Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Љубовта е најсилно оружје

24.10.2010
Секој човек сака да живее во свет, изграден врз љубов, но притоа никој не верува, дека тоа е можно. Љубовта останала само во детските приказни, затоа што секој разбира, колку е тоа добро за детето и побезбедно во животот, отколку непријателството. Но кога би било можно да се направи светот таков?! Ние живееме во непријателски за нас свет, каде што сите се борат еден со друг, кој кого ќе го прождере, и животот станува се полош.

"Човекот – е мал свет", и со истата злоба и жестокост, со каква тој се однесува кон светот, тој почнува да се однесува кон самиот себеси – реализирајки ги своите егоистички желби и мразејки се самиот себеси! Тоа раздвојување на личноста се повеќе се зголемува. Но замислете си, кога ние би можеле да го пренасочиме нашиот поглед и сите наши односи на патот на грижата и љубовта. Кога би ни успеало во еден момент да го кренеме целиот свет и да го исправиме така, што никој не краде, не му штети на другиот, не го искористува за негова штета? Ние би го виделе обратниот свет, и никој веќе не би се плашел, дека утре неговиот живот ќе биде уништен. Тој не би се плашел, дека ние ќе ја уништиме оваа земјина топка, и ќе се затрупаме под отпадоците од соптвеното производство. Бидејки љубовта би не обврзувала да делуваме оптимално и правилно. Не би ни било потребно да бараме милијарди работни места, само луѓето да бидат зафатени со производство на непотребни работи. Нека не работат, секој и онака ќе го добие неопходното. Бидејки и на нив самите не им треба ништо отповеќе, живеејки во таков сочувствителен и добронамерен свет. И ние нема да ја загадуваме оваа земја со непотребни производства, кои сочинуваат 90% од сите постоечки.

Ако се погледа природата – таму ништо не пропаѓа бадијала. Погледајте, како е регулиран животот на животинскиот свет – од почетокот на творбата се до неговиот крај, во сите форми, вклучени во циклусот на природата, сето повторно се искористува 100- процентно. Сите циклуси се целосно затворени – освен тој, што го прави човекот, кој од своето производство ништо не враќа во природата во натурална форма – само во вид на отрови, труејки ја! Но кога ние би се однесувале еден кон друг со љубов, би го направиле светот апсолутно чист! Љубовта би не обврзувала и да не бараме за себе отповеќе, и сето би се нормализирало – а не како денес, кога сите океани се полни со ѓубре и радиоактивни отпадоци. Нам ни недостасува во нашиот свет само внимание еден кон друг и взаемно учество во интегралниот систем, кон кој ние сепак ќе стигнеме поради безизлезноста.

Од утринската лекција /24/10/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica