Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ќорсокак или излез во нова реалност?

16.07.2010

Прашање: Научниците на квантната физика се повеќе се заплеткуваат во своите истражувања, иако вложуваат во нив се повеќе сили и парични средства...

Целиот проблем на нашите науки е во тоа дека ние не можеме да ги поврземе сите појави со еден извор. Зошто нашите научни истражувања завлегоа во ќорсокак , од кој ќе треба да се направи веќе нов, квалитетен скок? Затоа што таму ние се движиме во насока на разделување, рассејување, расцепување. Ние истражуваме, тргнувајки од нашата природа, а нашата природа станала уште поегоистична и раситнета. И затоа ние не работиме во насока на синтеза на појавите, не го бараме заедничкото, кое сето го поврзува во едно. Во тоа може да помогне само науката кабала.

Јас се надевам, после целата забуна, ние ќе видиме само две сили, кои делуваат во целата вселена. И тогаш сите поединечни науки ќе се соединат заедно – билогијата, зоологијата, психологијата,медицината, квантната физика и другите. Бидејки, ако со помош на науката кабала научниците ја откријат заедничката основа, од која произлегуваат сите закони на однесување карактеристични за неживото, растителното, животинското и човечкото ниво – тие ќе видат дека сето надворешно однесување произлегува од истите тие две сили, постоечки во природата, - силите на примање и давање.

Не постои ништо освен овие две сили, и само комбинациите меѓу нив во семожните состојби, различниот интензитет на внесувањето( инкорпорирањето) една во друга создаваат разлики меѓу сите нивоа и сите творби. Ако научниците го разберат тоа и почнат да ги истражуваат сите појави од гледна точка на двете сили, - науката ќе излезе од ќорсокак. Тогаш тие ќе можат да прават паралели помеѓу случувањата на неживото, растителното, животинското и човечкото ниво. Бидејки тоа се едни те исти облици на комбинациите на силите на Создателот и творбата.


Првиот чекор кон Бесконечноста

Прашање: Какви карактеристики ни укажуваат дека ние се наоѓаме на првото духовно скалило?
На првото духовно скалило ние веќе ја чувствуваме неопходната потреба да се соединиме заедно, бидејки на тој што се искачува на него му се открива заедничкиот систем на поврзаноста на сите души – мрежа на силите на взаемно давање и љубов, која сите нас не' поврзува, и во која се наоѓаат нашите души. И таа мрежа е исполнета со виша заедничка сила – Создателот. Колку повеќе сме подготвени да станеме слични на светлината, толку посилно нашите души се соединуваат заедно, под нејзиното влијание, чувствувајки како таа низ нас поминува. Душите се повеќе се поистоветуваат по особините со светлината, не создавајки никаква препрека ( отпор) на нејзиниот пат, и таа слободно поминува преку нив, преместувајки се од една душа кај друга. Светлината станува една заедничка целина, како во свето на Бесконечноста. Таа дури нема потреба да прави било какви движења, дејства, за да се премести од место на место – таа едноставно ја исполнува целата мрежа апсолутно рамномерно. Истата мрежа постои и на првото и на последното духовно скалило.

Но со зголемувањето на висината на скалилата, таа се открива се повеќе хармонична, повеќе исполнета со светлина – бидејки се помалку остануваат разлики помеѓу душите и светлината, во која тие престојуваат. Тоа значи дека душите се повеќе го откриваат Создателот, кој го исполнува просторот помеѓу нив. Ние го откриваме тоа дури на првото духовно скалило – исто како човек раѓајки се во нашиот свет со овоземни сетилни органи веќе во некоја мера го чувствува овој свет, имајки вид, слух, осет за вкус, мирис и осет на допир. Тој уште не знае како да ги искористи своите сетила, но во нешто се ориентира. Така и на првото духовно скалило. Се разбира, искачувајки се на првото духовно скалило ние постоиме и во овој свет, во своето физичко тело, и истовремено внатре во својата душа – во духовниот свет. Духовниот свет – е вечен, и престојувајки во него јас веќе не чувствувам обврзувачка потреба од телото. Јас можам да постојам и без тело – само во чувствувањето на вишиот свет.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica