Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

“Запишете ја целата Тора во срцето“

“Запишете ја целата Тора во срцето“  18.04.2010

Откривањето е секогаш лично, не треба да го добиеме од некој друг - можеме само да научиме да го читаме. Но, читањето во секој случај треба да нé научи. Нели читањето и писменоста му припаѓаат на човечкото ниво, а ние почнувајќи да читаме се наоѓаме на ниво на животно. Потребен ни е некој кој се наоѓа на ниво "Човек" .Кој да ни помогне да се подигнеме на ниво на човек, да не научи да читаме и пишуваме. Книгата - тоа е целото создание, почетната замисла дури до последното дејствие. Но за да го открие, човек мора да помине низ расказот и да го впише во срцето:"Запиши ја целата Тора во срцето" - подготви ги своите духовни садови.

Читајќи ја Тора тој се учи од вишиот, а запишувајќи ја станува сличен на Него и почнува да Го разбира. Така тој се искачува до степенот на замисла на созданието - на крајот од книгата.

Книгата - ова е замисла на созданието, достигнато на крајот. Расказот - читаме и препишуваме на самите себеси, менувајќи ги своите желби и градејќи од нив букви. Така ние самите стануваме автори, откривајќи го нејзиниот Автор. Правиме копија на книгата - во тоа е целата наша работа.

Авторот не ја измислува книгата од својата глава - пред него веќе е подготвена книгата од небото, а тој ја препишува.Тој не работи со својот ум, тој дури не умее да чита и пишува и треба најпрво да се научи. Ако почнеме да читаме и пишуваме и успееме да ја препишеме на себеси, кога целото создание се движи кон Создателот, тогаш ќе ја добиеме титулата автор.

Создателот не е автор, па Тој ништо не напишал! Во Него сé се реализира во една мисла.

Но ние ја откриваме Неговата замисла во своите исправени желби, и затоа Неговата мисла за нас се дели на книга, автор и расказ. Ако научам да читам, тогаш Неговата мисла почнува да ми раскажува во мојот материјал, и јас ќе го прочитам на степенот на тоа како да се споредувам со него и си го препишувам на себеси.

Замислата на созданието - тоа е десната линија, мојот материјал е левата, а јас во средната линија ја препишувам оваа замисла во својата лева линија. Книга, автор и расказ - тоа е Создателот, созданието и врската помеѓу нив која се нарекува Тора.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica