Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Љубовта и омразата ги дели само едно скалило

04.11.2010
Не се обидувајте да направите од човекот животно и да го затворите духовниот свет во механичка шема. Тоа е свет полн со авантури и неизвесности, кои наеднаш се откриваат во текот на патот и гледаш, дека тоа не било така, како што си мислел, туку можеби и обратно. Кога врската помеѓу работите се открива на повнатрешно ниво, ти правиш целосен "upgrade" ( нова надградба) на целиот свој "програм". Ти гледаш, дека сега можеш да ги користиш новите инструменти/келим, новите врски. Јасно, дека основата останува непроменлива: Создател, суштество, процес на развитокот со помош на опкружувачката светлина, желбата Г'Е и АХА'П, поголемото обединување на душите.Но конкретните појави можат да бидат апсолутно спротивни.

Внатре во таа иста желба за давање, јас наеднаш откривам, на голема длабочина/авијут апсолутно нови врски! Јас не сум мислел, дека непријателот на моето скалило ќе се покаже како најсакан пријател на повисокото скалило! А на вишото скалило јас се гушкам со Аман – тој закоравен престапник станува света личност. Како може да биде, дека на нижото скалило – тој е мојот најголем непријател, до кој не можеш да се доближиш, а на повисокото скалило јас се спојувам со него? И ако двајца кабалисти се наоѓаат на тие скалила, иако и двете се духовни, - тие нема да се усогласат еден со друг. Како тогаш ти можеш да го сакаш својот непријател? Ние со тебе веќе не можеме да бидеме другари?

За човекот, кој го достигнал конечното исправување - Гмар-Тикун:Аман, Хитлер, Ахмадинеџад, сите човекомразци – се сили на светоста. Ти си ги мразел нив на претходните скалила, а на вишото скалило се смируваш со нив. Целиот проблем е, дека ние со својот ограничен разум не сме способни да ги соединиме двете спротивности: како електронот може да биде истовремено и бран, и честичка, како честичката може да се наоѓа истовремено во различни места? А уште помалку разбирливо ни е, како над овој, во духовниот свет, се' се состои од две спротивности, истовремено постоечки заедно: ангелот на смртта и ангелот на светоста, Создателот и Фараонот. Ние, со својот овоземен разум, не можеме тоа да го разбереме и сакаме да слушнеме, кој од двата спротивни одговори е правилниот, а тие и двата се – вистина! И токму на соединувањето на спротивностите се открива духовниот свет, Создателот!

Секој ден – нов Создател


Прашање: Ако кабалистот го гледа реалниот духовен свет, тогаш како кај него можат да постојат некакви сомнежи или дури грешки?

Духовниот свет не се вклопува во неживата шема, која се открива веќе како готова пред тебе. Во тебе се пројавуваат првичните податоци/решимот, а ти од нив сам го градиш својот полн со давање однос кон опкружувањето – групата и Создателот. Правилниот однос создава во тебе виш свет. Затоа, нас не треба да не' чуди, дека кабалистот во духовниот свет може да има сомнежи, теории, претпоставки, како кај научникот во нашиот свет.

Бидејки токму благодарение на нејаснотиите и нивните разгледување, ние се развиваме. Јас секогаш се сомневам, и веќе знам од искуството, дека денес го разбирам подобро тоа, што било вчера, во што вчера можев да грешам. И воопшто, секое скалило се постигнува само од скалилото над него, затоа што се раѓа и е управувано од вишото скалило. Секој ден Создателот станува се појасен, како што е речено од еден голем кабалист: "Секој ден јас имам нов Создател!"

Од утринската лекција / 04.11.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica