се однесува и на пријателската љубов: ние не знаеме што е тоа, не ја разликуваме во нашите сегашни сетилни органи. Зошто е тоа така? Зарем не е добро, кога те сакаат? Меѓутоа, не станува збор за љубовта на пријателите кон мене, туку за мојата љубов кон нив, кога јас им се давам целосно, се грижам за нив, им помагам. Кому во нашиот свет му е потребна таква љубов? Кога тие би ме сакале и би ми служеле – тогаш е друга работа: „Јас сум слободен за вашата љубов, повелете. Кој е прв?“

Но, ние говориме за премин на скалилото на љубовта кон Создателот, за заемната одговорност. Целта на суштеството е да се засака ближниот. И ние се насладуваме притоа со давањето. Само со давање, но не заради самонасладување. Напротив, ние вршиме давање против желбата, со надминување. Значи, треба да се обрне само малку повеќе внимание на правилното толкување на нашата работа во групата. Не смееме да ја толкуваме согласно со вообичаените стереотипи на овој свет. Блискоста, љубовта, соединувањето – сите овие поими имаат место само над цртата на надминување, над махсомот. А дотогаш јас ништо не надминувам - само го поминувам периодот на подготовка.

Сега или никогаш!

Замислете, дека доаѓате на лекција, но многу ве боли раката. Нели цело време ќе мислите на таа болка? Таа ќе ви пречи да учите, ќе ви причинува неудобност во комплетниот живот, нема да знаете како да се ослободите од таа болка, и нема да можете да ја заборавите. Сега се поставува прашањето: како да се направи исто толку силно да нè боли тоа, дека сèуште не се наоѓаме на крајот на поправката, не сме ја достигнале конечната цел? Јас не сакам да чекам ниту еден ден! Ако е тоа толку важно за мене, тогаш јас целиот горам од нестрпливост како бебе: сакам сега, и без одложување!

Но проблемот е во тоа, дека јас не го сакам она кое што е потребно да се сака. Каде да ја најдам потребната желба? Тоа е веќе повод за молитва. Јас не горам да се соединам со пријателите и да ја достигнам љубовта кон ближниот, за да дојдам до духовната цел. Тоа е проблем врз проблемот, кој застанува пред мене како многубројни бариери, една по друга. Кога јас навистина би сакал да ја достигнам таа цел,  јас би ги засакал пријателите – бидејќи без нив таа е недостижна. Но суштината е во тоа, дека мене не ми е потребна таа цел – зарем некој сака да дава? И затоа не ми требаат ниту пријателите, јас не сакам да плаќам за таа цел со љубов кон ближниот. Сето тоа ми се чини многу далечно, нејасно, нереално. Јас седам на лекцијата наспроти книгата и мислам: што всушност јас тука барам?

Но за тоа ни е даден инструмент, кој се нарекува Тора. Внатре во него се содржи сила, која нè доведува до целта. Тоа е повисоко скалило во однос на нас, од каде доаѓа силата, наречена „Светлина”, и нè повлекува напред. Токму за неа треба да се мисли на лекцијата – како за болната рака, што сакаш да ја излечиш. Не е важно, дека сега сите читаат, а ти мора да мислиш на својата „болест”, мечтајќи да оздравиш. Ако немаш никаква потреба од тоа – замоли да ти се даде, соедини се со пријателите, провери, какви желби имаат тие.

Молба за воскресување на мртвите

Само што завршил многу силен конгрес, и ние чувствуваме во себе замор, рамнодушност, сонливост, небаре врз нас се спуштил тежок облак, и нè претворил во тажни старци. Создателот ни ја одзема егоистичката желба – горивото што нè движело напред. Претходно ние горевме од таа желба, се стремевме да добиеме духовна награда и посакувавме да одиме во борба, за да го освоиме духовниот свет. Секој се замислувал како херој. Но секој бил херој поради тоа, што во него горел егоизмот, кој го туркал кон достигнувањата. Создателот сака да ти помогне, и ти го одзема тој егоизам, за да активираш друга сила наместо него. Сега, наместо да бидеш поттурнуван одзади, мораш самиот да се инспирираш со големината на целта, за таа да те привлече напред. Сега имаш таква можност, но ти велиш дека немаш ниту сила, ниту желба. Си спомнуваш како некогаш си горел од желба – но тоа не била твоја, туку дадена одозгора. Те туркале одозгора и те довеле во групата, и во кабалата. Сега таа желба се изгубила, и ти мислиш дека можеби е подобро да ја напуштиш групата, да ја оставиш кабалата, бидејќи таа повеќе не те привлекува. Ако е така, значи очигледно во неа нешто е неправилно.

Секој суди според степенот на своите недостатоци. И јасно е, дека ако не постои мотивација, тогаш не си способен да напредуваш. Ниту една машина не може да работи без гориво. Но обрати се кон групата, кон книгите, кон учењето – побарај помош од нив! Обрати се до Создателот! Ако немаш сили за таква молба, значи дека недостасува заедничка сила, заемна одговорност. И ако околу себе гледаш пријатели, од кои се изгубил животниот дух, тогаш барем поплачи, како на погреб, за тоа какви пријатели си изгубил! Погледај какво камено срце – тешка гробна плоча лежи врз секој, под која е невозможно да се излезе. Некогаш тие гореле од желба, а сега останува само да плачеш за нив. Наскоро и самиот ќе се спуштиш во таа јама. Но ако однапред се подготвиме, за да си помогнеме еден на друг, тогаш можеме да излеземе од секакви падови. И не само од рамнодушноста како сегашната, но и тогаш, кога помеѓу нас ќе пламне вистинска омраза. Денес ни го земале само бомбончето, а ние сме навикнале цело време да одиме по некое слатко лижавче, по нешто што свети пред нас, и нè мами.

Само силата на групата може да ја разгори во нас желбата од нула. Сега ние ја немаме таа желба, и нема од каде да ни дојде. Но треба вештачки да ја разгориме, небаре го развиваме бизнисот и ја рекламираме нашата стока. Тоа треба да стане наш заеднички духовен бизнис, и како резултат, да ја пробуди во нас потребата да гориме од желба. А во нејзината основа не мора ништо да има. Луѓето со недели дежураат преку ноќ пред продавницата, за да го купат новиот ајфон од 5-та генерација. Учете како треба да се знае да се рекламира стоката, разгорувајќи сосема вештачки потреби. Бидејќи исто толку вештачка му се чини духовната цел на нашиот егоизам.

Од лекцијата според “Учението на Десетте Сефирот”, 24.09.2012  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica