Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Љубовта е взаемно присоединување

31.10.2010

Љубов кон ближниот, како кон себеси, значи, дека јас се исполнувам со желбата на ближниот, како со својата лична, и дури повеќе отколку од својата желба. Слично на Бина, јас ја "впивам" желбата на ближниот со својот АХАП, за да ја обезбедам со се', што таа посакува. Токму тоа е љубов. Така мајката го сака своето дете. За тоа ми е потребно да го постигнам скалилото на Бина, поминувајки преку скалилото "хафец хесед" (излегување над/од своите желби). Во почеток, кога кај мене се пробудува точката во срцето, јас се здобивам со слобода на избор, влегувам во група и се обучувам, притоа останувајки во егоистичката намера "ло лишма".

Потоа јас се искачувам на првото ниво на алтруистичката намера "лишма", кое се нарекува "хафец хесед". На тоа скалило на Бина јас во почеток се здобивам со желба за давање, Г'Е, а потоа – со желбата да примам поради давање, АХА'П. Јас се поткревам над планината од егоизам од нулта, прв и втор степен – Г'Е, а потоа – над планината од егоизам од трет и четврт степен – АХА'П. И сега јас ќе го активирам својот АХА'П, за да се однесувам кон сите исто, како што Бина се однесува кон Малхут. Тоа е веќе совршена намера - лишма, скалило на љубовта. Зошто љубовта? Затоа што јас взаемно се соединувам со другите, ги примам нивните желби и ги опслужувам. Така ние ја достигнуваме љубовта кон ближниот, и во неа ја откриваме љубовта кон Создателот, која означува крај на исправувањето.

Да се исполни немирот со радост

Во последно време јас добивам многу писма за тоа, дека луѓето престојуваат во толку големо воодушевување, немир и напнатост, состојби какви што не чувствувале порано пред ниту еден конгрес. Порано тие доаѓале поради задоволство, во радосно очекување, а сега, покрај ова, чувствуваат и немир. Тоа е резултат на поврзаноста. Никогаш порано ние не сме работеле на врската помеѓу нас – толку решително и неповратно. Ние не сме ги поминувале така засилено сите статии на Баал ХаСулам – "Дарување на Тората", "Взаемна одговорност" и други.Не ја издигнувавме важноста на врската на таква височина. Сега, поради нашето взаемно проникнување, сите се "заразуваат" еден од друг со внатрешни вибрации, ги пренесуваат еден на друг желбите, воодушевувањата, впечатоците.

Токму взаемното присоединување му донесува секому такво чувство на напнатост. Сега, не намалувајки го ова чувство на внатрешен немир, ние треба да го наполниме со радост и увереност, дека ние достигнуваме нешто многу значително. Желбата, која ние ја создадовме со такво взаемно проникнување, од која сеуште чувствуваме само внатрешен немир и растревоженост, ние ќе ја наполниме со увереност – взаемна одговорност, и радост – наполнување. Но секој треба да се радува, дека сиот тој внатрешен немир доаѓа од тоа, што тој почнува повеќе да ги чувствува другите, и заедничката растревоженост му се пренесува и нему. Сега тоа многу се чувствува.

Незаменлив посредник

Работата во групата на поврзувањето со пријателите, дури во првата етапа, ни помага да се здобиеме со заеднички стремеж да се кренеме над својата егоистичка желба. Бидејки преку нашата заедничка врска, ние примаме виша светлина, виша сила, која влијае врз нас – и не' крева. Станува збор за систем – посредник.Ако ние имаме намера да бидеме негов дел, тогаш вишата светлина, преку него, не' крева. А потоа, кога ние ќе се обединиме во заедничкиот систем, него ќе го наполни вишата светлина.

Од дневната утринска лекција / 31.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica