Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

“Возрасните“ и “Децата“

12.12.2010
"Народите на светот" се нарекуваат желбите во човекот, кои не можат самостојно да го достигнат поправувањето. Неопходни им се желбите "Израел" – тука се мисли на типот на душата, а не на националноста – т.е. зависно од тоа дали ја добил човекот таквата желба или не. Само преку "Израел" Светлината може да помине до "народите на светот"- желбите, кои не можат да се поправат самостојно. Од ова треба да се сфати, дека ако ти е дадена желбата за духовно – ти мораш правилно да ја реализираш! И самиот ти нема да го достигнеш поправувањето, ако не ја пренесеш добиената желба за поправката на светот.

Зад секој човек "Израел", кој добил желба за Создателот, стојат тие, кои ја немаат таа желба, и тој мора да ги обезбеди со Светлина! Тие самите не можат да бараат поправка и да реагираат – тој мора да им помогне, да ги наполни! Тука нема што да се прашува – така е направен светот. И во секој од нас постојат тие делови: Исраел и народите на светот – во секоја желба и мисла. Цело време треба да дознаваме, со што ние сега работиме и на кој дел му се обраќаме. Треба секогаш да се обраќаме кон највнатрешниот дел: и во другите луѓе, и во себеси.

Самиот "Израел" е исто така поделен на "Израел" во Израел и на "народите на светот". А во "народите на светот" има дел "Израел", кој е подготвен нешто да слуша, и дел "народите на светот". Ниските желби се наречени "грешници", во кои исто така има внатрешен дел, кој можеби размислува за некаква поправка.

По разбивањето на душата, секој човек е составен од сите овие особини – во секого постои сé: и Израел, и народите на светот, и грешници! Но ние треба да дефинираме, со кој дел можеме да работиме. Ако во човекот постои "точка во срцето" која го влече нагоре, тогаш благодарение на неа тој се нарекува "Израел". А ако таа не зборува во него, т.е. е закопана длабоко внатре, тој им припаѓа на "народите на светот." Но, без оглед на тоа, ти мораш да го доведеш до поправка.

Токму тоа се нарекува "да се биде Светлина за народите на светот" – да ги обезбедиш сите со духовно наполнување. Разликата е само во тоа што овие желби не можат сами да се поврзат со Создателот и да ја кренат МАН". Израел треба да оди кај нив, да ги земе нивните желби, да ги припои кон себе, "да ги преведе" на јазикот на духовната желба, за да ја привлече Светлината од горе кон нив – и да им обезбеди наполнување во соодветен облик за нив.

Исто како што човекот се грижи за другите делови од природата: неживиот, растителниот и животинскиот дел, правејќи го тоа што тие самите не можат да го сторат. Но ние притоа обично ги користиме за своја корист – а тука станува збор за давањето, сосема спротивното дејство. Односно ова е спротивно, како помагање на децата да им се обезбеди се што им треба!


Како практично да се наполнат желбите на другите?

Прашање: Како практично човекот кој има желба "Израел", ги наполнува другите?

Сé се одвива внатре во желбата. Зависно од степенот на поправката на човекот, тој почнува да ги чувствува желбите на другите луѓе, да ја припојува кон себе целата желба на заедничката душа – и тогаш тој ја наполнува. Се разбира, дека тој не оди меѓу луѓето и не прашува кого со што да го наполни. Исто, како да се влезе во групата значи да се почувствува желбата на групата, во поврзаноста меѓу нас, која постои таму внатре, дури иако ние не ја чувствуваме.

Но јас треба да сакам да учествувам во тоа соединување свесно, со полно чувство, отворено! Гледам, дека сме поделени, но кабалистите пишуваат, дека постои врска меѓу нас - и јас сакам јасно да ја откријам, да се вклучам во неа со целиот ум и срце! И кога се вклучувам во групата, почнувам да работам и ми се открива овој слој; јас одеднаш сфаќам дека така функционира целиот свет! Одеднаш гледам, дека сите луѓе се работници на Создателот, и јас се наоѓам во Шхина. Но единственото што треба да го сторам – е да им помогнам на нив истото да го осознаат. Бидејќи Создателот сака тоа да им се открие на сите!

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica