26.09.2010
600 илјади души – тоа се делови на една заедничка душа, создадена од Создателот. Тоа единствено создадено суштество се поделило на делови, кои ние сега ги нарекуваме "600 илјади" души – не станува збор за количеството, туку за квалитетот на врската помеѓу нив. Кога Создателот ја создава желбата за насладување, во неа се' е обединето – еден Создател, еден сад, една светлина – сето, како една целина. Но во оваа состојба, ниту желбата, ниту светлината не ги чувствуваат ниту одделеноста, ниту поврзаноста, постои суштеството или не постои – тоа е целосно отсутство на чувство. Бидејки секое чувствување во суштеството може да постои само врз основа на споредувањето, кое го вклучува него и што тоа чувствува. А за тоа е потребно да се почувствува разликата помеѓу светлината и садот – нивната целосна спротивност и поврзаност. Но, при соединувањето на садот и светлината, нивната разлика не се брише, врз омразата се додава љубов. Тие две особини треба да се откријат, а дистанцата помеѓу омразата и љубовта, мракот и светлината ( омразата се открива како мрак, а љубовта – како светлина), му дава на суштеството чувство за својата реалност, разбирање, каде тоа се наоѓа и со кого е поврзано. Затоа, само светот на Бесконечноста е недоволен за да се оформи суштество и да се направи самостојно постоечко.
Само откога суштеството ќе го помине целиот процес на развитокот, почнувајки од 1-та состојба, спуштајки се до 2-та и завршувајки со 3-та, тогаш тоа ја разбира својата прва состојба, станува независен, сличен на Создателот, и затоа се нарекува Адам. Во почетокот, во состојбата 1 – тоа беше само капка семе. Потоа суштеството го открива разбивањето и неговото исправување. А достигнувајки го исправувањето – го достигнува совршенството. Тоа веќе не се смета за капка семе, туку добива моќ на 600 илјади души, и претставува една, голема, самостојна душа. Шестотини илјади – тоа се шест сфироти на Зеир Анпин, помножени со 10 сфироти во секоја, и помножени уште со "10.000", со силата на подемот на З'А кон Арих Анпин, кој управува со сите исправувања. Вкупно, се добива 60х10.000=600.000. Затоа заедничката душа, заедничката конечно исправена состојба, се нарекува "600 илјади души".
Тој, кој се исправува себеси – го исправува светот
Од статијата на Баал Ха Сулам "Шестотини илади души" :Секоја душа, исправувајки се, ја привлекува целата светлина на заедничката душа, и со тоа предизвикува исправување на душите на целото поколение. И така зависат сите души една од друга.
Тоа се случува како последица на целата взаемна поврзаност на сите души. Затоа ниту една душа не може да се крене, без да ги повлече по себе сите души. Нејзиниот подем зависи од нив. Тоа е интегрален систем, каде што се е взаемно поврзано. Секоја душа, исправувајки се, ја исправува својата врска со другите души, и затоа исто така и нив ги приближува кон исправувањето. Да се исправиш себеси – тоа значи, да ја исправиш својата врска со останатите. Од тоа нивната состојба останува иста, јас само ги подготвувам кон исправувањата, кои тие потоа ќе ги направат. Бидејки јас стојам пред нив, како поколение кое им претходи. Јас воспоставувам врска со нив, без нивно знаење и разбирање на тоа, што јас го правам. Јас го користам целокупниот систем на душите, за да ги исправам во него врските, колку што е тоа можно. Но душите, кои сеуште не се подготвени за тоа, не можат да ги разберат и почувстуваат моите дејства. Тие самите сеуште не стигнале до таквите исправувања, но јас ги користам нив во исправувањето, и тоа се нарекува подготовка на синовите од страна на татковците.
Исто, како што во нашиот свет ние го усовршуваме светот за идното поколение. А нашите деца доаѓаат и се служат со сето однапред подготвено. Ние ја исправуваме врската помеѓу нас, го исправуваме нашиот слој до бришењето на разликите помеѓу душите, и од наша страна цело човештво е исправено. Но тие самите тоа не го чувствуваат. Кога, пак, ќе дојде нивното време да се исправуваат, тие ќе добијат се готово за тоа. Зошто се тоа им следува? Јас исто така некогаш добив помош од претходните поколенија, од претходните души. Секое следно поколение се раѓа со уште поголем егоизам, и затоа без таква подготовка не може да ја изврши својата работа. Сите ја вршат релативно истата работа: кој треба да исправи поголем егоизам, добива поголема помош.
Каде се наоѓа мојата душа?
Во материјалниот свет секој има тело со неговите наполнувања. Ние сме одделени еден од друг со биолошките тела, и психолошки секој се чувствува себеси како индивидуална личност. Во духовниот свет се постојано се менува, од состојба во состојба, светлината и садот цело време се различни. Ние навлегуваме во некоја состојба – и се нарекуваме со нејзиното име, како актер, кој се пресоблекол во некоја улога, или небаре во фантастичен филм, каде што јас се претворам редоследно во различни ликови. Не постои поим "лична постојана душа", која независно постои, се искачува по скалилата, секојпат зачувувајки си ја својата индивидуалност. Нам ни е тешко да се сфати, како моето "Jас" пропаѓа. Например, како што е речено во статијата "Шестотини илјади души", дека секој, кој ја исправува душата, ќе ја открие Малхут на светот и ќе се нарече цар Давид...